Еца -> RE: Афродизијак (5.12.2009 19:54:55)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz Афродизијак за врел секс Зачинете го вашиот сексуален живот со храна која што буди страст. Уживајте во специјалитетите и коктелите направени од намирници кои го стимулираат апетитот за секс, а потоа препуштете се на врелите сексуални игри. Страстен коктел За подготвувањето ви се потребни 200 грама свеж ѓумбир, 2 литра вода, три грејпфрута и три лимони. Ѓумбирот ситно изрендајте го и помешајте го со водата. Процедете го сокот и додајте цеден лимон и грејпфрут. Ако сакате да го зачините напитокот додајте и малку бибер. Венерина пена За овој афродизијак ви се потребни 1 банана, половина јаболко, половина портокал и киви, белка, 4 лажички шеќер, лажичка ликер од мента и 2 тенки парчиња лимон. Изгмечете го овошјето, додајте ги и преостанатите состојки и матете три минути. Напитокот поделете го во високи чаши и декорирајте со парчињата лимон. Љубовни лазањи Најпрвин земете едно пакување кори за лазањи, 100 грама остриги, 100 грама лигњи, 75 грама ракчиња, 200 мл зејтин, 3 лажици брашно, половина литар млеко, половина чаша бело вино, 2 лажички малиново масло, сол и бибер. На маслиновото масло пропржете ги морските плодови и зачинете со сол и бибер. Кога ќе добијат златна боја, додајте бело вино и варете уште две минути. За бешамел сосот пропржете го брашното, додајте млеко, малку посолете и варете додека не се згусне. Потоа наредете ред кори за лазањи, ред морски плодови и бешамел сос. Постапката повторете ја уште два пати и завршете со кора. Лазањите се печат 25 минути на 200 степени. ИЗВОРНА ПОРАКА: S*B* ова венерина пена сочно изгледат ќе го пробаме па ќе кажиме.
|
|
|
|