RE: скапа-ефтина струја (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


meU87 -> RE: скапа-ефтина струја (12.8.2012 20:47:34)

Не сум во тек но знам дека се збори оти излегле на тв и кажале дека останува ефтината струја за преку ден.
Таман е работава или????




amateuress -> RE: скапа-ефтина струја (12.8.2012 20:59:55)

toa za srbija bese, tie ja vrakjaat eftinata preku den. ne znam kaj nas takvo nesto da se najavilo, mislam deka ne.




Maca25 -> RE: скапа-ефтина струја (12.8.2012 21:58:37)

Сега нешто слушнав, како собранието на ја одобрило оваа одлука на регулаторна, да нема ефтина преку ден, а навечер да почнува од 00:00 до 7 сабајле и недела. Ама не знам како кога собранието е распуштено [sm=smiley36.gif]....ааа и протестот дека се одложил!!! вистина е тоа?!




Natuska85 -> RE: скапа-ефтина струја (13.8.2012 9:42:51)

Како бе навечер да почнува од 00:00, не почнува пак од 22ч???????????




mama_sk -> RE: скапа-ефтина струја (13.8.2012 11:41:03)

Да не се тоа само шпекулации за да се одложи протестот закажан за утре?!? [sm=zmeden.gif]




amateuress -> RE: скапа-ефтина струја (13.8.2012 12:05:58)

пребарав по агрегатори на вести, ништо такво не најдов, а немаше ништо ни на фб, на страната на настанот.
значи си останува ефтината укината, а протестите во бт и ск се закажани за утре (вторник 14.08) во 18.

во бт има и плакати, но за жал, поддржувачи на владеачката партија ги кинат секоја ноќ - бев сведок на тоа, млади деца, на не повеќе од 20 год ги искинаа сите плакати. тие кинат, а претпоставувам мајките им дома чекаат да дојде 22 ноќе за да им зготват ручек за следниот ден.

нема да имаат голема масовност протестите, кај нас нема свест за такви работи, плус луѓето се песимисти, не веруваат дека нешто можат да сменат и се навикнати СЕКОГАШ да чекаат некој друг прво нешто да направи. се надевам на пензионерите, додуше :)

ама колку-толку, јас мојот придонес ќе го дадам.

и баш би било фино и луѓе од владеачката партија да го поддржат протестот, за да не му се залепи одма партиска етикета, пошто опозицијата сигурно одма ќе се шлепа...

за да нема никакви сомневања, јас сум партиски неопределена, иако по убедување сум левичар; мислам дека опозицијата кај нас е гној, а власта гној во целофан со розова машна со шљокици. и немам ама баш НИКАКВА корист од протестов, освен ако не ја вратат ефтината (која ја користев до максимум) што ќе биде од корист за сите, нали :)




amateuress -> RE: скапа-ефтина струја (14.8.2012 21:23:17)

[img]https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/s720x720/255294_440049132704273_1772114773_n.jpg[/img]

масовен беше протестот во бт, јас како што бев песимист, ептен се изненадив. ете и македончето покажа некаква иницијатива [sm=bravo.gif]




Maca25 -> RE: скапа-ефтина струја (14.8.2012 21:34:03)

а во скопје како беше? јас немав можност да отидам [sm=smiley13.gif]
а каква дезинформација се пуштила по луѓево, дека ја вратиле ефтината преку ден...еден куп луѓе истото ми го кажаа.




kikicka -> RE: скапа-ефтина струја (14.8.2012 23:15:51)

Јас колку што видов немаше баш народ ,или последните од колоната сум ги фатила и затоа ми изгледаше дека има малку луѓе.
Само слушав Намалете и то [sm=smiley1.gif]




amateuress -> RE: скапа-ефтина струја (14.8.2012 23:21:36)

ne bilo mnogu masovno vo sk, so ogled na toa kolkav e gradot, ama ne bilo ni loso kolku sto gledam
[img]https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-snc6/181164_4404983480011_178668320_n.jpg[/img]
od triumfalnata do mcdonalds bilo polno




Maca25 -> RE: скапа-ефтина струја (16.11.2012 19:45:46)

Луѓе, што се деси со ова скапа/ефтина струја.
Кај нас во зграда ни ги менуваа саатите, па од завчера сијаличето за ефтина веќе не ми свети. Нема ефтина ич или што?




Bogdancanka -> RE: скапа-ефтина струја (17.11.2012 11:10:39)

маца мислам дека после 22ч има ефтина струја и недела цел ден,барем така му кажале на мм




nadica -> RE: скапа-ефтина струја (17.11.2012 18:47:33)

da eftina samo posle 22h i vo nedela taka da nema perenje, peglanje, usisavanje, gotvenje na podolgi recepti, vo normalno vreme se treba da se raboti posle 22h a i togas ne e bas eftino[sm=smiley13.gif] nema smisla [sm=hudicek1.gif] koga imas vreme da nesmees da rabotis zatoa sto e mn skapo [sm=smiley35.gif][sm=smiley35.gif][sm=smiley35.gif]




Pepelaska * -> RE: Скапа-ефтина струја (17.11.2012 19:20:28)

[img]http://kicevo.mk/wp-content/uploads/2012/11/EVN.jpg[/img]

Da ve nasmeam malku




Mihaela 2010 -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 9:15:45)

Ja vcera se zaprepastiv doma...mi doslo struja 9500 koga ja vidov smetkata padnav u nesvest....ne ocekuvav tolkava so ogled na toa sto do 14.30 doma nema nikoj i ne toplime...sega utre mm ke ide da se buni da vidi sto e rabotava...stvarno uzas,se razocarav maksimalno,i od zimava i od se po red[sm=hudicek1.gif]




sandriana RR -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 9:42:02)

Ох, еве и ние сме со тарифа скапа-ефтина струја, и 2 месеца по ред доаѓа сметка од 200 евра. Катастрофа...А, се готви на плин, работи само бојлер, едно радијаторче на струја кај нас во соба, и тоа активно се користи после 17 часот, и една термо печка (која се користи веќе со години и никогаш досега немало толкава сметка). Машина за перење уклучувам секогаш после 22ч....




Calypso -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 9:45:07)

Што ќе се запрепастуваш Михаела, како дерат ЕВН мислам дека никој друг толку не не дере. Нас во декември ни стигна сметка од 14 450 ден. очекувано... се греевме со парно целосно на струја, плус две фамилии сме, во различни куќи, на исто броило. За јануари плативме 6400 откако го сменивме парното, односно го приклучивме на камин со дрва, па сега само од сабајле сме на струја додека да се запали огинот. Што дека переме ноќе, мене секоја вечер ми е уклучена машината за садови и бојлерот, а секоја втора вечер и машината за перење и нормално дека не очекувам ниски сметки.
Ама јас сум изреволтирана од ЕВН од проста причина што кај нас често се случува да нема струја подолго време во текот на денот, или пак да нема една фаза, а да не зборувам за напонот, што никогаш не е 220V, просечно е околу 190V, што не е добро за апаратите. Од тоа често немање фаза и струја се случи да пукне цевката што го поврзува парното со каминот од пресилниот притисок (струја секако ни треба за да функционира пумпата за циркулација на водата во радијаторите), па ставивме и акумулатор заради тоа. И пак високи сметки секој месец, а не им текнува малку да поработат на случајот да спречат толку чести дефекти во зима. Тие само ги поправаат дефектите, без да имаат некое крајно решение. И лани истово се случуваше, измрзнавме... секоја зима умот ми е во тоа дали ќе успееме да се стоплиме, дали нешто ќе треба да менуваме дома, за да најдеме конечно решение... ко да сме во некоја пустелија, ко да нема жив човек овде, аман веќе, ми прекисна.

Уф, ова може врска немаше со темава... ама ајде, да си се изжалам од ЕВН и јас...




Ikana -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 10:01:59)

И кај нас иста приказна, сметки огромни, а големата дневна мразарник...моите се на работа цел ден, и не пуштаме да се грее таа соба додека не се вратат. Машина за перење пуштаме 2 пати неделно, бојлер единствено што работи и тоа исклучиво после 10 навечер. Остануваме на само 1 панелка во денвната кај мене, бидејќи ние сме по цел ден дома со бебето. Не одраа овие ЕВН, хохштаплери ниедни!!!




Cipi Ripi -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 10:07:20)

Леле имало ваква тема.....не знаев кај да се пожалам и јас. Нас ни стигна 11 100. Паднав во несвест кога ја видов. Не ми се верува! Ова не е нормално! Нема шанси толку да сме потрошиле....а ако сме потрошиле тогаш забегале со поскапувањето. Што ќе се прави не знам ама ова е многу и никој ништо не реагира[sm=smiley13.gif]




Џесика -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 10:37:57)

Михаела, се греете на струја? Штом волку ви дошло... со што греете, со панелки?
Нас последната ни дојде 4200 за горе кај нас, и 1700 доле кај свекрва ми... значи околу 6000 во просек за струја со вклучено греење ни доаѓа.




Mihaela 2010 -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 10:50:58)

na struja,na panelki,i mene me cudi toa bidejki proslata bese 5200 den,i si vikav kaj i da e da bide do kaj 7000 ama ova e preterizam,duri ja sporediv smetkata od proslata godina koga mi bila 8.500 baska lani M doma bese ne idese u gradinka i toplevme cel bozji den...zatoa vikam da ne e napravena nekoja greska[sm=smiley13.gif]




miana -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 12:25:01)

Оф леле...Мене ми е срам да кажам колку ни доага ама ке кажам за да се тешите.. Минатите два месеци ни доаѓаше по 20 000 денари а последната 35.000 денари. Грееме 200 м2 парно на струја.. И јас и свеки имаме пашини за садови,за алишта и јас имам плус сушара.. Плус горе кај мене си догревам со панел бидејки парното не постигнува ( термостатот е доле ) и сега ни се стемни..Од пролет бараме ново решение - ке пробаме да се грееме со парно на пелети..Да не се грее некој од вас на ова да ми каже како е ?
Поздрав




Beatris -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 12:30:31)

Ај да ви кажам една солуција, немам лично искуство, ама братучед ми во куќа ги проба сите можни алтернативи од парно на дрва, на струја, нафта, плин, панели, стварно не знам што уште не, се што постоеше се пробаа. Лани си ставија инвентери, куќата е 150-200 м2, значи еден доле, еден горе на спрат, немаат сметка поголема од 80тина евра зимно време, а не ги гасат дење ноќе. Плус да напоменам со сите овие претходни греења секогаш кога сум одела ми било ладно таму, а сега е да седиш по кратки ракави




miana -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 12:33:20)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Ај да ви кажам една солуција, немам лично искуство, ама братучед ми во куќа ги проба сите можни алтернативи од парно на дрва, на струја, нафта, плин, панели, стварно не знам што уште не, се што постоеше се пробаа. Лани си ставија инвертери, куќата е 150-200 м2, значи еден доле, еден горе на спрат, немаат сметка поголема од 80тина евра зимно време, а не ги гасат дење ноќе. Плус да напоменам со сите овие претходни греења секогаш кога сум одела ми било ладно таму, а сега е да седиш по кратки ракави

Какви се тие инвертери ???




anaana -> RE: Скапа-ефтина струја (31.1.2013 12:44:19)

toa se tie klimi inverteri?
tie sto se nekade okolu 500-600e?




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>