|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Криза во бракот
23.3.2015 18:23:20   
marchi
Ja pronajdov (konecno) temava za da si ja kazam makata pa ocekuvam i soveti mislenja kritiki... Se ke bide prifateno. Vo brak sum 25 meseci pred toa ziveeme zaedno okolu 4 meseci. Kriza i raspravii ima dosta cesto. Kako sto minuva vremevo se pomalku sum sreknja odnosite ni se ne mnogu sjajni. Retko mozeme da se razbereme i dogovorime za nesto, problem e negoviot inaet. Cesto znae da rece "e za inat ne go pravam toa, ti ke go napravis" i kako jas so 2 godisno dete da gi snosam site odgovornosti? Aj si vikam ke se nauci ke se navkne na obvrskite, i taka cekajki si gi izgubiv nervite, sekogas koga ke sakam da mu ukazam deka postojat i maski obvrski i deka i mene mi treba pomos pa i odmor toa vodi do kavga. Ne mozam vekje ni da trpam ni da mislam na koj drug nacin da razgovaram so nego. Dali e period ili nesto drugo ne znam ne bese vakov.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Криза во бракот
23.3.2015 18:49:58   
lukajana RR
Marchi во секој брак има кризи и расправии ,совршено ништо нема само треба да научиме како да се справуваме со проблемите во животот.

Јас сум во брак 6 год. и врска пред брак 7 год.и можам да кажам дека го знам како книга,не држам лутина и обично кавгите на заебанција ги терам,и мојот е инат ама џабе му еuser posted image му викам добро и си терам ,ке му помине лутината и пак ке биде по моеuser posted image јас не се откажувам.

Би те советувала смирено да разговарате ама не кога е лут ке го фатиш во арните ,не му се жали од жалење фајде нема само нервоза ке ствараш и малку повеке самодоверба јас сум со две деца од кои едното е бебе ама никогаш не сум рекла дека нешто не можам дека ако сакам и ако нешто наумам ке го направам .

Само смирено и оцени ја ситуацијата дека ти најдобро си го познаваш мажот и знаеш дали има шанса да се сменат работите,Поздрав

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 23.3.2015 23:53:39 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Криза во бракот
23.3.2015 22:35:07   
Melanija RR
Мажите се менуваат кога ќе дојде бебе.Некои не се свесни дека треба да си земат обврска плус, дека жената неможе се сама и затоа е бракот.Пробај со разговор но кога се е ок, не кога ќе дојде до карање.Отвори се и кажи му што ти е тешко,за што ти треба помош, дека си и жена и сопруга ти треба време и за тебе.Сите периоди поминуваат но мора да се најде време и место да се разговара.Ако се става под тепих проблемите остануваат

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Криза во бракот
23.3.2015 23:48:26   
Hopeful RR
marchi, не се вознемирувај, вакви кризи се нормални, и ми личи на фаза. Може го пука параноја некоја, може ради детето, којзнае. Да не се осеќа ко да му наредуваш или дека му се поставуваш како мајка, може се осеќа преоптеретен, штознам... машкото его е чудна работа.

Во секој случај, пробај на поинаков начин да ги комуницираш твоите потреби и да му кажеш што ти пречи. Прво, пробај со фино, не додека се карате, туку уз фин нормален муабет. Види се себе си од страна - дали кога сакаш или бараш нешто од него, можеби го кажуваш на начин што него го иритира или го предизвикува да тера инат. Мора да има некоја логична причина зошто не сака да прави нешто?! Пробај игнорирај го еден период, не му давај ни задачи, ни обврски, ако не па, не барај ништо од него, види дали ќе реагира сам по себе...

Ќе размислам уште и ќе ти пишам пак, во секој случај не си земај се при срце user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 0:08:38   
deluxe
Marci ne se nerviraj,vie ste seuste na pocetok na brakot.Seuste se prilagoduvate eden do drug.Bez razlika kolku ste bile vo vrska,brakot ima drug tek na nastanite.Tie dve raboti ne se sporeduvaat.Ne ocekuvaj toj da bide onoj stariot decko,sto bese pred brakot.Pocni da teras "diplomatska politika" Nikoj maz ne saka koga ke si dojde od rabota da go preceka zena koja se zali I placi! I nego mu e tesko,sigurno ne placi od vrata stom ke vleze domauser posted image Probaj smeni taktika,bidi vedra,nasmeana,ponudi mu kafe,razgovaraj so nego okolu negovata rabota,kako pominal I SL.Ednostavo islusaj go,dokolku ne saka da razgovara ostavi go vo tishina.Ama najvaznata rabota e ti da bides smirena,cekaj prav moment,pa fino zamoli go da go pricuva maloto PR:DA se istusiras,da se sredis I SL.Inaetot e rezultat na nekoj prikrien revolt kon tebe,ne sakam da te karam,ama preispitaj si gi postapkiteuser posted image Mazite se kako decata,kolku poveke gi opomenuvas ili ogranicuvas,tolku poveke Inaetot im rastiuser posted image


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 0:22:18   
mamicki
И двајцата сте напнати поради новата улога. Не е лесно да се биде родител, а не дете :) Но, мора да прифатите дека сте родители. И дека ги делите обврските.Ако не помогне конструктивен разговор, ништо нема да помогне. Потоа имаш избор- да трпиш или да прекинеш да трпиш.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 1:08:41   
marchi
Mi dadovte dosta dobri soveti, vo GLOBALA se slicni no vazno e deka bevte vo pravo. Za toa deka treba da se preispitam ne se lutam niti mislam deka e karanje no e naj pravilno zasto sekogas e bitno da se razmisli pred da se prevzeme bilo sto pa malar toa bilo zalenje ili nekoja zabeleska. Moja cel bese da go naucam deka i toj ima obvrski doma ne e negova rabota samo da donese doma pari i tolku, pa i zeni ima sto nosat doma pari pa so toa ne im e zavrsena obvrskata za doma.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 7:03:56   
deluxe
Moja cel bese da go naucam deka i toj ima obvrski doma ne e negova rabota samo da donese doma pari i tolku


Оваа цел ќе си ја исполниш само со политикаuser posted image
Кога мажот ќе биде смирен,полека наметни му некоја обврска,онака на кратко да ти помогне,да го причува детето,да го заспие и сл.Не очекувај дека од старт ќе го научиш да пере и чисти,можеби никогаш нема тоа да го направи,но како обврска наметни му работа околу детето и сл.Некогаш тактизирај дека неговите јадења ти се многу вкусни,па натерај го да ти зготви ручек или вечера и сл.user posted image Мислам дека ме разбраuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 10:56:14   
Defne90 RR
И кај нас пукна некоја врска што го одржуваше бракот колку толку како и односите во него.Не можам да речам дека се било сјајно и бајно,ама во последните неколку дена начисто се расипаа односите до таа мера што стигнавме и до тоа да правиме муабет за развод.Значи љубовта е тука и не исчезнала,ама во последно време зачестија караниците како и тоа дека се почесто немаме исти ставови околу многу работи па стално си контрираме еден на друг.Проблем исто така што е достаголем е љубомората на маж ми.Љубомори буквално за ситници и стално ми префрла.Па морав и фб да деактивирам на некое време и да се тргнам од сите социјални мрежи.И решивме на крај и двајцата да се дистанцираме од нет и да посветиме повеќе внимание еден на друг и да поработиме на нашите односи за да си го зачуваме бракот и заради нас и заради децата.Сега за сега е добро,се надевам дека ќе ни се усогласат ставовите за многу работи па нема на крај да се влечкаме по адвокати и да се караме за старателство над децата.Никогаш не може се да биде сјајно и убаво ама сепак треба да постои некој компромис.Во тоа е и поентата на бракот.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 13:17:28   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

И кај нас пукна некоја врска што го одржуваше бракот колку толку како и односите во него.Не можам да речам дека се било сјајно и бајно,ама во последните неколку дена начисто се расипаа односите до таа мера што стигнавме и до тоа да правиме муабет за развод.Значи љубовта е тука и не исчезнала,ама во последно време зачестија караниците како и тоа дека се почесто немаме исти ставови околу многу работи па стално си контрираме еден на друг.Проблем исто така што е достаголем е љубомората на маж ми.Љубомори буквално за ситници и стално ми префрла.Па морав и фб да деактивирам на некое време и да се тргнам од сите социјални мрежи.И решивме на крај и двајцата да се дистанцираме од нет и да посветиме повеќе внимание еден на друг и да поработиме на нашите односи за да си го зачуваме бракот и заради нас и заради децата.Сега за сега е добро,се надевам дека ќе ни се усогласат ставовите за многу работи па нема на крај да се влечкаме по адвокати и да се караме за старателство над децата.Никогаш не може се да биде сјајно и убаво ама сепак треба да постои некој компромис.Во тоа е и поентата на бракот.



Дефне само смирено,не избувнувај,пробај да ја намалиш љубомората нај мажот.разговарај со него отворено ,кажи му ги своите чувства,објасни миу дека тој е твојот избраник.Верност не се докажува со исклучување од светот,изолирање од случувањата околу вас и луѓето.верноста е во срцето и мозокот на човекот.Неверство се случува и во мозокот на жената или мажот,но да не го дозвоиме да дојде до тоа.Како велат стари врзано куче штом ќе се одврзи ќе касне некого,така е и со верноста,не се изолирајте до толкуuser posted image ,вратете си ја довербата еден кон друг,одржувајте поголема комуникација меѓу вас.Почесто разговарајте,разговорот на партнерите е најсилниот столб во врската.Штом се изгуби комуникацијата,ќе се изгуби се.

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 24.3.2015 13:19:44 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 13:41:53   
Melanija RR
Оф се е тоа така за мажите ,НО ретко кој маж сака да збори и резони и објаснува како нас. И јас зборам,разглабав и добиваш ок ,како мислиш,ех глупости не е така.....user posted image и ајде не се расправај и префрлај. Пробај со муабет небива,со префрлање небива,само тактки за да некаде се приближат ставовите.

Ние сме сложени или тие се прости.user posted image Кај нас расправиите се за флегматичност и одложување на сите договори ,разговори и планови ,а мене тоа од такт ме вади.
Немојте одма на развод да мислите,и не само поради децата туку и во име на љубовта,кој иако може скириена таа е тука. Мора да е подконтрола ,кратки кризи, само да не траат повеќе месеци тоа веќе е сериозно.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 13:52:23   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

.... нас расправиите се за флегматичност и одложување на сите договори ,разговори и планови ,а мене тоа од такт ме вади.....


Ние се омаживме за ист маж?user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 13:55:29   
Melanija RR
Јас и ти сме слични,ама маживе де?user posted image user posted image user posted image
Кажи чареuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 14:43:16   
Kvisko
Нема чаре за мажи де. Јас вчера три пати му кажав на мажми да внесе алишта од балкон внатре и на крај пред легнување ми текнува да го прашам кај се алиштата и тој зачуен вика леле ги заборавив. Го свртев на смеење се тоа, едноставно такви се мажи. Сам ми признава вика ја све ќе сработам што ќе ми кажеш смао потсетувај ме, го немам она твоето „црвче“ што би ме натерало да мислам на домашни работи. Така што со мажи коњски нерви требаат. Додуше мојто ми помага по дома не можам да се пожалам само ете научив дека му треба потсетување.
Среќа па за битни работи до сега сме на иста бранова должина веќе 15 години (10 врска и 5 брак).

Инаку ако има разидување околу битни ставови мора да се најде начин прво полека полека да се отвори можност за сослушување еден со друг без разлика дали тоа ќе значи седнување дома или одење некаде за мирно да се разговара. Се додека не се реши суштината на проблемите нема да има трајна хармонија. На пример Defne90 нема да имате трајна хармонија ако не ги решите битните прашања како на пример љубомората. Не може вечно да избегнуваш одредени активности зашто сега му е facebook проблем, утре ќе му биде нешто друго. Обавезно решете го тоа и потоа едно по едно сите битни прашања се додека не дојдете до решенија прифатливи за двајцата инаку можеби одреден период ќе ви биде убаво ама ако проблемите тлеат по некое време пак ќе избувнат.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 14:57:46   
Mihaela 2010
Fakt e deka vo brak semenuvaat ne samo mazot tuku i zenata..samo sto nie mislime deka samo tie se smenile bidejki nie sme tie sto emociite povekje gi iskazuvame, nexnam mozebi i tie vo masko drustvo si se zalat.
Me nerviraat muabetite od tipot faza mu e radi deteto se smenil...zosto bi se menjal radi deteto??? Da ubavo e da se smeni megutoa vo pozitivna smisla..eden zrel i stabilen maz ne i menuval nisto nitu pak bi bil ljubomoren sto zenata e pocesto posvetena na deteto sto e mnogu normalno dur e malo i dur majkata e na porodilno.jas skoro 8 meseci sum bez seks, sto od shube na pocetok sto od neugodnost pa vo niefen moment ne osetiv deka mm e nesto smenet ili mi e lut ili pak nedaj boze ima druga...
Ti najdobro si go poznavas , moze za pocetok razgovor e najpametno resenie







_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 15:54:35   
fifi16
здраво мамички јас сум нова на форумот и се зачленив најповеќе за оваа тема и за помош... знам дека малце е долго, но се надевам дека ќе добијам некој совет од вас... значи во брак сум 2 ипол години, и имам син од 2 години, со маж ми не сме во добри односи, кога се роди малиот премногу се каравме поради мајка му бидејќи таа знаеше се, после тоа тоа се среди сега сме преселени кај мене и се е во ред, е сега отогаш нам ни се расипаа однсите и не живееме убав живот... инаку јас имам 22 а маж ми 26 години, тој работи а јас не, пред да се запознаам со него, одев со едно дете од кое бремена и по негова принудба аборирав ( за тоа не сакам да се потсетувам бидејќи премногу ме боли ) после раскинувањето се запознав со маж ми и поради психичката состојба во која се наоѓав останав бремена повторно и се зедовме, одевме само 3 месеци... пред една година го изневерив мажот ми со бившиот, тој дозна и по долго молење ми прости... јас отогаш немам никаков контакт со бившиот и не ни го планирам тоа... ние уште пред да се случи тоа секојдневно се каравме, но сега последните 2-3 месеци тоа стана неподносливо, само ме расплачува, ми тера инат, почна и да ме тепа кога е пијан, и тоа се за толку кратко време, стана се поизразено, упорно го терам да разговараме но тој несака, само ме откачува, на моменти знае да биде и прекрасен но тоа е ретко... за сексот воопшто не сакам да зборувам, гледа да се задоволи само тој, мене никако... можам слободно да кажам дека иако ми е маж јас се страмам од него... му предложив да одиме на брачно советувалиште тој несака, му зборувам, не ме слуша, веќе почнав и да се откажувам, а кога ќе му спомнам развод, не сака, тогаш разговара со мене ми ветува сва и свашта, така сме неколку дена и после тоа пак стара песна... ве молам за помош, бидејќи стварно не знам веќе што да правам, не сакам син ми да расте без татко а и јас не сакам да се разделам од него

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 16:04:19   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Јас и ти сме слични,ама маживе де?user posted image user posted image user posted image
Кажи чареuser posted image


Чаре нема, се дури мама е во близина, нема чаре, ако се преселиме друго место, тогаш ќе се освестат, инаку кај мене се што ќе каже мама се слуша и памти, јас кога ќе кажам послабо или се подзаборава, морам да го потсетам, ќе си почекаме изгледа...user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Нема чаре за мажи де. Јас вчера три пати му кажав на мажми да внесе алишта од балкон внатре и на крај пред легнување ми текнува да го прашам кај се алиштата и тој зачуен вика леле ги заборавив. Го свртев на смеење се тоа, едноставно такви се мажи. Сам ми признава вика ја све ќе сработам што ќе ми кажеш смао потсетувај ме, го немам она твоето „црвче“ што би ме натерало да мислам на домашни работи. Така што со мажи коњски нерви требаат. Додуше мојто ми помага по дома не можам да се пожалам само ете научив дека му треба потсетување.


Ептен држи вода, истото ми се случува и мене, мора како на мало дете збор по збор и една по една работа, му кажа ли две работи да ги заврши истовремено, ништо обавезно не успеваuser posted image user posted image ...ееех наша чудесна Македонија

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 16:20:21   
Hopeful RR
Море јас почнав и со списоци, дури мм ми призна дека така многу му се олеснувало, и ете, најдовме некакво решение user posted image Обична to do листа за работите кои би ги заборавил или заташкал, мада да бидам фер и искрена, мм знае сам да среди и направи многу работи, без да го терам или потсетувам. Понекогаш дури јас сум помрзлива од него user posted image

Него, ова што го прочитав кај fifi16 воопшто не ми се допаѓа.

Кај вас не се проблем ни годините, ни краткоста на врската колку што е проблем мотивот за да се влезе и остане во врска. Но, веќе имате дете и овие муабети се излишни. Ми се чини дека се може да се реши освен физичкото насилство, и за тоа не гледам ниедна друга опција од тоа ти да се иселиш. Не смееш да си дозволиш да бидеш нечија жртва само за синот да има татко - тој секогаш ќе му биде татко. Но, она што му е неопходно е здрава и права мајка, нешто што тебе ќе ти биде тешко да го постигнеш ако се согласиш на физичко и сексуално насилство. Консултирај се со центри за семејно насилство, имаат и адвокати на располагање, и проучи си ги опциите, без оглед на тоа што тој вика и дали сака развод или не. Со среќа и пиши ни!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 16:40:18   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: fifi16

.....значи во брак сум 2 ипол години, и имам син од 2 години, со маж ми не сме во добри односи, кога се роди малиот премногу се каравме поради мајка му бидејќи таа знаеше се, после тоа тоа се среди сега сме преселени кај мене и се е во ред... јас имам 22 а маж ми 26 години, тој работи а јас не...

....пред да се запознаам со него, одев со едно дете од кое бремена и по негова принудба аборирав ( за тоа не сакам да се потсетувам бидејќи премногу ме боли ).....

....после раскинувањето се запознав со маж ми и поради психичката состојба во која се наоѓав останав бремена повторно и се зедовме, одевме само 3 месеци...

..........пред една година го изневерив мажот ми со бившиот, тој дозна и по долго молење ми прости...

..... последните 2-3 месеци тоа стана неподносливо, само ме расплачува, ми тера инат, почна и да ме тепа кога е пијан...... за сексот воопшто не сакам да зборувам, гледа да се задоволи само тој, мене никако... можам слободно да кажам дека иако ми е маж јас се страмам од него...

........ ве молам за помош, бидејќи стварно не знам веќе што да правам, не сакам син ми да расте без татко а и јас не сакам да се разделам од него


Ах бре девојче, дали имаш садо-мазохистички барања? Немој погрешно да ме сфатиш, ама упорно се закачуваш за типови што те игнорираат, те тераат да абортираш, па пак на такви им се враќаш иако еднаш, па потоа маж ти те тепа....лелее не знам стварно што совет да ти дадам, дефинивно побарај стручна помош од психолог/психијатар/брачен советник, дури и да не сака тој, оди сама прво, подоцна може ќе се сложи, прво расчисти ти што сакаш во животот. Мора да претстане да пие и да се открие причината зошто пие, дали длабоко не може да ти прости неверство, затоа и во сексот како да те понижува......а сепак е со тебе заради детето....не сум паметна, овие работи треба да ги расчистите за да знаеш што понатаму, а ако не бива заедно подобро одделно, но тоа е последна опција, пробај да најдеш начин да се средат работите и секако побарај стручна помош.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот fifi16)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 16:49:14   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: fifi16

здраво мамички јас сум нова на форумот и се зачленив најповеќе за оваа тема и за помош... знам дека малце е долго, но се надевам дека ќе добијам некој совет од вас... значи во брак сум 2 ипол години, и имам син од 2 години, со маж ми не сме во добри односи, кога се роди малиот премногу се каравме поради мајка му бидејќи таа знаеше се, после тоа тоа се среди сега сме преселени кај мене и се е во ред, е сега отогаш нам ни се расипаа однсите и не живееме убав живот... инаку јас имам 22 а маж ми 26 години, тој работи а јас не, пред да се запознаам со него, одев со едно дете од кое бремена и по негова принудба аборирав ( за тоа не сакам да се потсетувам бидејќи премногу ме боли ) после раскинувањето се запознав со маж ми и поради психичката состојба во која се наоѓав останав бремена повторно и се зедовме, одевме само 3 месеци... пред една година го изневерив мажот ми со бившиот, тој дозна и по долго молење ми прости... јас отогаш немам никаков контакт со бившиот и не ни го планирам тоа... ние уште пред да се случи тоа секојдневно се каравме, но сега последните 2-3 месеци тоа стана неподносливо, само ме расплачува, ми тера инат, почна и да ме тепа кога е пијан, и тоа се за толку кратко време, стана се поизразено, упорно го терам да разговараме но тој несака, само ме откачува, на моменти знае да биде и прекрасен но тоа е ретко... за сексот воопшто не сакам да зборувам, гледа да се задоволи само тој, мене никако... можам слободно да кажам дека иако ми е маж јас се страмам од него... му предложив да одиме на брачно советувалиште тој несака, му зборувам, не ме слуша, веќе почнав и да се откажувам, а кога ќе му спомнам развод, не сака, тогаш разговара со мене ми ветува сва и свашта, така сме неколку дена и после тоа пак стара песна... ве молам за помош, бидејќи стварно не знам веќе што да правам, не сакам син ми да расте без татко а и јас не сакам да се разделам од него


fifi16, добредојде пред се на РРаја, се надевам дека ќе ти бидеме потпора во овој тежок период и дека бргу ќе го надминеш проблемов.

Прво да сфатам - живеете кај тебе, во домот на твоите родители? Во заедница? И сите караници и физички пресметки се одвиваат таму, во присуство на твоите? Како тие ве прифатија?
Второ - не би сакала да те навредам никако, но сметам дека премногу си избрзала со одлуката да се врзеш со овој човек, на сметка на стварање дете. Односно, во период кога си била најранлива, си донела избрзана одлука.
Оттука произлегло и неверството, во тој чувствителен период.
Нејсе, не сакам да судам...биднало...
Причината да останеш со сопругот не треба да биде детето. Тоа е погрешно. Подобро среќен развод и стабилни родители, од несреќен брак и дисфункционално семејство.
Но, ако тебе сеуште ти стојат чувствата за сопругот, тогаш преслушај се себе, види што сакаш, што треба и што може да се спаси и да се надоградува во вашиот однос.
За што се карате, кога веќе сте настрана од мајка му, која била проблем? Дали има проблем во комуникацијата? Дали доволно се запознавте во меѓувреме?
Мора да најдеш начин да го убедиш да посетите соодветна установа - советувалиште или психолог и да одлучите со нивна помош како да го надминете овој сериозен проблематичен период.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот fifi16)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 17:21:28   
mommy_angels RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

.... нас расправиите се за флегматичност и одложување на сите договори ,разговори и планови ,а мене тоа од такт ме вади.....


Ние се омаживме за ист маж?user posted image user posted image

Давајте слиκи од маживе да се осигуρаме деκа не е еден ист user posted image
Шала на стρана ама навистина им нема чаρе. Тоа ЕГОТО име толκу κρшливо,а толκу силно,што баρа посебна нега и внимание и вρеме и живци дρаги мои user posted image Мм на пρимеρ од тρи ρаботи,две забоρава. Ама баш ниκогаш не κупил се што тρеба. А аκо му пишам списоκ,истиот го забоρава дома. Аκо тρеба нешто да напρави , ниκогаш не е веднаш, чисто да не биде деκа "сκоκа" на мојот збоρ, а подоцна ноρмално забоρава user posted image И таκа во недоглед. Јас се помиρив со тоа и научив деκа теле се учи, а не вол user posted image


< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 24.3.2015 17:36:50 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 17:52:15   
lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

И кај нас пукна некоја врска што го одржуваше бракот колку толку како и односите во него.Не можам да речам дека се било сјајно и бајно,ама во последните неколку дена начисто се расипаа односите до таа мера што стигнавме и до тоа да правиме муабет за развод.Значи љубовта е тука и не исчезнала,ама во последно време зачестија караниците како и тоа дека се почесто немаме исти ставови околу многу работи па стално си контрираме еден на друг.Проблем исто така што е достаголем е љубомората на маж ми.Љубомори буквално за ситници и стално ми префрла.Па морав и фб да деактивирам на некое време и да се тргнам од сите социјални мрежи.И решивме на крај и двајцата да се дистанцираме од нет и да посветиме повеќе внимание еден на друг и да поработиме на нашите односи за да си го зачуваме бракот и заради нас и заради децата.Сега за сега е добро,се надевам дека ќе ни се усогласат ставовите за многу работи па нема на крај да се влечкаме по адвокати и да се караме за старателство над децата.Никогаш не може се да биде сјајно и убаво ама сепак треба да постои некој компромис.Во тоа е и поентата на бракот.

Defne90 RR пробај дистанцирај се од нет ако тоа нешто менува иако мислам дека тоа не е решение.Вашиот проблем е љубомората на мт и тоа ке ви биде проблем се додека не научи да ја контролира.Јас знам дека ти си млада многу мила и убава девојка и нормално е малку да биде љубоморен но се што е над нормалата е веке болест а оваа болест многу тешко се лечи.Плус ти не работиш значи претежно си дома и сигурно најчесто излегуваш со него и има минимални причини да биде љубоморен а какви би ви биле односите ако работиш и голем ден од денот не гледа што правиш.Би те советувала малку да ја смириш топката некое време не го спомнувај овој проблем и кога ке му помине лутината разговарајте и некако објасни му дека што и да правиш каде и да одиш ти си негова жена и сакаш да бидеш негова жена дека нема потреба да љубомори без причина и во секој твој поглед или движење самиот да си наоѓа причина.Се надевам дека брзо ке си ги средите односите ,јас во тебе гледам многу добар пријател и знам дека ке успееш да средиш ,сите сме имале кризи но разводот е последното решение посебно кога луѓето се сакаат

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 17:54:19   
fifi16
да живееме кај моите дома, тие никако не прифаќаат, тие се од старите генерации кои каков и да е бракот треба да се седи во него, ми велат ти си го избра, сега седи си... инаку не барам никакви садо мазо, ние имаме односи еднаш во недела и тогаш ќе сврши за 2 минути и толку е од нас, ни предигра ни ништо... пред се ме охрабривте да посетам брачно советвалише и ќе одам уште утре, инаку го сакам, премногу згрешив што беше се толку брзо, тогаш не го ни сакав маж ми, сакав само дете, бидејќи ми беше премногу тешко поради абортусот... не го ни запознав, ние почнавме да се запознаваме после тоа, а сега тие месеци му ги видов страните што никогаш не би сакала да му ги видам... ќе одам во брачно советувалиште и ќе видам таму што ќе ми кажат... сакам пред се доколку можам да го спасам бракот, мака ми е што несака да разговара, не ми кажува што го мачи, доколку е изневертувањето подобро нека ми каже, јас ќе се потрудам да се средиме, но тој не ми кажува... секој ден плачам, премногу ми е тешко, моите ми прават уште потешко бидејќи немам подршка од нив, ми велат само слегни долу, бидејќи живееме на посебни спратови кога ќе дојде дома пијан...

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 18:14:00   
lukajana RR
Не знам што да ти кажам девојче,мажите многу не зборуваат посебно за болна тема како неверство но биди сигурна дека не го заборавил а ниту дека ти простил.Според ова што го пишуваш тој ти се одмаздува и сака да ти нанесе болка,а ваквиот секс повеке наликува на силување отколку на нешто што двајцата го посакувате.Оди на советување и пробај да ги решиш односите ако се решаваат ако не здравје животот продолжува многу луѓе се разведуваат ,некогаш е подобро да се разведеш отколку да трпиш насилство,а и за детето не е убаво да расте во ваква средина вака само трауми ке му создавате.
Поздрав се надевам дека на рр ке најдеш одговори на твоите дилеми и ке ти помогнеме да го помонеш овој тежок период

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот fifi16)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Криза во бракот
24.3.2015 18:53:42   
kapina
Fifi moj sovet ti e da se razvedes toj sto te maltretira pak ke te maltretira sto dali e podobro toa deteto da gleda kako ovoj te maltretira ne e samo deca imame i gotovo moram da ziveam so nego eden e zivotot devojko mojata majka sekogas mi vika posto i ona ima preziveano eden razvod ako ne ti cine vratata ti e otvorena ne si dolzna nikogo da trpes i da te maltretira

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?