|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Афродизијак
17.8.2009 8:07:46   
profesorica
Бамјата е еден од најубедливите афродизијаци што мајката природа го има понудено во својата раскошна ризница на корисни растенија. Бамјата, чие име на турски јазик значи билка, има специфичен вкус кој не може да го замени ниту едно друго растение.

Ова растение има одличен состав. Содржи мали количевства заситени масти и холестерол. Богата е со растителни влакна, но и витамини А, Ц, К, Б6 и фолна коселина. Содржи умерени количевства на калциум, магнезиум, фосфор, калиум, железо, цинк.

Хранливите состојки на бамјата ја прават идеален избор за луѓето кои сакаат да го загубат вишокот килограми, но и за одржување на здравјето на организмот. Дури, се препорачува да не ја вклучувате бамјата во исхраната ако ваша цел е да си ја зголемите тежината.

При купувањето бамји бирајте плодчиња долги 5 до 6 сантиметри, кои по боја треба да бидат светло зелени, несплескани и без кафеави флеки или знаци на гниење. Ако плодовите имаат црни точки и изгледаат суво, не се свежи.

Свежите бамји се чуваат во фрижидер и треба да се употребат во рок од еден или два дена. По тој период, ова растение ја губи свежината, вкусот и хранливоста.

Извор: HRANA.COM.MK

< Поракaта ја уредил mami -- 1.10.2009 8:38:42 >
Непосредна врска до пораките: 1
   Афродизијак
17.8.2009 8:22:59   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image јас ја сакам ама само во турлитава, но ако влијае на тежината не ја јадам веке, па сакам да додадам некое килцеuser posted image

< Поракaта ја уредил mami -- 1.10.2009 8:39:07 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 2
   Афродизијак
17.8.2009 15:30:27   
Еца
Бамјата исто така е многу убава и во супа, ако не сте ја јаделе така, пробајте, нема да погрешите!user posted image

< Поракaта ја уредил mami -- 1.10.2009 8:39:37 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   Афродизијак
1.10.2009 8:38:14   
mami
изворна порака- Биг мама_817:

незнам дали има ваква тема ако не тоагаш прочитајте некој корисни информаци кој не сте ги знаеле
Дали на вашиот љубовен живот му треба дополнителна енергија? Ова е список на 10 природни продукти кои ќе ве загреат за романса.

ЦЕЛЕР

Целерот содржи андростенон – феромон за кој се смета дека има дејство на афродизијак. Сол од целер и семе од целер се зачини кои се употребуваат во подготовка на сосови за многу јадења.

БАНАНА

Покрај нејзината форма, и минералите во неа имаат афродизиско делување. Ензимот бромелаин во бананата го стимулира либидото на мажите. И еве една вест за нашите патриоти – Александар Македонски е првиот европеец кој јадел банана.

КАЛИНКА

Калинката со своите мали семки со илјадници години била симбол на плодност во античките култури. Од Кина, каде била знак за богато и здраво семејство, е пренесена во Италија. Пробајте од ова овошје и ќе забележите разлика во својот однос кон партнерот.

ПРАСКА

Многу уметници, на праската пресечена на половина, гледаат како на заведување. А, повеќето од кинеските невести и ден денеска на свадбата носат цвет од праска. Праската, поради својот состав, делува фантастично на кожата и нејзиниот сјај. А, тоа е една од првите работи која ја забележуваме кај спротивниот пол.

ПЛОД ОД ГИНКО

Овој плод делува на забрзување на циркулацијата на крвта во телото. А, подобрата циркулација делува позитивно и на либидото кај обата пола. Може да се јаде во каши и чорби, како и да се пржи

ОВЕС

За да го зголемите либидото јадете овес, 'рж, јачмен или ориз секој ден. Не само што го зголемуваат либидото, туку делуваат и на намалување на холестеролот. Му даваат јачина и должина на вашето либидо.

БОСИЛЕК

Илјадници години се користи за готвење, во медицината и како афродизијак. Стручните лица веруваат дека привлечниот мирис ги вклучува сите сетила и влијае на начинот на кој го восприемаме однесувањето на спротивниот пол.

ЛУК

Претставува дел од фамилијата на кромиди, што не треба да зачудува поради неговиот изглед и мирис. Како составен дел на готвењето се користи уште пред Исус Христос. Е сега, дали ќе консумирате мелен лук или ќе го натерате и партнерот да јаде – зависи од вас.

ЃУМБИР

Уште еден од плодовите чија татковина е Кина. Ѓумбирот делува на либидото и кај мажите и кај жените подеднакво. Дел е од многу лекови од народната медицина.

ЦРН БИБЕР

Потекнува од Индија и неговото делување е пред сѐ кон зголемување на енергијата во телото. Нормално, дел од таа енергија ќе ја потрошите во спалната соба. Освен тоа, јадењето би било многу сиромашно ако не ставиме од овој зачин.
 
извор:gurman.mk



< Поракaта ја уредил Еца -- 7.12.2009 8:46:09 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Афродизијак
3.10.2009 15:46:38   
mother 29
Подготовката на дел од афродизијаците не мора да претставува никаков проблем. Во домашни услови може да подготвите бела имела, женшен или синап.
БЕЛА ИМЕЛА
Белата имела, освен по своето енергетско делување, позната е по и делувањето кај артериосклерозата. Сепак, бидете внимателни, бидејќи во поголемо количество е опасна.
Подготовка: сварете чај со 15 гр од билката во еден литар вода. Пијте три пати на ден.
ЖЕНШЕН
Женшенот делува енергетски на вас, има тонизирачки ефекти и се смета за еден од најстарите афродизијаци. Одлично делува и против стресот и ја смирува вашата психичка состојба.
Подготовка: 12 до 15 капки се раствораат во четвртина чаша вода. Напите се после будење и околу 16 часот.
СИНАП
Делува одлично кај луѓето кои имаат проблеми при воспоставувањето на сексуалните врски, додека кај оние кои имаат ненормална потреба за секс делува смирувачки.
Подготовка: сварете 10 до 15 гр од растението во еден литар вода. Чајот пијте го за време на појадокот или приквечер. ●

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Афродизијак
12.11.2009 9:21:25   
profesorica
не знам за вас ама кога со мм јадеме бадеми, лешници, кикирики и другијаткасти овошја...имаме голем апетитuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Афродизијак
12.11.2009 9:24:16   
mami
се ми е афродизијак кога сум со него..и обична пица да е... или парче чоколадо па да ме рани...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Афродизијак
12.11.2009 9:29:49   
mis.
Исто и јас не сум забележала некоја голема разлика ако јадеме нешто од храната која ја сметаат за афродизјак.Па тој ми е најголем афродизјак не ми треба другuser posted image


< Поракaта ја уредил mis. -- 12.11.2009 9:30:18 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Афродизијак
20.11.2009 12:01:56   
mami
еве едно убаво мени

Мени за подобро либидо

Црвеното вино, чоколадото, компирот ја подигаат желбата за секс. Ако на ова додадете и романтична атмосфера со свеќи и секси музика успехот е загарантиран.


Пијалак

За пијалак изберете црвено вино. Лушпата од грозјето содржи ресвератол, антиоксиданс кој по своите својства е мошне близок на афродизијакот. Северозападниот универзитет во Илиноис вели дека црвеното вино кај жените го покачува нивото на естроген, а со тоа и либидото. Но, внимавајте бидејќи поголема количина вино може да ве направи поспани.


Предјадење

Кога станува збор за предјадење најдобар избор се морски плодови затоа што се полни со цинк, а тој го зголемува количеството на сперма и го засилува оргазмот. Ова го тврди студија направена во списанието „Fertility and Sterility“.

Главно јадење

Стек со бибер

Намирниците богати со протеини како месото го засилуваат производството на допамин кој не буди. Црниот бибер влијае врз тоа, по јадењето да не се чувствувате надуено.


Прилог

Компирите се одличен прилог бидејќи се богати со калиум, благодарение на кој полесно се справуваме со стресот и ни се засилува издржливоста. Сепак, не ги пресолувајте за да не го неутрализирате калиумот.

Салата од спанаќ

Салатата од спанаќ е добар извор на магнезиум. Тој им помага на крвните садови полесно да ја спроведуваат крвта, што пак од своја страна е важно за јака ерекција.

Десерт

Чоколадото кај жените го ослободува ендорфинот, односно хормонот на среќа, кој одлично влијае на либидото. А кофеинот кој се наоѓа во составот на чоколадото, дополнително ќе ве остави будни.


извор- идивиди

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Афродизијак
26.11.2009 12:09:26   
profesorica
Разгорете ја страста со најдобрите афродизијаци (1)
Препуштете се на храната која на природен начин ја распалува сексуалната желба.

Ветуваат најјак облик на телесно уживање

Афродизијаците се познати како средства кои на овој или на оној начин заведуваат, ја зголемуваат сексуалната моќ, ја подобруваат потенцијата,го подигнуваат нивото на сексуалната возбуда и го зачинуваат сексуалниот живот. Меѓу нас се векови, а наводно имаат делотворност како на мажите така и на жените. Познаваме неколку видови и верувале или не некои од нив секојдневно ги употребуваме во исхраната. Самиот израз афродизијак потекнува од името на грчката божица на љубовта Афродита . Веќе илјдници години имаа доста висока цена бидејќи ветуваат најголемо телесно уживање.  Верувате ли во нивните цудесни моќи? Сега ке имате прилика да го испробате нивниор чудесен ефект,било на себе или на вашиот партнер/ка.

> Остриги...

Како афродизијак остругите имаат многу богата историја. Ги познавале од времето на Античкиот Рим каде што ги пракале робовите на морскиот брег од каде што им носеле големи количини од овие морски плодови. Покасно славниот љубовник Казанова знаел да изеде дури и по 70 парчиња дневно, а сето тоа за да си ја зачува сексуалната сила. Нивната репутација е изградена врз фактот дека нивниот облик потсеќа на женскиот полов орган. Истото важи и за смоквата и авокадото. Стручњаците ги препорачуваат остригите поради тоа што се богати со цинк кој има важна улога во производството на тестостерон и здрава сперма.


> Лубеница наместо виагра и ананас во одличен коктел…

Сите во Америка ги изненади новоста дека лубеницата има еднаков ефект како и виаграта. Таа вест до некаде ја потврдиле и научниците. Спомнатото овошје наводно одредени хемиски соединенија кои позитивно делуваат на работата на срцето и овозможуваат лесна циркулација на крвта. Наводно на ист начин делува и виаграта.  Ако лубеницата не ви спаѓа во омилените овошја и предност им давате на егзотичните тогаш на  своето либидо дозвлете му свеж ананас. Најдобар е помешан со мед и рум. Наместо рум можете да употребите млеко али тогаш коктелот брзо ке се усири. Само мала чаша од овој напиток содржи голема количина на еротска енергија.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Афродизијак
5.12.2009 19:54:55   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz
Афродизијак за врел секс
Зачинете го вашиот сексуален живот со храна која што буди страст. Уживајте во специјалитетите и коктелите направени од намирници кои го стимулираат апетитот за секс, а потоа препуштете се на врелите сексуални игри.
Страстен коктел

За подготвувањето ви се потребни 200 грама свеж ѓумбир, 2 литра вода, три грејпфрута и три лимони. Ѓумбирот ситно изрендајте го и помешајте го со водата. Процедете го сокот и додајте цеден лимон и грејпфрут. Ако сакате да го зачините напитокот додајте и малку бибер.
Венерина пена

За овој афродизијак ви се потребни 1 банана, половина јаболко, половина портокал и киви, белка, 4 лажички шеќер, лажичка ликер од мента и 2 тенки парчиња лимон. Изгмечете го овошјето, додајте ги и преостанатите состојки и матете три минути. Напитокот поделете го во високи чаши и декорирајте со парчињата лимон.
Љубовни лазањи

Најпрвин земете едно пакување кори за лазањи, 100 грама остриги, 100 грама лигњи, 75 грама ракчиња, 200 мл зејтин, 3 лажици брашно, половина литар млеко, половина чаша бело вино, 2 лажички малиново масло, сол и бибер. На маслиновото масло пропржете ги морските плодови и зачинете со сол и бибер. Кога ќе добијат златна боја, додајте бело вино и варете уште две минути. За бешамел сосот пропржете го брашното, додајте млеко, малку посолете и варете додека не се згусне. Потоа наредете ред кори за лазањи, ред морски плодови и бешамел сос. Постапката повторете ја уште два пати и завршете со кора. Лазањите се печат 25 минути на 200 степени.

ИЗВОРНА ПОРАКА: S*B*

ова венерина пена сочно изгледат ќе го пробаме па ќе кажиме.




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Афродизијак
6.12.2009 9:38:56   
ripce
Храната како афродизијак

Понекогаш и секојдневните намирници кои ги имаме во кујната можат да го "зачинат” нашиот љубовен живот, затоа што е познато дека храната будимногу чувства. Освен тоа, самио чин на јадење може да биде добар почеток на страствена ноќ, пишува Rider's Digest, кој за Вас избра неколку "најсекси јадења”:
1. Лубеница, ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Освен тоа, освежува и има малку калории.
2. Маслинки, богати со антиоксиданси, од стари времиња се познати како афродизијак.
3. Јагоди, полни со витамин Ц и антиоксиданси, симбол на заведувањето. Пробајте со комбинација со чоколадо или шлаг.
4. Вишни, со својот особен вкус може да го "зачини” сладоледот или омилениот пијалок.
5. Артичоки, вкусен зеленчук кој одамна е познат по афродизијачките својства.
6. Чај од ѓумбир, збогатен со цимер ја поттикнува циркулацијата и ги опушта мускулите.
7. Калинка, зрната од калинката се многу здрави и вкусни, ги шират крвните садови, и се додаваат на солени и слатки салати.
8. Пица, со вистински мадитерански зачини, маслиново масло и домати кои и даваат посебен вкус, пицата се јаде со раце, што е посебно задоволство за љубовниците.
9. Шлаг, најсексипилното јадење на светот е неизоставен дел од "љубовната игра”.
10. Месо, оброкот богат со протеини дава сила и секогаш е добар избор за вечера за двајца.

< Поракaта ја уредил ripce -- 6.12.2009 9:39:36 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Афродизијак
6.12.2009 9:54:54   
ripce
Храната како афродизијак
Школките и шампањското се секако на прво место кога станува збор за храната како афродизијак, но вистинате е дека храната која навистина го поттикнува либидото воопшто не е толку егзотична.

Сирењето, јајцата, бананата, праските, лешниците и оревите се само дел од намирниците кои ќе ја зајакнат Вашата сексуална енргија. Од друга страна пак намирниците со високо количество на заситени масти, грицките и слатките од бело брашно и шеќер ја одземаат сексуалната енергија и ја намалуваат страста.

Младото сирење и немасниот јогурт го креваат нивото на допамин, супстанца која е заслужна за јакнење на сексуалната желбата, доека јајцата и црвеното месо ја зголемуваат сексуалната енергија. Омега 3 масните киселини од рибата пак,  ја зголемуваат Вашата чувствителност на секој допир од страна на партнерот/ката.

Црвеното овошје богато со антиоксиданти, како боровниците, јагодите и брусницата ја зголемуваат циркулацијата, додека заситените масти од маслиновото масло и мисиркиното месо го зголемуваат нивото на тестостерон,  што ги прават мажите поактивни за време на сексот.

Црната чоколада го крева нивото на хормонот на среќата, што резултира пак со засилено либидо. Намирниците кои се богати со витамин Б, како кикириките, млекото и јајцата го олеснуваат доживувањето на оргазам. Семките од тиква, лешниците и оревите се богати со протеини кои го одржуваат организамот витален и спремен за засилена сексуална активност.

Митските афродизијачки својства на школките се поврзани со високото ниво на цинк во нив, кој ги засилува чувстата за мирис и вкус, додека намирниците со сензуален изглед како бананата, праската и смоквите ја поттикнуваат фантазијата и ја распламтуваат страста.

< Поракaта ја уредил Еца -- 7.12.2009 8:37:33 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Афродизијак
6.12.2009 21:51:49   
mami
значи од сите досега напишани постови можам да заклучам дека црната чоколада е дефинитивно афродизијак бр.1...жени..трк по чоколадиuser posted image user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Афродизијак
7.12.2009 1:15:04   
Bogdancanka
еве веднаш почнувам со јадење чоколадаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Афродизијак
7.12.2009 1:16:39   
S*B*
што да јадам јас чоколада кога сум на работа ќе треба на колегава да му се фрлам

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Афродизијак
7.12.2009 1:17:47   
Bogdancanka
немој колегата user posted image user posted image user posted image чекај да ти заврши смената и домаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот S*B*)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Афродизијак
7.12.2009 1:20:36   
S*B*
ами и дома кога ќе си појдам отепан цела ноќ на смена и кога че видиш ништо од чоколадата

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Афродизијак
29.12.2009 9:13:33   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Храната како афродизијак

9. Шлаг, најсексипилното јадење на светот е неизоставен дел од "љубовната игра”.
10. Месо, оброкот богат со протеини дава сила и секогаш е добар избор за вечера за двајца.


дефинитивно!!!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Афродизијак
29.12.2009 9:18:16   
mami
море каков афродизијак ми се погоди ликерчето на Еца од вчера...ммммм

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Афродизијак
2.1.2010 1:15:45   
mica
mislam deka nema mng vrska hranata so seksot se e nadovrzano so zelbata i raspolozenieto na zenata i mazot,:)mojot koga e umoren ne hrana ne znam sto da mu postavam ne reagira hahah

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Афродизијак
29.1.2010 10:09:05   
profesorica
Свинското како афродизијак

Аргентинската претседателка Кристина Фернандес де Кирхнер даде изненадувачки совет до сонародниците како да си го подобрат сексуалниот живот.

- Многу поголемо задоволство е да каснете малку свинско на скара отколку да земата вијагра, изјави таа.
 
Кирхнер зборуваше на настан во претседателската палата чија цел беше да се поттикне конзумирањето свинско месо. Аргентина е држава со најголема потрошувачка на месо по глава на жител, но претежно телешко.

Кирхнер додаде дека лично ги испробала добрите својства на свинското како афродизијак укажувајќи за еден „прекрасен викенд“ од неодамна со својот сопруг, поранешниот претседател Нестор Кирхнер.
 





_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Афродизијак
29.1.2010 10:18:01   
ripce
Ајде и свинското стана афродизијак... па веќе скоро секоја намирница ја наведуваат како афродизијак...
Моето мислење е дека секој човек си има свој афродизијак... можеби она што за мене е, за некој друг нема да е...мислам дека се' е до она што му причинува задоволство на човекот?...


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Афродизијак
29.1.2010 10:18:37   
Mammy
Еднаш гледав на ТВ, велат парите биле голем афродизијак. Демек кога мажот имал пари, бил богат, бил голем предизвик за жената.

Што мислите вие за тоа?

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Афродизијак
29.1.2010 10:24:19   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammy

Еднаш гледав на ТВ, велат парите биле голем афродизијак. Демек кога мажот имал пари, бил богат, бил голем предизвик за жената.

Што мислите вие за тоа?


Аууу не... барем за мене не... ако некого сакаш, сакаш да си со него, ќе ти биде предизвик без оглед на тоа дали има пари или не... можеби ова дека парите се афродизијак го поврзале со задоволството кое го носат парите, дека ако имаш пари или во случајов ако некој има пари и како резултат на тоа ги задоволува твоите материјални желби, ти удоволува, ќе сакаш да си со него како возврат на тоа... за мене ова не е ок, можеби има исклучоци, но јас го поврзувам со користољубие!

< Поракaта ја уредил ripce -- 29.1.2010 10:25:51 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Среќата и парите
Еца

Дали парите се предуслов за среќа?

Да (23%)

Не (50%)

Можеби (27%)


Број на сите гласови: 60

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!