Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 13.10.2010 12:14:37
Anushka
браво за вас! Една позната писателка (Ерика Јонг) има кажано дека бременоста за жената е е дно посебно сексуално искуство! Лично, сметав дека нема ништо секси во трудница. Дури се чудев зошто некои познати се сликаа голи трудни?! Се` до моментот додека јас не станав трудна, ха, ха. Секси трудна.
< Поракaта ја уредил Julie -- 13.10.2010 23:26:35 >
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 13.10.2010 14:38:17
baby mama
Да се чувствував секси. Еднаш кога бев на ГАК на преглед(пошто од седми месец таму ми ја водеа бременоста) една од сестрите, искоментира: леле што убава труднаца имаме... а бре денот ми го разубави . Секогаш кога излегував од дома било да се шетам , на доктор, на факултет секогаш бев средена( дискретна шминка, фенирана итн).
_____________________________
Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 13.10.2010 22:19:01
Viktori
се чувствував прекрасно додека бев трудна. А секси не можам да кажам дека сум се чувствувала или дека се чувствувам. Сексуален објект е нешто што никогаш не сум сакала да бидам!
Мислам дека во бременоста има повозвишени чувства од сексуљавост (на мрсулавост ме асоцира... ваљда затоа што свакојаки мрсулки ќе се стегнат и си викаат во огледало дека се секси). И голема работа дали на некоја трудница и бил голем газот или мал..
Суета над суетите.... Јас сум секси! Браво, седи 5ка ќе ти ставиме....
мое мислење.
надополнето: бејбимама, мојот пост не е реплика на твојот, туку на твојот насловот е на кирилица и затоа ти одговорив тебе!
< Поракaта ја уредил виктори -- 13.10.2010 22:21:56 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 13.10.2010 23:06:10
Тања РР
И јас како виктори не ја поврзувам бременоста со сексуалност.Напротив, кога почна да се познава дека сум бремена се чувствував порелаксирана во однос на тоа како изгледам во јавноста. Вишокот килограми, широката облека, ненашминкана на работа... сето тоа си го оправдував со бременоста. Па бремена сум, ми се лоши, ми се јадем ми се спие, кај да најдам време и за средување сега аааааааааааамааа
< Поракaта ја уредил Тања -- 13.10.2010 23:07:44 >
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 13.10.2010 23:10:21
Viktori
Не ми е проблем да правам муабет за среденост и дотераност, Тања,ама да се чувствувам СЕКСИ??? Не фала, Сексот и градот не ми е омилен филм на мене.. Мислам дека жената е повеќе од сексуален објект...Е сега која како си се доживува е веќе друго прашање...
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 13.10.2010 23:17:03
Maca25
Првите месеци ми беше убаво, не бев поправена, носев тесни хеланки и тесни маички за да се познава колку ми е пораснато мешето, ама не се чувствував секси, туку блескав од позитивна енергија. Зимата почна да расте се повеќе мешето и престанав да се дотерувам и да сјаам, почнав да се вовлекувам во тренерки и широки блузи. Мислам дека не бев секси, а и не сакав да постигнам таков впечаток.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 14.10.2010 10:13:31
Octavia
Во првата бременост бев толку збунета добар дел од времето, арно по пижами не излегував од дома. Секси? Ни на крај на памет. Втората бременост беше напредок , не се чувствував секси, ама многу повеќе сакав да се дотерам, да си угодам некако. Инаку, и така не сум тип кој сака да биде окарактеризиран како „секси“, па може не сум мерило некое за темава .
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 14.10.2010 10:44:34
mama26
toa ti e paleska .pisuvano e drugo kazano e drugo...ne sekogas se razbirame.inaku i so mm taka nekogas koga pisuvame loso se razbirame,a ete maz mi e...se znaeme... sekako najsexy pred mm vo tekot na celata bremenost..leleee sto sex imav togaaaas sekoj den po neznam kolku pati odkako se porodiv nekako splasna seto toa.i samo mani si gledav...iako mm vika deka sum kako manekenka
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 14.10.2010 11:46:38
Martins mom
Ич не се се чувствував секси...Секси над шоља како повраќам, тешка како слон, фацата како балон пред пукање, облините пополнети максимум, непријатно ми беше кога водев љубов (не знам зошто , ама не ми беше убаво, а и немав желба ), плеките константно ме болеа... Среќа што бременоста е минлив период
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 14.11.2010 20:38:54
mamamoni
Јас се чуствував премногу секси, до девети месец си одев на работа и тоа во истите алишта што си ги носев додека не бев бремена , се поправив само 7 кг. и прекрасно се чуствував со моето стомаче во кое уживав. Постојано бев средена малку пудра, руж, сјај за усни испеглана коса мислам дека нема ништо поубаво од трудница која зрачи со позитивна енергија.
RE: Дали се чувствувате секси и кога сте брем... 6.2.2014 10:42:16
princessa
se cuvstvuvav seksi i vo dvete bremenosti . Ne kaciv mnogu na kilaza pa nemase sto da mi smeta. So vtorata bremenost me fati toplo vreme pa mi bese poudobno odosto so prvata. Samo na kraj me fati safra veke i nemozev da se gledam. Ne deka ne bev sexy i sestrite vo klinika mi davaa komplimenti .