Felly RR -> RE: Логопед (10.7.2012 17:45:58)
|
Пелтечење Најсложениот и најтежок музички инструмент што може да се замисли веројатно е човечкиот орган за говор. За да се формираат звуците и гласовите, мора да се употреби целиот апарат: стомакот, дијафрагмата, градниот кош, гркланот, гласните мускули, устата, јазикот, непцето, усните, забите, носот и носните синуси. За создавање на гласови најважни се мускулите на устата, непцето, усните и јазикот. Ние толку добро свириме на тој инструмент само затоа што сме научиле како се прави тоа кога сме биле најприлагодливи, во раното детство и затоа што оттогаш постојано вежбаме. Ако на тој инструмент не можеме да свириме совршено складно, тогаш е очигледно дека нешто не е во ред со нашиот говор. Тој е неправилен и ние пелтечиме. Пелтечењето или дткањето настанува поради грч на еден или повеќе органи, кои учествуваат во создавањето на говорот. Изговарањето на зборовите одеднаш се прекинува, настанува пауза, по која често доаѓа до брзо повторување на звукот, на кој што сме запреле пред тоа. Може да има повеќе видови пелтечења, почнувајќи од незначајна неспособност за изговарање на некој гласови или слогови, па до состојбата кога сите мускули на јазикот, грлото и лицето се зафатени од грч. Пелтечењето ретко се појавува пред четвртата или петата година од животот детето може да почне да пелтечи затоа што навистина нешто не е во ред со некој од органите, но многу често пелтечењето може да има и душевна причина. Често може да се исправи ако личноста што пелтечи се научи полека и внимателно да чита и зборува, внимателно изговарајќи го секој слог. Токму логопедите се стручните луѓе кои помагаат во исправување на ваквата состојба. превентус.мк
|
|
|
|