|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
28.2.2014 16:50:27   
vezilka RR
Денес на контрола ми ги продолжија Клексанот уште 10 дена по 2 по 40ки. Димерите сега ми се 1770 но другите вредности кои се испитуваат не се во ред, Основни вредности на хемостатски систем. Активираното парцијално тромбопластинско време е со бројка 23 и таа не и се допаѓа. Ми рече дека тоа претставува ризик од тромбоза, и затоа иако димерите се во ред, морам да продолжам со истото темпо. За десет дена пак контрола.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 28.2.2014 16:58:14 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот bebence19)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
5.3.2014 15:28:03   
vezilka RR
Дечки, имате идеја за клку време ги рефундираат средствата од фондот за Клексаниве откако ќе поднесеш? Оти банкротирав, ако на 10ти ми ги продужи пак, останав без пари.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
5.3.2014 20:23:07   
Hunny
Везилка мене ми ги рефундираа месец дена откако поднесов, а може и порано. Проблемот е што пред две години документи за рефундирање се поднесуваа откако терапијата ќе заврши, поточно по породувањето. Не знам дали и сега е така. Инаку флексипиринот е дупло поевтин, можеш да побараш да ти ги сменат. Поздрав.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
12.3.2014 9:31:14   
vezilka RR
Ооо,па поима нема како иде сега, јас мислев тура по тура да ги поднесувам, првите десет дена, па вторите десет и така. Ај деновиве планирам во фондот да одам па ќе видам како ќе ми кажат.

Инаку јас сум крајно револтирана по однос на темата. Некни бев на контрола после втората тура од десет дена. И се погоди друга докторка, кога ги виде резултатите од минатиот пат почна да офка и да вика боже, боже. И ми рече ајде да се боцнеме сега, па утре со резултатите ќе видиме што ќе праиме. Јас бидејќи бев избезумена од и изморена од чекање, немав сила да реагирам веднаш на муабетот. И другиот ден со резултатите ми ги налали на еднаш на ден клексаниве. И јас фино ја прашувам зошто предходниот ден и беше таква реакцијата, бидејќи јас од тоа сватив дека нешто не било во ред со терапијата. И плус и реков дека мојот матичен гинеколог не се сложува со оваа терапија, имајќи ја во предвид мојата состојба. И таа ми вика, ако не се сложува нека не ти препишува клексани. И ми кажа дека гинеколозите пред 2 години се жалеле дека трансфузиолозите препишувале клексани од ракав, и овие си попиле казна. И затоа сега рецептите не ги пишуваат тие, туку гинеколозите. А јас и велам ама фино тоа, туку вие пишувате мислење дека треба, сепак ова е ваша област, гинекологот оди на свој ризик ако не го земе предвид вашето мислење, и на крај што се случува, сите сте чисти со документи, а пациентките се оставени сами да решат чие мислење ќе го уважат. И таа ми вика, што да ти кажам девојче, тоа е тоа, како сакаш така прави. Мислам стварно господ да чува е работава. КАКО САКАМ ТАКА ДА ПРАВАМ БЕ! Докторкава ми вика, па што сум јас, доктор?! Да знаев, немаше воопшто да одам на доктор, сама ќе си пишев дијагноза и лекови. Еееееј до каде стигнавме!

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
27.3.2014 17:59:53   
bube10
Dragi moi RR jas sum 18 +4 i bev da ispitam d-dimeri i hemostaza i rezultatite za hemostazata se ok no d-dimerite mi se do plafon pokaceni 3618 i mi prepisaa cleksane inekcii 2x40 5 dena i posle uste 5 x1 pa na kontrola. So plodot se e ok, postelkata e dobra nemam nekakvi zgrutcuvanja i stvarno mi e cudno od sto bi mozelo da bide. Dali nekoja rr vo ovoj period isto taka imala volku pokaceni d-dimeri. Ispituvanjeto go pravev vo Hemolab - privatno i sakam isto da prasam dali gi refundiraat parite od privatnite ispituvanja? Pozz

_____________________________

obidi = 3 godini, 2013= 1 inseminacija = / , 1-vo ivf = neuspesno, 2-ro ivf so zamrznati embrioni = uspesno ; terapija - crinone gel, aspirin, estrofen 2x2, folna, dexamethason, vitamin c, cink, magnezium i kalcium i vitamin D3

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
31.3.2014 8:38:44   
vezilka RR
Прите од испитувањето мислам дека не ги рефундираат, туку парите од клексаните. А колку кошта на приватно испитувањето, и каде ги носеше резултатите, кај приватен трансфузиолог?

Јас на последната контрола, димери 2300, хемостазата се влошува и понатака, се намалуваат тромбоцитите 120 од граничните 150 и се намалува времето на коагулација (21 од граничните 33 секунди). Клексаните ми ги зголемија на два пати во денот по 60ки, по десет дена пак контрола. И повторно мојот гинеколог смета дека ситуацијата не е толку лошо како што ја прават трансфузиолозите. Имам чувство како овие да си играат со мене.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот bube10)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
31.3.2014 9:15:27   
AneLav RR
Мене ми ги вратија парите од клексаните побарајте си фискална и сметкопотврда од таму од каде што ќе ги купите...
А пари за испитувања не враќаат не знам за такво нешто...

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
31.3.2014 16:15:58   
bube10
И јас мислев на парите од клексаните (не за самото испитување) за нив земав сметкопотврда и фискална сметка и незнам што понатака :) дали треба матичната да ми даде некаков документ па со тоа да одам во фондот или што треба? Испитувањето го правев во Хемолаб кај професор Кочо Димитров трансфузиолог (он исто така работи во државна) и ме чинеше 2200 денари заедно со хемостаза и крвна слика. Резултати имаш одма истиот ден со мислење од професорот за што понатака и ти дава терапија и после пак на контрола. Незнам кој ми спомна дека ако правам приватно испитувања дека парите за клексанот нема да ми ги признаат во фондот бидејки немам рецепти за тоа од докторот што ми ги препишал, а од него имам само мислење и препишана терапија, а исто така и сама си се боцкам. И во петок ке одам државно да ги испитам пак па ке се консултирам со матичната па да видам она што ќе ми каже.
Позз и фала ви на одговорите

_____________________________

obidi = 3 godini, 2013= 1 inseminacija = / , 1-vo ivf = neuspesno, 2-ro ivf so zamrznati embrioni = uspesno ; terapija - crinone gel, aspirin, estrofen 2x2, folna, dexamethason, vitamin c, cink, magnezium i kalcium i vitamin D3

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
1.4.2014 9:33:56   
vezilka RR
За во фондот ти треба:
1. Резултатите од крвта
2. Мислење од трансфузиологот
3. Рецепти (тие ќе ти ги напише матичниот гинеколог. Со резултатте одиш кај него и тој ти препишува рецепти)
4. Фискална и сметкопотврда за клексаните
5. Потврда од медицинска установа каде си ги примала клексаните (и ова е фиктивно, јас земам од кај мојата општа матична,иако и јас сама дома се боцкам. Одам на десет дена кај неа и таами пишува во картонот демек таму се боцкам, и ми дава потврди)
6. Формуларот/барањето за повратна средства кое можеш да го симнеш од веб страната на ФЗО.

Од целото купче си правиш две копии, и едното го задржуваат во фондот, а дрогото, на кое ти удираат печат дека го примилие, останува за тебе.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 1.4.2014 9:34:59 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот bube10)
Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
1.4.2014 13:07:40   
bube10
Fala ti mnogu Vezilka

Pozz

_____________________________

obidi = 3 godini, 2013= 1 inseminacija = / , 1-vo ivf = neuspesno, 2-ro ivf so zamrznati embrioni = uspesno ; terapija - crinone gel, aspirin, estrofen 2x2, folna, dexamethason, vitamin c, cink, magnezium i kalcium i vitamin D3

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
4.4.2014 21:09:31   
petra27
Zenski denes ispituvav d-dimeri i faktori na koagulacija...27+2 sum i dimerite mi se 1950...transfuziologot mi rece deka se malku pokaceni no deka e bliznacka bremenost i vo red bilo...vo ponedelnik ke gi vidi ginekolog i ke vidime

(Одговор на членот bube10)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
6.4.2014 11:33:28   
bube10
Во петокот повторно бев да испитам за Д-димерите и овој пат државно во 8- ми Септември и ми се симнале од 3600 на 3023 и пак ми продолжија со терапија 2x40мг 10 дена и уште 10 дена 1x40мг и на контрола за 20 дена. Ми спомнаа дека можно е да е од инфекција и да направам уринокултура и брисеви, што мене ова ми е стварно без везе и ми е чудно. Дали и на вас ви имаат спомнато вакво нешто? Здравје оваа недела ке одам и тоа да го проверам да не го мислам и повторно ке ви пишам.

Позз



_____________________________

obidi = 3 godini, 2013= 1 inseminacija = / , 1-vo ivf = neuspesno, 2-ro ivf so zamrznati embrioni = uspesno ; terapija - crinone gel, aspirin, estrofen 2x2, folna, dexamethason, vitamin c, cink, magnezium i kalcium i vitamin D3

(Одговор на членот petra27)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
7.4.2014 17:09:43   
petra27
Zenski od denes pocnav so kleksani...po edna dnevno od 0.40....
E sega me interesira dali gi refundiraat parite od kleksanite....Stamboliev mi rece deka ne...a mnogu mi vikaat da....help

(Одговор на членот bube10)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
7.4.2014 17:14:46   
vezilka RR
Да бе ги рефундираат. Јас за првата тура ги поднесов пред скоро месец дена, но, кога ди поднесував ми рекоа дека најрано за месец, месец и половина откако ќе поднесеш документи стигале парите.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот petra27)
Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
7.4.2014 17:17:28   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: bube10

Во петокот повторно бев да испитам за Д-димерите и овој пат државно во 8- ми Септември и ми се симнале од 3600 на 3023 и пак ми продолжија со терапија 2x40мг 10 дена и уште 10 дена 1x40мг и на контрола за 20 дена. Ми спомнаа дека можно е да е од инфекција и да направам уринокултура и брисеви, што мене ова ми е стварно без везе и ми е чудно. Дали и на вас ви имаат спомнато вакво нешто? Здравје оваа недела ке одам и тоа да го проверам да не го мислам и повторно ке ви пишам.

Позз




Мене не ми спомнал никој такво нешто, но кајмене не се проблем димерите туку хемостазата. Но, мажле кога испитуваше пред неколку месеци, баш така му рекоа, дека можеби му сепокачени заради некоја инфекција. Е сега дали тоа исто ваши за трудни и нетрудни, не знам.


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот bube10)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
10.4.2014 16:58:39   
Tajci_pp
Zdravo zenski ve citam celo vreme i sakam da go spodelam moeto iskustvo so vas vo vrska so kleksanite.Jas vo postapkata pri IVF bev tertirana so kleksan poradi visoki d dimeri i naod vo hemostazata potocno hiperkoagulabilna sostojba inekciite gi primav tri nedeli no mene togas mi rekoa za da mi olesnat da ne odam preku fondot i da ne mi gi refundiraat parite gi primav na odelenieto za ginekologija so otvorena istorija na bolest a potoa tie ke si gi refundirale od fondot i navistina taka bese polsesno otkolku da spremam dokumeti za vo fondot pa posle da cekam da mi gi refundiraat parite.


Vezilka koj e tvojot problem so hemostazata ? Jas posle neuspenoto IVF prodolziv samo so aspirin d dimerite se namalija no hemostazata e nepromeneta .

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.4.2014 8:32:52   
vezilka RR
Преку гинекологија на клиника или?
Иначе дијагнозата ми е хиперкоагубилна состојба, гранична анемија. Тромбоцитопенија од консумационен карактер со секундарно активирана фибринолиза..што и да значи тоа, поима немам. Тоа што разбрав од тоа малку што го кажуваат докториве, оти нели ќе им падне тронот, ако се потрудат на пациентот да му објаснат што му се случува, е дека ми се намалуваат тромбоцитите и ми се скратува времето накоагулација, што води кон тромбоза.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Tajci_pp)
Непосредна врска до пораките: 292
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.4.2014 17:30:20   
Tajci_pp
Pa da pocnav na klinika na ginekologija da gi primam a prodolziv tuka vo Prilep vo naseto oddelenie da gi primam.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 293
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
27.4.2014 9:41:40   
soroma
Zdravo devojki...
Prv pat pisuvam na forumot.Sakam da prasam dali nekoja od Vas primala Clexane inekcii i Aspirin 100mg i pravela Amniocinteza?
Jas sum 14+4dena i primam Clexane 20mg i Apsirin od denot koga doznav deka sum bremena...kako preventivna terapija bidejki predhodno imav 2 abortusa.Inaku hemostaza i Dimeri mi se vo normala.Okolu 227.
No spored doktorite preventivno izgleda ke treba do kraj bidejki bile 'mnogu dobri' za bremenosta.
Bidejki imam 39 godini ke pravam amniocinteza i malku sum zagrizena poradi mozno krvarenje...
Ako ima nekoj iskustvo neka spodeli.
Pozdrav do site.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 294
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
28.4.2014 20:01:00   
bube10
Devojki eve me mene pak, ispitav da ne imam nekoja infekcija kako sto mi predlozi transfuziologot i rezultatite se negativni. Povtorno napraviv ispituvanje na d-dimerite i mesto da mi se namaluvaat mene pak mi se pokacuvaat i toa so celo vreme primanje na clexane i za uteha mi kazaa da ne se sekiram i deka ke si se bockam do kraj na bremenost, deka e normalno na bremeni zeni da im se pokaceni. Bitno e deka na vreme sum otkrila deka se visoki, a od sto se pokacuvaat ne znaat i tie sto ni gi prepisuvaat, seuste ne bilo istrazeno. Bev na screening vo 22 + 4 toa bese minatata nedela i postelkata e se vo red, so bebusot e se ok normalno si se razviva si odgovara na site parametri za taa nedela i mi kazaa deka toa e toa ke si se bockam do kraj. Na kontrola sum za eden mesec, pa ke vidime sto ke bide do togas.

Pozz



_____________________________

obidi = 3 godini, 2013= 1 inseminacija = / , 1-vo ivf = neuspesno, 2-ro ivf so zamrznati embrioni = uspesno ; terapija - crinone gel, aspirin, estrofen 2x2, folna, dexamethason, vitamin c, cink, magnezium i kalcium i vitamin D3

(Одговор на членот soroma)
Непосредна врска до пораките: 295
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
9.5.2014 20:22:52   
brm_brm
Soroma и останати рингерајки, еден совет од вас: Во исчекувње сум да поминат фмозните 14 дена па да направам тест по ивф. од трансферот па навака сум на Фраксапарин инекции (замена за Клексан )и Аспирин 100 и ги користам во размак од 12 часа.па прашањето ми е дали мора баш секој ден да се во исто време како и стимулацијата за ивф. Ако аспиринот го пијам во 8 сабајле, дали фраксапаринот мора да биде во 20 часот или може подоцна (ми напоменаа дека примањето на аспиринот и фраксапаринот да биде по 12 часа). молам за ваше искуство

(Одговор на членот bube10)
Непосредна врска до пораките: 296
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
12.5.2014 15:00:37   
vezilka RR
Јас клексанот го примам на размак од 12 часа плус минус еден час нели да ускладам со обврски. Така ми е препишан и така го примам оти веројатно има врска препишаната доза со времето на аплицирање на лекот.

Инаку дека само така било добро за бременоста ама ич не е објаснување за препишан клексан. И како тоа небило истражено зошто се покачуваат. Димерите во бременост се покачуваат зошто самиот организам се спрема за породување, се зголемува коагулацијата за де не дојде до тотално искрварување. Доколку се надминат границите на толеранција треба да се додадат лекови. Или ако факторите на хемостаза не се во границите, иако димерите се во ред, и тогаш се примаат лекови. Муабетот ми е дека не може доктор да те испрати дома со лекови со објаснување дека било добро за бременоста. Тоа само кај нас, во нашето здравство може.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 12.5.2014 15:03:10 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот brm_brm)
Непосредна врска до пораките: 297
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
12.5.2014 21:09:48   
brm_brm
фала везилка, јас сум во исчекување на user posted image , уште пола остана, со ивф и од трансферот навака примам и аспирин и фраксипарин инекции.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 298
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
13.5.2014 9:28:51   
vezilka RR
Ајде со среќа нека е. Ти посакувам што побрзо да си ги видиш user posted image . Јас пред да забременам првиот пат бев на аспиин.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот brm_brm)
Непосредна врска до пораките: 299
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
5.7.2014 23:20:02   
sandriana RR
Да не останам и јас покусо - пред 3 дена бев на трансфузиологија во Градска болница, поради постоење на ретки, крупни лакуни на постелката, кои се видоа на ехо минатиот месец, и токму поради нив трансфузиологот ми препиша Клексан, 10 дена по 40 мг (еднаш дневно).
Димерите ми се 880, што е ок вредност за 3то тромесечие, хемостазата е горе-долу ок, малку намален хематокрит (погуста крв) - што пак е ок за трудница во 30та недела, ама јас пак примам терапија - за моја заштита - така ми рече трансфузиологот.
Контрола имам на 14ти, ако е се ок, ќе ги прекинеме.
Инаку плодот ми е ок, напредува соодветно на гестациската возраст - значи добро се храни преку постелката, што пак ме збунува зошто си ја добив терапијата.user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 300
Страница:   <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?