ELENA25 -> RE: Колку време се обидувате да забремените? (25.4.2010 19:56:54)
|
Најпрво поздрав до докторот и до сите вас, долго време не сум ви пишала бидејки се имав разочарано од се и западнав во една ненормална депресија, поради тоа сто со мене и мојот сопруг се е во ред а никако да забременам. Мој матичен гинеколог е др. Коруновски и презадоволна сум од него. Ги направивме сите испитувања, ХСГ- то ми е уредно, спермограмот е одличен, следевме овулација- јајниците ми функционираат нормално,пробавме со терапија со кломифен имаше повеке фоликули спремни за оплодување хормоналниот статус го проверивме на 3, 7 и 21 ден и се е во ред. И покрај сите овие ,,ОДЛИЧНИ,, резултати сепак ништо не се менува. За др. Стамболиев слушнав многу позитивни критики, а и мојата другарка (која се породи сега за Велигден, а докторот ја следеше нејзината бременост) е презадоволна и полна е со пофалби и убави зборови. Би сакала да слушнам негово мислење за мојата сосотојба или ако е можно да го посетам докторот и да ги погледне моите направени испитувања. Однапред му благодарам на докторот на посветеното време и ПОЗДРАВ[sm=smiley19.gif]
|
|
|
|