RE: Лапараскопија (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


bibi ribi -> RE: Лапараскопија (4.9.2015 11:39:32)

Квиско, и јас ке правам и лапаро и хистеро кај Трајанова во Октомври, вчера закажав.
Само заборавив да ја прашам дали е дозволено веднаш после да се продолжи со обиди, или треба да се направи пауза?




Kvisko -> RE: Лапараскопија (5.9.2015 18:15:48)

bibi ribi мене ми рече може и истиот месец ама не се надевај премногу зашто мене ми правеа интервенција на јајниците па обично им треба време од еден циклус за да проработат како што треба. Мене секако првиот месец едно 10-тина дена не ми беше пријатно да правам бебе заради подуеноста од гасот така што привот месец не ни гледавме ништо. Од наредниот повеќе пазевме ама не бркавме овулации зашто на двајцата ни се мсачи од тоа и си дадовме 6 месеци да бидеме опуштени па што биде нека биде.




orhidea242 -> RE: Лапараскопија (5.9.2015 20:21:54)

Kvisko pred kolku vreme pravese lapraskopja. Dalise ceka mnogu za da se zakaze neznam zasto sum volku isplasena [sm=smiley13.gif]




Kvisko -> RE: Лапараскопија (8.9.2015 13:36:54)

Јас правев лани во Април. Е сега ја не чекав многу зашто секако докторката ме следеше подолго време па зборувавме за алтернативи и бевме решени ако третата инсеминација не успее да одиме на лапароскопија. Така што после неуспешната инсеминација имав еден циклус следниот пиев контрацептиви и на тој циклус кога пиев контрацептиви ја правевме интервенцијата заради ovarian drilling. Ако се прави со други индикации мислам дека се завршува со контрацептивите и веднаш после тоа се прави интервенцијата.




sale86 -> RE: Лапараскопија (27.9.2015 21:00:16)

JAS PRAVEV HISTREOSKOPIJA I LAPAROSKOPIJA KAJ TRAJKOVSKI NA GAK I POMINAV SUPER.NE E STRASNO NISTO,JAS NEMAV NIKAKOV STRAV.SE POMINA VO NAJDOBAR RED I ME PUSTIJA NAREDNIOT DEN.IDAM DA ZEMAM REZULTATI VO VTORNIK A INTERVENCIJA PRAVEV NA 17.09
SEA NEZNAM SAMO STO ;PONATAMU MOZE NEKOJ DA MI KAZE ISKUSTVO POZDRAV




LoveableMe RR -> RE: Лапараскопија (28.9.2015 13:56:23)

sale86, мораш да земеш извештај од докторот и тој ќе ти каже што понатаму, па пиши ни[sm=smiley1.gif]




sale86 -> RE: Лапараскопија (13.10.2015 12:59:33)

здр конечно ги земав резултатите од лапараскопија и хистероскопија отстраниле некоја преграда која била пречка за спонтаните абортуси(два)и за каснењето на мензиот,а и повтрно ги прочистиле каналите.ми рече да пазиме до ноември а после ке правиме бебе.па се надевам се ке биде добро.поздрав




bibi ribi -> RE: Лапараскопија (14.10.2015 8:56:34)

Девојки здраво, ми треба ваша помош. Дали некој може да ми го каже телефонот на сестра Зоре од гинекологија?
Никако не можам да ја добијам, кога вртам кажува дека телефонскиот број не постои, изгледа грешно ми го има запишано...
Денес добив и требаше да и се јавам да ми каже се околу припремите пред лапараскопија, како треба да пијам терпија...




Kvisko -> RE: Лапараскопија (14.10.2015 12:19:01)

Биби Риби јас имам само број од одделние 3147 422. Мобилниот од Зоре сум го фрлила и имам евентуално број од Трајанова.




sale86 -> RE: Лапараскопија (14.10.2015 12:21:30)

bibi ribi zdr eve ti broj od kaj sestrite pobaraj ja sestra zore 02 3417422 a od sestrata borjot mi se izbrisal od povici a ne go imav memorirano vo imenik.ako nesto najdam ke ti pisam.pozdrav




bibi ribi -> RE: Лапараскопија (14.10.2015 15:31:10)

Ви благодарам многу девојки




Klara31 -> RE: Лапараскопија (2.11.2015 12:57:12)

Здраво, девојки.
Дали можеби знаете до кој ден од циклус се прави лапароскопија и зошто баш има ограничување до кој ден да биде?




Dusanka -> RE: Лапараскопија (2.11.2015 22:17:11)

Klara mene koga mi se javi sestrata na tel. da me izvesti deka sledniot den e zakazana operacijata i kazav deka bas tie denovi treba da dobijam mi rece nema vrska toa i mene mi padna cudno, pa vtoriot den po operacijata dobiv uste vo bolnica koga bev.




bibi ribi -> RE: Лапараскопија (3.11.2015 8:23:35)

Во приватните ја прават веднаш по завршување на менструација и не се пие никаква терапија пред операцијата.
Во државна даваат да се пие Микрогинон од прв или втор ден од циклус, и во било кој ден од тие 21 ден додека се пијат апчињата може да се направи.




Klara31 -> RE: Лапараскопија (4.11.2015 12:20:10)

Фала дечки на одговорите и на времето одвоено да ми пишете.
Еве и јас барав, ама нема доволно информации на интернет за тоа ДО кој ден на циклус и зашто баш до тој (10ти или 11ти се спомнува) ама нема везе, ќе го прашам докторот следна прилика:) Мене ми закажаа на 11ти.
Инаку јас одлучив дека на приватно ќе правам, и тоа сега мноооогу наскоро, за некој ден. Потоа ќе ви пишам искуства.
Бидете храбри и добри сите!




LoveableMe RR -> RE: Лапараскопија (4.11.2015 12:43:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Klara31

Фала дечки на одговорите и на времето одвоено да ми пишете.
Еве и јас барав, ама нема доволно информации на интернет за тоа ДО кој ден на циклус и зашто баш до тој (10ти или 11ти се спомнува) ама нема везе, ќе го прашам докторот следна прилика:) Мене ми закажаа на 11ти.
Инаку јас одлучив дека на приватно ќе правам, и тоа сега мноооогу наскоро, за некој ден. Потоа ќе ви пишам искуства.
Бидете храбри и добри сите!


Klara31, среќно, јас кога сум разговарала со доктори зошто после циклус најдобро се прави интервеција, ми кажале дека тогаш најубаво можат да се видат промените во матката/јајцеводите. Пиши каде ќе правиш и како ќе поминеш.




sale86 -> RE: Лапараскопија (4.11.2015 20:57:18)

здраво девојки ве молам за совет.правев хистероскопија и лапароскоија на 17.09.2015 последен пат имав добиено пред интервенцијата на 07.09 отогаш немам добиено (само што крверев по инетрвенцијата).искуство или совет.поздрав




Klara31 -> RE: Лапараскопија (7.11.2015 20:08:07)

Може некој да ми каже како точно сме позиционирани за време на лапаро и хистероскопија (легнати, навалени? каков е креветот)?
Дали се ставаат маски за кислород за оваа процедура?
Што опфаќа припремата, што се случува 10 мин пред зафатот?:)
Што било да ми каже кој може ќе ми биде супер информација.
Фала




Kvisko -> RE: Лапараскопија (8.11.2015 10:46:28)

Klara31 ај јас ќе ти пишам од она што се сеќавам од мое искуство. Имам искуство и од Ремедика и од ГАК и во принцип нема некоја голема разлика во подготовката. Прво ти стваат канила обично во дланката и некаде пола саат веројатно пред интервенцијата добиваш едно апченце од кое си како замаена и те носат во сала со кревет или количка. Таму легнуваш на кревет кој го има оној гинеколошки дел за нозете да ти се раширени (ова барем кај мене беше рака зашто имав и хистероскопија). Влегува докторот те храбри малку и ти ставаат маска за кислород и те успиваат. Потоа веројатно те будат во сала мене тој дел ми е како магла и се сеќавам на будење на интензивна нега. Поспиваш и таму малку па те префрлаат во соба. Утредента одиш дома.
Со лесно.




Klara31 -> RE: Лапараскопија (8.11.2015 10:57:34)

Фала мнооогу Квиско што пиша. Ми се разјаснија некои работи.
Добро е штом даваат нешто за смирување пред да влезеш во сала:) И добро е што после тоа уште малку си доспиваш па дури и ќе одморам таму ко шо сум ненаспана периодов:))) Се шалам, али мора позитивно;)




scared RR -> RE: Лапараскопија (8.11.2015 12:51:20)

ако правиш во систина таму даваат диазепам од 5мг кој лично мене не ме смири, па пешки по скали отидов до сала си легнав таму на стол како што го опиша квиско, следно се разбудив на интензивна. Истиот ден ме пуштија бидејки правев само хистероскопија.




Klara31 -> RE: Лапараскопија (8.11.2015 12:56:28)

Фала scared RR.
И хистероскопија и лапароскопија ќе правам.




Kvisko -> RE: Лапараскопија (8.11.2015 14:52:49)

Јас не знам што ми дадоа мене искрено не ни прашав само знам дека во Ремедика ми рекоа ај да не се мачиш а на ГАК секако се чека во дел кој е и како интензивна нега за после и е веднаш до салата па го гураат цел кревет кој те чека пак да те вратат назад.
Како и да е ништо не е страшно.




MademoiselleNina -> RE: Лапараскопија (8.11.2015 14:56:29)

Јас правев во ремедика лапаро и хистероскопија, и во сала ме однесоа со количка, па таму ме соблекоа, па игла во рака, кога ме заспиваа креветот беше прав, но рекоа дека отпосле ќе ме наместат. Во истата сала се разбудив, па ме преместија на интензивна.
Сега ќевправам само хистеро во систина, па ќе видам. И да немаш лак на нокти :) и вез влакна таму доле, инаку тие ќе те средат :) . Не е страшно, моето траеше 2 сати. Се зависи од ситуацијата, но со лесно и опуштено. А поради што ќе правиш?




Klara31 -> RE: Лапараскопија (8.11.2015 15:07:02)

Лак на нокти да немаш?!?!!??!?!Сериозно и зашто? ...или шала?:)
Инаку правам Drilling и проверка на се' останато.





Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>