Еца -> RE: Вакцини (16.12.2009 11:51:59)
|
Со едно боцкање пет вакцини Ќе бидеме меѓу првите земји во регионот што ја вовеле оваа новина, која сега се применува во Словенија за заштита на децата од дифтерија, тетанус и голема кашлица Задолжителните вакцини против дифтерија, тетанус, пертусис и голема кашлица ќе се менуваат, па од идната година бебињата, наместо да се вакцинираат неколкупати со посебни вакцини, одеднаш ќе ја примаат петвалентна вакцина, најавуваат од Министерството за здравство. Овие вакцини што ќе се примаат едновремено против пет заразни болести - ДТП, хепатитис Б и ХИБ (хемофилус инфуенца Б, која почна годинава), чинат меѓу 25 и 30 евра. Новина е што наместо од „рефус-дози“ од кои досега се вакцинираа и по 10 деца, новите вакцини ќе бидат еднодозни, објаснуваат од Министерството за здравство. Родители што досега сакаа со овие ацелуларни вакцини да ги заштитат децата, ги набавуваа од странство, по што им биле давани кај некои педијатри, најчесто поради страв од несакани дејства. Но против таа практика застана и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. - Опомени се дадени децата никако да не се вакцинираат со вакцини донесени однадвор бидејќи не се знае дали е прекинат „ладниот синџир“. Родителот може да мисли дека детето примило добра вакцина, а таа да не штити бидејќи синџирот при транспортот бил прекинат. На Клиниката за детски болести годишно има по 100-ина од овие вакцини - објаснува д-р Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна заштита во Министерството за здравство. Таа потврдува дека државата планира да ги воведеме ацелуларните ДТП-вакцини. - Точно е дека овие вакцини имаат помали несакани дејства од постојните. Погодноста ќе биде што со едно боцкање бебињата ќе се штитат од тие три заразни болести, но и од хепатитис Б и ХИБ - вели д-р Костовска. Надлежните уверуваат дека сепак ќе бидеме една од првите земји во регионот што ќе ја воведе оваа новина, бидејќи сега само во Словенија децата се штитат од дифтерија, тетанус и голема кашлица со ацелуларните вакцини што се планира наскоро да бидат набавени и кај нас. Со петвалентните вакцини со години се имунизираат децата во Холандија, Германија, Швајцарија и други европски земји. Причината поради која досега не беа воведени петвалентните вакцини се парите. Сегашните ДТП-вакцини чинат само 40 денари, а новите ацелуларни ќе чинат најмалку 10 евра за една вакцина. Годишно ДТП-вакцини примаат околу 20.000 бебиња, а бидејќи се примаат три дози во период од неколку месеци, плус ревакцинации, тоа значи дека се потребни повеќе од 100.000 вакцини годишно, за што ќе требаат околу еден милион евра.
|
|
|
|