|
RE: Стојалката,опасност за децата? 25.8.2011 11:18:27
|
|
|
|
baby_bump
|
од 6 месеци го научија да патка Читам од прееска и не можам да разберам: што е тоа паткање? Се мисли на тоа: држење на детето под мишки за да оди лево десно? Ако мислите на тоа, сакам да прашам зошто мислите дека тоа е штетно за детето? Па како инаку ќе научи само да чекори, да држи рамнотежа и да се спрема за проодување? Пред да почнат моите, што ја чуваат, да ја учат да оди така, таа беше многу млитава и едвај се превртуваше од стомак на грб и обратно, а сега е ојачана и некогаш стои сама, се движи по масичката и креветот, сама седнува сама легнува, лази (сега е 10 месеци), значи за овие 2 месеца колку што моите го практикуваат тоа, детето е веќе скоро спремно за проодување, т.е има голем напредок во тој поглед, додека на 8 месеци не можеше ништо од горенаведеното да прави сама (а ако има некоја врска генетиката и јас и татко сме прооделе на 8 месечна возраст, но таа беше многу мрзлива). Што се однесува за дубалката, ја користиме од 6 месечна возраст и како што рече ортопедот, сите светски доктори (бла, бла) се против дубалка, но сите ја користат. И јас навистина не можам да завршам ништо по дома ако не е дубалката и плус детето ужива, само се движи, си истражува, имам наместено на нејзина висина еден куп играчки и таа сама се вози наоколу, си игра, фрла, чука. А тоа дека мора да сме спремни по цел ден да го шетаме наведнати детето, само оти сме сакале да станеме родители е чиста глупост, јас кога се враќам од работа баш на овие горештини немам сила од 4 до 10 вечер да ја шетам ќерка ми цело време низ куќи наведната, туку комбинираме, малку дубалка, малку седи опколена со играчки, малку лази, малку се шеткаме.
|
|
|