blue_blue -> RE: Вештачко оплодување - II дел (2.3.2011 2:03:43)
|
Потпис! Др Петановски никоаш не ми рекол да лежам во кревет, освен што ми рече првите три дена после трансферот да не одам на работа односно повеќе да одмарам, ама никогаш не ми рече да лежам во кревет и да станувам само за до ВЦ. Трансферот ми беше во вторник. Во сабота веќе шетав насекаде, а во понеделник си бев на работа најнормално. И се качував по скали и седев и се правев...На работа одев цело време, никогаш не лежев дома, само првите 3 месеци работев по 4 саати дека многу бев уморна и нон стоп (до крај на бременоста ми се гадеше). Во 5 ти месец бев на еден ден до Охрид со кола, во 8 месец држев 2-дневни обуки сама, и родив здрави прави близначки целосно доносени по 2кг и 800 гр. Така да сите тие лежења во кревет и тресења за се и сешто мислам дека имаат контра ефект. Колку повќе лежиш и гледаш во една точка толку повќе мозокот ти е опседнат со тоа што лошо може да се случи. Така да ИВФ јас го сфатив како било која друга работа во животот за која нема потреба да се потресувам и замарам зошт исходот не зависи од мене и моето лежење во кревет и секирање. ИЗВОРНА ПОРАКА: Leona01 Redovno ve pratam,no nemam mnogu vreme za da vi pisuvam.Prethodno se zacleniv na forumov barajki pomos od Vas,no sega vi pisuvam za da vi dadam mal sovet. Jas posle 6 god. borba ,4 neuspesni inseminacii i mnoguuuu pregledi,bolnici i slicno uspeav da ostanam bremena uste pri prvoto invitro.Invitro pravev kaj Dr. Tase vo Plodnost-Bitola.Timot vo ovaa ordinacija e nezamenliv i mnogu strucen.Za cel zivot ke im bidam blagodarna.Mal sovet do site koi se vo postapka na IFV ili pak zavrsile, da ne se preoptovaruvate mnogu so pomislata sto ke bide,odnesuvajte se prirodno.Jas na tret den po transferot zaminav na rabota. Za da stignam na rabota sekoj den patuvam po 40 min. Taka da fizickiot odmorot ne e tolku biten,ako psihicki si zamorena. Sega sum na krajot od 3 mesec od bremenosta,nosam bliznacinja i od samiot pocetok patuvam za na rabota i planiram da prodolzam dodeka mozam.I uste nesto ziveam vo stan na 5 sprat,uste vtoriot den od transferot morav da sleguvam i da se kacuvam po skali za da primam inekcii.Im posakuvam sreka na site sto ste vo postapka i nikako da ne se otkazuvate.Izvinete za dolgiov post.
|
|
|
|