Anushka -> RE: Најинтересниот момент од вашата свадба (21.9.2010 2:02:39)
|
не ми се верува дека никој не напишал ништо на ваква убава тема! Еве, јас ќе „скршам мраз“, па ќе си легнам...: - кога прв пат се мажев, најинтересно што ми паѓа на памет (сепак, тоа беше одамна) - беше кога гостите почнаа да ја јадат тортата која свекрвата ја беше направила. Прекрасна Васина торта на три ката! Јадат тие така, уживаат, кога одеднаш - сите почнаа да потплукнуваат во вилушките! За кратко дознавме дека свекрвата сирота, во брзање, заборавила да ја одлепи хартијата за готвење од тестото... - кога втор пат се мажев, најинтересно беше ... се` беше интересно - Свети Валентин, нашите четири деца со нас, петто заедничко на пат... ама, тортата без хартија, купечка...
|
|
|
|