Џесика -> RE: Ноќно пиење(сок,млеко) (14.5.2010 14:13:34)
|
Борјан воопшто не сака ни да помириса млеко, како што прекинавме со доење, млеко не пиел, неколку пати му давав пред спиење и ми повраќаше се што јадел... преку ноќ само со сок се дуе, многу ме нервира иако му го растварам, не сакам да пие сок, најмалку 1 шише во текот на ноќта пие, едно време му давав чајчиња, ама сепак морав да ставам и цеден портокал и лимон за да ги осеќа како сок... еве има 16 месеци една ноќ не поминува без вриштење, и само со тоа се смирува... а секогаш пред спиење вечера попара јогурт со лепче, во тоа се дави, го обожава јогуртот... неколку пати пробав и јогурт во шише да му давам, го фрла...што мислите дали да преминам само на вода? И дали тоа ќе го држи сит?
|
|
|
|