RE: Лапараскопија (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Felly RR -> RE: Лапараскопија (17.7.2014 11:51:43)

Душанка, бидејќи на форумот не е дозволено поставување на линкови кон други сајтови, малку го преуредив постот.




suzeto -> RE: Лапараскопија (21.10.2014 19:46:20)

od koga go imaat ovoj aparat 3d




Azzura -> RE: Лапараскопија (3.11.2014 22:41:58)

Здраво РР-ки...пред 3 недели правев лапароскопија и хистероскопија на Клиника. Ме оперираше д-р Тофоски и колку и да се плашев од се, на крај операцијата испадна добро. Брзо м заздравија раните, прилично бргу се опоравив, и плус добив циклус (стимулиран со циклопрогинова + естрофем 7 дена), но ОК. Работата е во тоа што се уште чувствувам болка во стомакот, повеќе од левата страна...не ме боли класично стомак, туку како да ме боли внатре ткивото, најмногу би споредила со болка по правење стомачни вежби. Сабајле бев кај мојот матичен д-р Стамболиев, кој ми кажа дека стомакот може да ме боли цели 6 месеци?! Има ли некоја од вас слично искуство ? Како се одвивал кај вас процесот на заздравување ? фала многу




lukas -> RE: Лапараскопија (3.11.2014 22:48:50)

pred da se pravi laparaskopija se due stomakot so nekoj gas..za da mozat da rabotat...e sega stomakot normalno e da te boli,isto i mene me bolese ama nekako kako tapa bolka,ke te boli se dodeka ne doizleze toj gas...ama da prognoziram 6 meseci..ne vervam da te boli tolku vreme..mene mislam za mesec posle laparaskopija mi pomina..pocekaj ti si plus pravena histeroskopija pa treba vreme do celosno zazdravuvanje..pozz i se najdobro..




Azzura -> RE: Лапараскопија (4.11.2014 10:08:11)

Lukas, фала што ми одговори. Знам за гасот, читав претходно, ставаат црево преку кое се пушта CO2 во стомачната шуплина за да се одвојат органите за докторот да може полесно да работи. Но, работата е во тоа што, јас немав ама баш никакви болки од тој гас, а тоа значи дека докторот го испуштил од организмот многу внимателно....пред да си одам од болница и самиот доктор ме предупреди дека под реброто може да ме боли, и стварно ме болеше кога се вратив дома, ама многу кратко (како напад) и се смири и после супер си беше освен оваа болка во стомак како на воспалени мускули...и тоа ме секира и плаши...како и да е, ќе одам кај него во понеделник да видиме дали овулирам, па ќе му кажам...фала уште еднаш, ако има некој да сподели искуство слободно нека каже. Поздрав




Kvisko -> RE: Лапараскопија (5.11.2014 13:33:26)

Azzura јас правев лапароскопијаи хистероскопија во Април. И јас чувстував некое затегање од левата страна наредниот месец па и малку во текот на летото ама никогаш не му придадов некое големо значење. Мене повеќе вреем на промена на време знаеше и да ме подзаболи резот на папокот, а и сега сеуште ме чеша на промена на време.
Сега видов дека всушност инструментите се внесенни на папокот, од левата страна и на средина. Веројатно од тоа имаш затегање сеуште заздравува ткивото.
Не е ништо страшно се додека циклусто ти е во ред и немаш некои јаки болки. Јас не ни помислив на тие болку како на нешто необично.




Azzura -> RE: Лапараскопија (6.11.2014 16:13:34)

Фала Kvisko, и баш ме боли на левата страна повеќе. Вчера бев на општ лекар, (за други ствари) и баш ја прашав д-ката, и ми одговори дека тоа се болки кои не се јаки, но можно е да траат дури цела година...секако повремено и на промена на време...едноставно е така-ткивото зараснува и тоа е тоа. Јас му обрнав внимание на тој дел, зашто постојано ме тишти, и малку ме успорува во секоjдневието: не можам долго да шетам и тоа ме нервира, ако сум долго на нозе, целиот организам ме тера да седнам...Но, се надевам ќе биде се во ред, едноставно мора да е така [sm=smiley1.gif] поздрав до сите вас :)




Dusanka -> RE: Лапараскопија (13.12.2014 22:46:48)

Zdravo Ringerajki, imam pisuvano na temava vo juni mi e pravena laparaskopija zaradi cokoladni cisti na dvata jajnika, poslem operacijata ne bev na nikakva terapija deka se obiduvame da ostanam bremena. Sega bev na eho i dr. mi zabeleza povtorno cokoladna cista. Dali nekoj bil vo vakva situacija?
Isto taka mi zabeleza eden neprsnat folikul i treba da odam pak naredna nedela da vidi dali mi prsnal. E sega nesto ne go razbrav bas dobro doktorot, epten me iznenadi so cistata, se mi se ispomesa. Mi rece deka gleda nekakvo zadebeluvanje i zatoa saka da prati dali ke prsne folikulot. Ne mi e jasno na sto e toa zadebeluvanje? Dokolku ne prsnal ke mi dal lekarstva, no i ako od niv nema efekt, mi vika da pravam in vitro, da ne cekam deka cistata se poveke i poveke ke raste.
Ne bev sigurna vo koja tema da go smestam vtoriot del, no se nadevam deka nekoj ke mi odgovori.




Kvisko -> RE: Лапараскопија (14.12.2014 18:06:28)

Dusanka јас колку што знам чоколадните цисти се предизвикани од ендометриоза, а ендометриозата секогаш се враќа. Не може да се отстрани до крај бидејќи и многу мало микроскопско делче да остане ќе почне пак да расте. Најдобар лек и е бременост и породување колку јас што знам.

Другата циста од непрснта фоликул може да е од многу цврста обвивка на јајниците која не дозволува пукање на фоликулот.
Сепак ова е мое лаичко мислење. Лекарот најдобро си знае што да ти предложи како опција за понатаму.




Steja -> RE: Лапараскопија (4.1.2015 19:32:06)

Здраво ...Јас сум нова на форумов, па сакав и јас да го споделам моето искуство. Имав циста околу 4см на десниот јајник, левиот ми беше полицистичен и нередовни месечни циклуси.Лани Октомври 2013 , отидов на клиника да ми ја извадат цистата Лапароскопски кај д-р Тофоски. Операцијата беше во ред, брзо закрепнав, за 1 недела се вратив на работа. По неколку месеци бев на контрола и мојот матичен ми рече дека не ми е извадена цистата, сеуште е тука.Кога се вратив кај Др Тофоски и тој кога го виде отпусното писмо ми рече дека не вадел циста,со образложение дека не наишол на класична циста,и не ми даде конкретен одговор зошто тоа се случило, а јас токму за таа циста отидов на лапароскопија. Направил само дрилинг на јајниците бидејки ми се полицистични и толку.Бев многу вознемирена и разочарана бидејќи мислев дека сум се ослободила од цистата.Имавме со сопругот неколку месечни обиди за забременување но неуспешни. Неколку месеци после дрилингот добивав редовно и потоа пак по старо. Циклуот го немаше. Отидов кај 3 ца различни доктори и ми го потврдија истото..Цистата е тука , дури и почнала да расте и мора да се вади. На клиника е лудница, се чека многу и ги бркаш докторите и само нешто одложуваат, а ако немаш редовен циклус треба со хормонски апчиња да те спремаат и точно да дојдеш после неколку дена откако ке ти заврши циклусот.Ако не ги најдеш , треба да чекаш уште еден цикчус т. е пак терапија за да добиеш . Комплицирано. Неможев повеќе да чекам и се одлучив да отидам во Ремедика кај др. Димитров. Ми закажа веднаш хистеро и лапароскопија. Операцијата помина ок, и др ми рече дека имало класична циста која е отстранета и интервенција на матката која што била во форма на Т .Сега се опоравувам, поминаа 7 дена од операцијата и се чувствувам како да не сум правела операција [sm=smiley1.gif] Не ми е јасно како др Тофоски неможел да ја види цистата, или и да не ја видел барем дијагнозата до него да била на операција па да се потруди да ја побара. Во рок од една година дупли стресови и дупла работа, поради тоа што НЕКОЈ не ја видел цистата ...Сега пијам некоја терапија со Циколпрогинова и Естрофен па се надевам дека се ке биде ок и нема да ми се вратат цистите Сакав да прашам дали некој знае што исхрана треба да се внесува и што да избегавам да не ми се појават повторно цистиве.Чаеви?? Пиев и ФЕМИСАН А , . ДАли има некој искуство со тие капки? Поздрав.




LoveableMe RR -> RE: Лапараскопија (5.1.2015 14:06:14)

Steja, добредојде мило ни е што сподели со нас едно твое искуство, многу ќе им значи на рингерајкиве за во иднина. Некогаш докторите права грешки или сметаат дека не треба да се острануваат некои работи, не знам...во секој случај си отишла на право место за хистеро-лапаро, Димитров е експерт за тоа и се надевам дека наскоро ќе ти се средат некои работи [sm=bravo.gif][sm=nosecka.gif]

За полицистични јајници имаме ТЕМА, тука има искуства на другите рингерајки, сметам дека треба дефинитивно да промениш исхрана без шеќери и многу тестенини, повеќе овошје зеленчук, да имаш просечна телесна тежина и може да бидеш физички поактивна, позз




Steja -> RE: Лапараскопија (5.1.2015 18:03:33)

Тежината ми е нормална, Тренирав и Пилатес , Јога, активна сум , ама прекинав поради цистата . Сега само здравје па ке продолжам со исто темпо. Колку што можам јадам здрава храна, овошје , природни сокови, зеленчук...Исклучив шекер, исклучиво мед како засладувач, па ке видиме [sm=smiley1.gif]Сепак , благодарам за советот. На нет пребарував некоја излечила полицистични јајници и цисти со Веганска Исхрана....[sm=smiley13.gif]Значи исхраната и начинот и темпото на живот се најбитни да не се повторуваат по се изгледа, Поздрав од мене.




SOLE -> RE: Лапараскопија (26.2.2015 17:55:09)

zdravo ringerajki, minatata nedela bev kaj dr Tofovski onaka na konsultacii za da mi preporaca koi ispituvanja da gi napravime posle 3te neuspesni invitpa I gi nosev sligite od HSG gi gleda toj I mi vika na ednata tuba na edno mesto imas nekoe prosiruvanje I demek bi mozelo tamu da se sobira tecnost kojasto bi mozelo negativno da vlijae pri zabremenuvanje pa duri I pri ivf? I mi vika konsulriraj se so doktorot kaj sto si pravela ivf da vidi I toj pa ako sakas da napravis laparoskopija, [sm=smiley13.gif] , kako grom od vedro nebo mi bese, mu vikam pa toj sto mi go pravese HSGto mi rece imas proodni kanali deka sve e super I toj mi vika e sto znae toj e rengenolog, I sega epren sum vo dvoumica, no ke pobaram mislenje I od Petanovski pa ke vidime sto ke napravam, toj pak mi predlozuvase Histeroskopija pred narednoto ivf [sm=zmeden.gif]




Melanija RR -> RE: Лапараскопија (26.2.2015 19:06:00)

Пак исто ,аман од лекари при најмал сомнеж се прави лапаро и хистеро, а при неуспешно ИФВ итоа како. Може да мисли на течноста.
Прочитај го овој ПОСТ ТУКА




LoveableMe RR -> RE: Лапараскопија (27.2.2015 21:18:11)

СОЛЕ, мене сите доктори детално ми го гледаа ХСГ-то и плус на 4д ехо сите ме гледаа и тоа по неколку пати, за да проверат треба или не треба хистеро-лапаро, како после толку ИВФ никој не ги виде снимкиве од ХСГ?????




SOLE -> RE: Лапараскопија (1.3.2015 9:59:29)

Gi gledaa ama nikoj nisto predfodno ne rekol vakvo nesto, demek super se, proodni kanali sve e super, sega ova Tofovski mi go rece I kako grom od vedro nebo mi bese, ama I toj nee siguren I mi vika konsultiraj se so doktorot sto ti pravel ivf za eventualna laparoskopija posto na ednata tuba sum imala na eden del prosiruvanje I vika mozno e tamu da se sobira tecnost I toa negativno da vlijae pri zabremenuvanje pa duri I pri ivf, pa neznam, ama moram da se konsultitam I so Petanovski pa ke vidam sto ke pravam




Hopeful RR -> RE: Лапараскопија (1.3.2015 10:11:46)

И мене ми е ова малку чудно, докториве кога не знаат што е, како е, најлесно им е да кажат - направи лапарохистеро... Обавезно консултирај се со Петановски, а побарај и друго мислење, зошто да не, па види дали е баш неопходно. А инаку не ги гледа рендгенолог ХСГ снимките, туку гинеколог, таман работа.




kapina -> RE: Лапараскопија (1.3.2015 10:47:22)

Jas mislam oti najdobro e da si naprave laparoihisteroskopija ke si znae tocno na sto e jas pak barav samata da mi se naprave nanovo no rekoa nema potreba zdravi ti se jajnicite i matkata trojca ginekolozi mi go rekoa toa




Hopeful RR -> RE: Лапараскопија (1.3.2015 11:12:52)

Генерално, и јас сум за хистероскопија и лапароскопија, секако не е на одмет и може само да помогнат, но ме фрустрира кога добивам впечаток дека докторите не се ангажираат многу многу и одма сите ги праќаат на лапаро-хистеро, без оглед дали има или нема индикации.

Кај мене имаше многу јасни индикации за хистеро, и затоа и направив, но лапаро воопшто не се спомна па поминав и без. Да требаше, секако ќе направев без размислување. Затоа викам, да се консултира и второ и трето мислење ако треба, па тек потоа да се одлучи што и како да се прави, сепак се операции, кои се скапи, ако ништо друго.




SOLE -> RE: Лапараскопија (1.3.2015 17:39:54)

Sekako deka ke se konsultiram, bev I kaj maticniot ginekolog I toj mi vika nee na odmet da se napravi laparo-histero, vika vo sekoj slucaj podobro e da ja napravis I da nema nestko kojznae sto,za niv se e ednostavno i lesno i mnogu e lesno na drug taka da kazes, no sepak e operacija, leleee neznam veke sto da mislam masmi vika od zdravi pravi epten bolni se napravivme samo po bolnici odime I pak vo mesto tapskame




alicka -> RE: Лапараскопија (6.3.2015 13:21:43)

Здраво девојки..следно на листата за борба за [sm=duda.gif] ми е лапароскопијата..десната туба не е проодна..ме интересира дали некој правел лапароскопија во плодност бидејќи таму се мислам да ја правам.. Ме загрижува анестезијата..дали имавте некои проблеми отпосле за будењето..позз :)




LoveableMe RR -> RE: Лапараскопија (20.3.2015 16:41:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: alicka

Здраво на сите..знам дека на моето прашање местото не му е тука но оваа тема е најактивна..на темата за лапароскопија поставив прашање но сеуште никој не ми одговори..значи во вторник имам закажано за лапароскопија во плодност..денеска ги правев анестезиолошките испитувања ама кога прашав за цена стварно се зачудив.. Мислев дека до 40-50 илјади денари ке кошта но не и најмалку 75 илјади како што ми рече денеска девојката а ножело и повеќе.. Ме интересира тие што сте правеле таму колку сте платиле за отпушување на каналите( кај мене десниот само е запушен).. Стварно сум збунета па си викам да не незнае девојчето бидејќи од памет ја кажа цената не провери никаде или можда се лажам стварно незнам



ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

alicka другарка моја во систина правеше лапараскопија и хистероскопија и ја чинеше околу 80 000 како што ми кажа, е сега колку што разбрав јас ти само лапароскопија ќе правиш? така би требало да е поевтино.




alicka -> RE: Лапараскопија (28.3.2015 12:37:37)

Да само лапароскопија правев ми извадија циста а десниот канал не успеале да го отпушат бидејќи запушувањето било кај рогот такво објаснување добив..дали некој има вакво искуство?




LoveableMe RR -> RE: Лапараскопија (4.9.2015 10:56:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: orhidea242

Zdravo

malce sum zbunka soeden proodenkanal drugiot ne mi rece doktorot da ptavam lapraskopija da mi se zatvorel iproodniot kanal dali ima nekoj vakvo iskustvo.


ИЗВОРНА ПОРАКА: orhidea242

Aje ve molam malce pomos treba da pravam Lapraskopija na GAK kaze te mi kako ebolno ne se lezi li vo bolnica isplasena sum premnogu.

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

ne e bolno nisto jas lezev pred 6 god 3 dena no mi pravea i laparoskopija vo nedelata me primija pon me pravea vtornikot me pustija

ИЗВОРНА ПОРАКА: bibi ribi

Орхидеа, како што ми објасни мене докторката, се прави со анестезија и ништо не боли. Ми кажаа дека пациентите се пуштаат дома следниот ден после операцијата. Не се плаши, рутински зафат е. Кај кој доктор ке правиш?

ИЗВОРНА ПОРАКА: orhidea242

Treba da pravam samo lapraskopija ne mi e uste zakazana kaj Trajkovski sakam da zakazam. Mnogu mi e strav panicar sum neviden





Kvisko -> RE: Лапараскопија (4.9.2015 11:02:56)

Orhidea ич не се плаши не е ништо страшно. Јас минатата година правев лапароскопија и хистероскопија кај Трајанова и Трајковски заедно. Самата постапка трае кратко потоа лежиш малку во соба за интензивна нега додека се разбудиш и оцента дека си добра. Потоа тој ден те префрлаат во нормална соба на одделение и утредента си одиш дома. Неколку дена после тоа си подуена од гасот што го користат и толку. На недела после интеревнцијата одиш само да ги извадат конците вкупно три на секое дупче по еден и немаш гајле. Малку затега првите неколку дена и непријатно е повеќе од подуеност отколку од било што друго.
Имаш процедура за закажување и пред интеревнцијата уште ден два претходно.
Со среќа и со лесно.




Страница: <<   < Претходна страница  16 17 [18] 19 20   Следна страница >   >>