Anonimen -> RE: ПОТРАГА - биолошки родители (30.10.2012 23:58:48)
|
Мајка ми имала 17 години кога била во врска со мојот т.н. татко, и забременила.Но, неговите родители поради X причини не дозволиле тие да стапат во брак,убедувајќи го син им дека детето не е негово.[sm=smiley13.gif]Замислете кога сум се родила се влечкале по судови и морало да се направи тест за да се утвди татковството.Тестот излегол позитивен и се потврдило дека јас сум негова ќерка.Кретенов одбил да плаќа алиментација и мајка ми се откажала,одлучила сама да се снаога и да се грижи за мене и кога сум имала 2 години се запознале со очувот и стапиле во брак.За човекот немам лош збор од материјална гледна точка,ми овозможи се,само кога станува збор за емоционалното...не е човек кој искажува чувства,знам дека ме сака,но...таков си е човекот,ладен тип. Мојот биолошки татко живее на 15 км од мене и никогаш не прашал за мене цели 30 години.Кога бев мала ми фалеше ненормално многу,но сега веќе не.Пред две години мм лично ми го покажа кој човек е,кога ,верувале или не,се шетавме така и му реков дека имам некое чудно претчувство,како да ме стега нешто во градите... и ми вели заврти се и погледни го тој човек...тоа е тој човек.Не ми се веруваше...толку личам на него...[sm=smiley13.gif]Цел месец потоа ми излегуваше таа слика пред очи...[sm=smiley13.gif] Незнам како може некој да си го остави детето и никогаш да не посака да го види или барем да праша за него?Пред некој месец дознав дека сакал да зборува со мене,но незнаел дали ќе прифатам.Секако, одговорот е НЕ.Каде беше кога најмногу ми требаше???За мене тој не е човек,тој е монструм.Сега и самата сум родител имам две прекрасни сонценца,без кои мојот живот не би имал смисла.......но.... секогаш ќе фали еден дел од мене.[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
|
|
|
|