arh_diz -> RE: Афродизијак (3.2.2010 14:42:44)
|
Заборавете на чоколадите и бананите, најмоќните афродизијаци се наоѓаат во нашите тела. Време е да научите да се служите со нив. Афродизијаците веќе со векови го преокупираат светот. Старите Римјани сакале остриги, Кинезите месо од ајкула... Меѓутоа, најмоќните афродизијаци се наоѓаат во човековото тело. Човечката еволуција минала низ три различни мозочни системи наменети за поврзување на мажите и жените. Станува збор за сексуалниот порив, односно страста, сензитивното поврзување, односно довербата - и романсата, односно заљубеноста. Секој од овие системи има важна улога во креирањето на желбата и научниците сега почнуваат да воочуваат кои хемиски „комбинации“ делуваат како „тригери“ на системите. Страст Сексуалниот порив е поврзан со андрогените хормони, особено со тестостеронот. Жените со ниско либидо може да добијат лекови кои ќе им го подигнат нивото на хормонот. Меѓутоа, либидото кај жените може да се зголеми и ако жената се бави со некој натпреварувачки спорт. И водењето љубов произведува еднаков ефект. Колку повеќе жените имаат секс, толку им е подобро либидото Доверба Чувствата на доверба и поврзаност се резултат на хормонот окситоцин. Овој хормон е одговорен за воспоставувањето блискост и добра комуникација меѓу мажот и жената. Излачувањето на окситоцин може да се засили со допирање. Значи, колку повеќе се држите за рака, се гушкате и масирате, се повеќе ќе лачите окситоцин, а поврзаноста ќе станува подобра. Љубов Третата хемикалија која го придвижува либидото и поврзувањето е допаминот. Ова е клучниот играч во центарот на мозокот кој е задолжен за задоволството. Токму ова место е одговорно за будењето и задржувањето на љубовта. Нивото на допамин во телото се зголемува секој пат кога човек ќе проба нешто ново. Тоа не мора да биде ништо спектакуларно, доволно ќе е и да се испробате во приготвување на некое ново јадење. Сјајот на односот Научниците можеби сфатиле како мозочните хемикалии влијаат на емоциите, но се далеку од создавање на магичен љубовен напиток. Ова е вака, едноставно затоа што луѓето се многу повеќе од хемиски соединенија. Човечките суштества размислуваат, имаат искуства, вредности, идеи и сеќавања. Ниту еден производ никогаш нема да може да ве натера да засакате некој кој навистина не ви се допаѓа. Меѓутоа, ако имате среќа и сте ја пронашле сродната душа, можете да го подобрите односот со овие природни афродизијаци.
|
|
|
|