garfild -> RE: Clexane-инекции за време на бременост (11.11.2009 0:02:57)
|
И јас имам искуство со Клексан,имено во Април месец,во 38-та недела ДД-мерите ми беа многу качени,3340 ми беа,а три недели пред тоа ми беа сосема нормални.Ми препишаа 10 инекции Клексан,ги купив на рецепта во аптека Виола во Буњаковец околу 3300 ден.Примив 7 инекции и бидејќи ми се ближеше терминот за породување,гинекологот ме прати повторно да ги проверам ДД-мерите,и тогаш беа околу 150,сосема нормални,и трансфузиологот ми реча да ги прекинам инекциите и да се подготвувам за породување.Да не се симнеа ДД-мерите требаше да ме породуваат на закажано со царски рез,ама вака веќе можеше да се чека спонтано да дојде денот на породувањето.40 дена по породувањето повторно бев да ги проверам ДД-мерите,и беа во ред.Инаку во врска со рефундирањето,поднесов веднаш кога почнав да ги примам инекциите во Социјално за рефундирање,и дури во Јули ми стигнаа пари околу 2500 денари.Така да обавезно чувајте си ги рецептите,фискалните за да може да ви ги рефундираат средствата,бидејќи овие инекции се дефицитарни.Инаку ми останаа 3 инекции,кој сака нека пише ќе му ги дадам,уште ги чувам.
|
|
|
|