|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Како се "справувате" со здодевните ...
17.11.2010 0:05:37   
Bitolcanka
Сите ние имаме блиски другари/ки и подалечни (оние кои ги знаеме пократко време или можеби подолго од некои поблиски, но, од некоја причина ги сметаме за подалечни). Се случува во одреден момент да се најдете заедно и да се здружите. По определено време сфаќате дека не ви одговараат како пријатели/другари за почесто дружење, средби ... Почнуваат често да ве бараат, пишуваат на нет, на мобилен ... речиси секој втор ден и тоа со истите прашања: "Што има ново? Кога ќе пиеме кафе?" Претходно сте им кажале дека ќе ги побарате штом можете, зафатени сте во тој период, но тие - или не сакаат да сфатат или ... којзнае зошто ... се прават како да не сте им кажале, како на друг јазик да зборувате - не разбираат. Вие сакате да прекинете контакт со нив, едноставно да се оддалечите, но тие се упорни, не запираат со повици и сл. Што правите во такви ситуации? Гледате дека не знаат да читаат меѓу редови ... Човек не треба секогаш се'' да каже, некогаш нешто се подразбира, нели? Не сакате да бидете груби, но некогаш и тоа е неизбежно можеби ... user posted image

П.С. Сте ги сожалувале, сте ги тешеле во тешки моменти долго време (земајќи го предвид и факторот што биле осамени, немале друштво ...), сте одвојувале од вашето време, но соодветната личност не го ценела доволно тоа и непријатно ве изненадила.

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 17.11.2010 0:21:57 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
17.11.2010 9:20:23   
Палешка РР
Ги откачувам културно, постојано, ако треба и секој ден. Измислувам изговори и ескивирам. Ќе му се смачи еден ден...
Се мразам себеси што не сум директна и што не можам в лице да кажам туку вртам, "ко киша око Крагујевцу" user posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
17.11.2010 17:22:53   
Martins mom
Не откачувам никого за дружење. Чест ми е што некој имал потреба од мене и баш на мене се сетил. Па едно кафе ако испијам со некоја да речеме досадна, не е ништо страшно. Ако се работи за некоја особа што ме повредила, јасно и гласно ќе и’ кажам да прошетаuser posted image
П.С: Инаку знам да читам меѓу редови кога некој сака да ме откачи...Ама жал ми е, тој губиuser posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
17.11.2010 17:27:01   
mama26
kako be megu redovi citas martins mam?jas pak mislev muka ti e od takvi imas mislav vo rr dnevnik napisano

ama sepak milo mi e sto nauci i taka vo zivotot ke ti treba.. na sekogo ne samo na tebeuser posted image user posted image

jas drugarki otacuvam ako petn loso mi napravile...seuste se nema sluceno takvo nesto

a prijatelki u slucajni minuvaci vo lice im kazuvam user posted image


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
17.11.2010 17:27:53   
mama26
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom


П.С: Инаку знам да читам меѓу редови кога некој сака да ме откачи...Ама жал ми е, тој губиuser posted image user posted image user posted image user posted image

pecat user posted image user posted image


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 0:41:33   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Ги откачувам културно, постојано, ако треба и секој ден. Измислувам изговори и ескивирам. Ќе му се смачи еден ден...
Се мразам себеси што не сум директна и што не можам в лице да кажам туку вртам, "ко киша око Крагујевцу" user posted image




И јас ги откачувам културно, но не запираат. Поставуваат бесмислени прашања, само и само да се најдат во муабет, т.е. да имаат зошто да се јават. Не ме чуди што на таквите не им оди со машките. Секој човек сака сопствена слобода понекогаш, па макар било и од другар/сестра/животен партнер ...

Човек кој е душевно богат и во потполна осаменост одлично се забавува со сопствените мисли.

За жал некои луѓе не знаат што со себе, имаат време на претек и мислат дека на сите им е исто ... До неодамна бев тука за секого, макар и човек еднаш да сум го видела, одложувајќи многу лични работи, дури и по цена на здравјето ... веќе не. За вистински пријатели сум 24 часа достапна, за лица кои знаат да те бараат само кога им требаш (те потекуваат без престан), а кога очекуваш одговор ги нема - не. Обично оние кои ги сожалуваш и не се за сожалување.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 0:46:08   
Viktori
Немам такви другарки. Во моментот кога ќе приметам дека некоја ме напнува, истиот момент престанува да ми биде другарка. Инаку навистина немам намера ни јас да се замарам ни да замарам некого.

И ништо не губам. Добивам само време за себе, за децата и за вистинските другарки. Оние со кои и да не се видиме 6 месеци, муабетот ќе ни биде ист ко вчера.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 0:49:41   
Maca25
Јас порано имав такви другарки, но откако станав мајка, си имам други приоритети и немам време за празни муабети. Имам неколку блиски другарки со кои не се гледам многу често (не како порано), но сеуште сме блиски. Тука сум за нив ако нешто им треба и сред ноќ, исто и тие за мене.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 0:52:02   
Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Во моментот кога ќе приметам дека некоја ме напнува, истиот момент престанува да ми биде другарка. Инаку навистина немам намера ни јас да се замарам ни да замарам некого.

И ништо не губам. Добивам само време за себе, за децата и за вистинските другарки. Оние со кои и да не се видиме 6 месеци, муабетот ќе ни биде ист ко вчера.


Исто. Досега не постапував така, си кратев од слободното време, времето за работа ... Им угодував на сите, но се чувствував неубаво, како да работам против самата себе. Можеби звучи егоистички, но да си скратиш од времето за најблиските и сопственото, заради некој нов т.н. пријател кој од никаде некако се појавил - нема смисла. Човек учи додека е жив и можеби малку потешко, но може да се промени ако сака user posted image


< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 18.11.2010 0:53:07 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 0:57:08   
Viktori
Па јас не мислам дека е егоизам да не пијам кафе со некоја што ми е досадна. Ако е така, треба со која било од улица кафе да пијам.Мислам.. ако ми е досадна не ја ни ставам во графа кафепијачки.

А не пијам кафе со секого, немам причина, не ме ни усреќува нешто посебно кафепиењето и муабетите со него.



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 1:09:23   
Џесика
Едноставно игнорирам... ми се има десено да немам желба да дрдорам по телефони, едноставно не кревам ако не ми се слушаат безвезни муабети... а инаку и не контактирам со многу напорни и досадни луѓе, ме заболува глава.user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 8:00:03   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

заради некој нов т.н. пријател кој од никаде некако се појавил - нема смисла.



Сите пријателства и најдобри другарства некогаш започнале од нигде никаде и некогаш биле нови....не се знае во кое ново пријателство ќе најдеш вистински другар.


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 8:27:56   
arh_diz
Im davam do znaenje deka nemozam da se druzam so niv.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 8:33:44   
stojanoskad
ako se samo dosadni a ne i zlobni pa i ne etolku strasno.Ke se napisam kafe i tolku posle toa ako ima drugi obvrski otvoreno kazuvam i tolku isto otvoreno zboruvam i koga ne mi se pie kafe.
Mnogu postrsni se oni zlobnite,so onie koj koga ke ti dojdat na kafe doagat so druga namera,edno zboruvat a drugo mislat,e so tie kolku tesko se izleguva na kraj

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
18.11.2010 12:34:13   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

заради некој нов т.н. пријател кој од никаде некако се појавил - нема смисла.



Сите пријателства и најдобри другарства некогаш започнале од нигде никаде и некогаш биле нови....не се знае во кое ново пријателство ќе најдеш вистински другар.



Секако, но не сите завршиле со вистинско пријателство, има вистински пријатели и т.н. (таканаречени) пријатели. Ги запознаваш, ти делуваат ок, мили, разочарани, фини ... Трчаш ако имаат некоја мака, ти бараат услуга (иако си планирал нешто за себе тој момент), ги советуваш по 2-3 часа на нет секојдневно (прифаќаат, но не постапуваат така, меѓу другото), ги вмешуваш во твое друштво, твои активности ... ги планираш и нив секогаш. Пројавуваат желба да бидат со тебе за важни настани (големи празници) без разлика дали малку делат (сите парови, тие сами), потоа продолжуваат сами да си се канат ... Доаѓа ден да ги прашаш за нешто (ситница, не услуга некоја), ги нема - одговараат во 5 до 12 или воопшто не одговараат, а потоа се прават како ништо да не било ... Не се злобни, но едноставно те замараат, те онерасположуваат ... Се раководат според некој план - сега јас те побарав, сега ти побарај ме, во х часот и х минута на тоа место - како по некое правило/строг закон ...


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
20.11.2010 17:59:22   
Snowhite RR
Леле имам една ваква и се чудам како да ја дистанцирам од мене/нас. Имено таа и е братучеда на мојата најдобра другарка, од друг град е, па учеше овде и сега е мажена тука.Додека не бев мажена живеа под кирија в комшии кај нас и тогаш почнавме поинтезивно да се дружиме, јас понекогаш и ја вардев ќерката кога беше бебе, исто така и завршив работа за во градинка да ја запиши(зошто свеки моја е воспитувачка) И мислам заради тоа сега не се откачува од мене, се чувствува како да ми должи. Сега веќе живееме на различни страни, немаме време да се гледаме често, ама ме кани на секој роденден за ќерката, на свадба не ја поканив, дојдоа дома после тоа со поклон поголем од некои кои беа гости на свадбата, за Михаил кога се роди донесе поклон исто така поголем од некои поблиски, крштевката кога помина, јас освен тие најблиските што беа во ресторан поканети, дома не поканив никој, и додека зборуваме со мм како да ги откачиме тие луѓе, дека нема потреба да бидат толку присутни во нашиот живот, да имаме одење идење,и тие еве ги дојдоа фамилјарно  се појавуваат на врата со моторче за Михаил, па и малку беше тоа, па дури и тренерки му купила, а кога и кажав дека правевме крштевка ја поканив онака на торта да дојде, а таа... мислам хелоуу
Мислам се ќе беше ок, немаше да ми смета да се дружиме, ама во еден период почна да прекажува многу, нешто што рекла другарка ми или јас нешто и кажуваше нејзе и имавме криза ќе се скаравме со другарка со која цел живот сум го поминала
П.С. А денеска се јави, за утре да не носеле во Ск во зоолошкаuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
21.11.2010 18:19:38   
Bitolcanka
Нема подобра варијанта од ignor за таквите. Кога - тогаш ќе се сетат што значи тоа, а можеби и на сопствените грешки.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
1.12.2010 0:15:15   
veckasr
jas nemam mnogu prijateli no imav i edna takva dvolicna  i sto i napraviv ja ignorirav ne i odev na gosti tolku cesto kako pred toa ne i se javuvav na telefon i taka se oddalecivme na celo 

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Како се "справувате" со здодевн...
1.12.2010 8:38:21   
vesna1
Jas imav takva zdodevna komsika. Koga se vselivme vo zgradata kerka mi se zdruzi so nejzinata kerka i se gledavme na lulaski. Potoa pocnavme na po edno kafe ama jas mislev koga dvete imame vreme. Taa se nauci sekoj den me cekase da dojdam od rabota vo 17 casot i vo 17.15 bese kaj mene na vrata. So MM se krievme koga doagame doma parkiravme podaleku da ne ja vidi kolata, i toa traese edno 5-6 meseca ama bukvalno nemozev da se otkacam od nea. Ke vidi gosti mi dosle odma na vrata i ona dosla na kafe. I eden den koga zvonese na vrata MM se iznervira i otvori po gaki i i vika kazi. Pa dojdov na kafe a toj i vika ako sakas grupen seks poveli. I si otide kako poparena. I pocnav otvoreno da ne i otvaram vrata mi e gajle sto gleda gori svetlo i televizor. Posle ke mi recese ti zvonev ne mi otvorivme a jas i vikam se tusirav, se odmarav. I taka edvaj  se otkaciv.

(Одговор на членот veckasr)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?