|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Затнато носе
6.10.2014 16:32:14   
sandriana RR
Дилина, за навечер може и сецкан кромид во едно чинивче да и ставиш во креветчето, помага многу за одзатнување на носето.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 626
   RE: Затнато носе
6.10.2014 22:22:00   
Melanija RR
Вчера еден комшија ми каа од негови роднини дека имало некое како канче со која помош се сипувало во носето од една ноздра од друга излегувале мрсули и одело заедно со сол.Сте чуле за такво нешто?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 627
   RE: Затнато носе
7.10.2014 7:01:23   
Felly RR
Меланија такво нешто јас имам слушнато за воспалени синуси, ама сепак не знам точно како функционира.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 628
   RE: Затнато носе
7.10.2014 9:30:46   
Melanija RR
Да Felly RR за чистење синуси се користело


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 629
   RE: Затнато носе
7.10.2014 11:49:51   
Neurotoxin RR
Да, на Aqua Maris е, пластично како инка, има кесички со морска сол кои се раствараат во инката, ја ставаш во едната ноздра и од другата се прочистува синусот, само мислам дека за малечки не е соодветно, посоодветни се спрејчињата морска вода, оние под притисок. Ова со инкава го користеле за прочистување и полесно отварање на чакрата :)

< Поракaта ја уредил Neurotoxin -- 7.10.2014 11:51:46 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 630
   RE: Затнато носе
25.12.2014 10:13:13   
Gardenia
Мами ај помош,бебушка моја е една недела,од себајле со носето хрчи кога дише одвреме навреме,мрсолки нема,ама си кива секој ден по малку,патронаѓната ми рече дека е нормално првите месеци да киваат и икаат.Е сега незнам дали може да и е затнато од тоа што не изригнува убаво ја држам по десет мин,ама откако ќе ја легнам може да си поврати после неколку минути или во сон.Планирам да и ставам еден солен раствор што ми го препорача патронажната за сува слузница во носето,ќе и помогне ли?

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 631
   RE: Затнато носе
25.12.2014 13:33:37   
Melanija RR
Да нормално е да кива,мојот се искива уште во болница у сред августuser posted image тоа се регулира.Што толку мало може физиолошки стави слободно.Важно е да не е топло во собата , па и кај возрасните во текот на ноќта се суши носот.
Незнам за возраста ,но некогаш става пресечен кромид некаде врзано ка креветчето.Тоа помага ама па мало е да не му солзат очињата.Мое мислење пробај со физиолошки никаква штета,напротив

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 632
   RE: Затнато носе
25.12.2014 18:48:25   
sandriana RR
Гардениа, секако е препорачливо да се прави тоалета на носето со физиолошки раствор.
Нека не те загрижува кивавицата, а и да има секрет во носето - тоа е поради разлика во влажноста и воздушните притисоци на надворешнава средина и околината на која било навикнато бебето во стомакот.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 633
   RE: Затнато носе
4.5.2015 9:24:04   
Melanija RR
М веќе 4 ден е со подзатнато носе, ставаме синомарин но исто е.Топлата бања беше неуспешна а вчера 37, и не направив.Што друго може природно од спреееви, освен диво оригано?Нема симптоми други па да пробам без лекар.Со аспиратор се влече скоро ништо,пак така позади е.Дали во грло или навистина можен трет крајник,којзнае.Среќа овој пат тоа не предизвикува кашлица.

Има користено Цитерал но тие се антибиотски.Оперил П нема користено.Се надевам попладне на телефон ќе ја најдам матичната

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 634
   RE: Затнато носе
4.5.2015 10:36:55   
Neurotoxin RR
Меланија, кој синомарин? За вакви случаеви најдобар е оној големиот спреј, малиот и капките нема да стигнат до позади да разредат секретот.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 635
   RE: Затнато носе
4.5.2015 10:52:33   
Malecka23
Da da apsolutno golem iot sprej mislam deka ke zavrsi rabota.A i mnogu e bitno vo kakva poloz a se stavaat kapkite.Najdobrbo e deteto da bide legnato so glavata malku nanazad ako me razbravte za da moze da pominat kapikite i vo zadniot del na nosot a ne da se izleat

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 636
   RE: Затнато носе
4.5.2015 12:27:21   
Melanija RR
Монодоза,и јас сум за спрем мислам полесно е со прскање,зошто едвај со лежење му капнуваме.Дали има синомарин како спреј или друг,и дали исто како што кажувате е најдобро лежечки за да стигне до позади?
Ova?
user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 4.5.2015 12:29:40 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 637
   RE: Затнато носе
4.5.2015 12:41:48   
Neurotoxin RR
Немора лежечки, ова се препорачува со малку навалена глава наназад додека се прсне, ама зашто станува збор за палавко кој нема да седи, ефект ќе има и од стоење да го прснеш, само ќе внимаваш да не прскаш во ѕидовите од носето, може да пукне некое капиларче, што нема да биде страшно, крв би видела само на аспираторот многу малку.

Инаку, еве да пишам, ние лани кога се замаравме многу со ова, исто ефект имаше и аспирација кај др. Мери. Зависи од состојбата, ние од една се исчистивме и спасивме бронхитче.

Ако ептен се влошува состојба и дете има секрет кој неможе да се извади, тогаш тоа му е мајаката, се јавуваш закажуваш идеш и се враќаш среќен и мирен. она и терапија ќе препише ако треба. Ние лани не носевме кај матична за ваков проблем, одма кај др. Мери или во Инетргин ако беше нешто за со упат и посложено.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 638
   RE: Затнато носе
4.5.2015 12:46:02   
Melanija RR
Neurotoxin како се прави тоа,сум чука како име за докторката.Може директно со тоа иако незнам баш што е ,да не се мачи или тоа ако е многу секрет.
Зошто лани за секрет оп Цитерал,па нема секој месец тоа .Те молам пиши ми повеќе кога ќе можешuser posted image

Едит:сега видов на нет нешто но на волку мало дали ќе издржи,како се изведува и колку трае?

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 4.5.2015 12:47:45 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 639
   RE: Затнато носе
4.5.2015 13:08:57   
lukajana RR
Јас со Л имам редовно проблем со затнато носе посебно пролетно време и цела пролет сме на сируп Летизен и капки Оперил со гарамицин само тоа му помага

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 640
   RE: Затнато носе
4.5.2015 16:23:39   
Neurotoxin RR
Меланија, тоа е полесно и од инхалација, има едно многу тенко цевче го става во носето и влече со аспираторот, исто како во домашни услови, само од погоре го вади секретот, и е со поголема сила, мислам дека беше 300 ден. Мојата имаше 10 месеци, а док. ми рече дека и на новороднеи им правеле. Е сега дали ќе седи - нема, секако дека ќе плаче и вришти, ама за тоа док и сестрата си завршуваат работа. Јас сум малце брутална, мене плачот кога се противи за нешто што знам дека е за нејзино добро, не ме допира многу и неможам да разберам кога некој ќе ми рече моето не сака, не ми дава да му шмркам од нос или незнам што... па моето дете што е бре, да не сака моето да му брцкам у нос, па не го родив мазохист, ама боље тоа, отколку да главам во козле. (Ова сега ми беше спремање да не се плашат мајките user posted image )

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 641
   RE: Затнато носе
4.5.2015 16:32:34   
marchi
lukajana mozno e da strada od alergija nedaj Boze no stom toa se slucuva za vreme na proletniot priod mozna e i taa opcija.kaj nas malku da se zatne noseto koristime soleni kapki.odma pusta ako ne stanuva zbor za nastinka.toa i mi e t.n.merilo na bolesti user posted image pa potoa se sovetuvam so pedijatar

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 642
   RE: Затнато носе
5.5.2015 6:45:03   
kokicekokice

ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Немора лежечки, ова се препорачува со малку навалена глава наназад додека се прсне, ама зашто станува збор за палавко кој нема да седи, ефект ќе има и од стоење да го прснеш, само ќе внимаваш да не прскаш во ѕидовите од носето, може да пукне некое капиларче, што нема да биде страшно, крв би видела само на аспираторот многу малку.

Инаку, еве да пишам, ние лани кога се замаравме многу со ова, исто ефект имаше и аспирација кај др. Мери. Зависи од состојбата, ние од една се исчистивме и спасивме бронхитче.

Ако ептен се влошува состојба и дете има секрет кој неможе да се извади, тогаш тоа му е мајаката, се јавуваш закажуваш идеш и се враќаш среќен и мирен. она и терапија ќе препише ако треба. Ние лани не носевме кај матична за ваков проблем, одма кај др. Мери или во Инетргин ако беше нешто за со упат и посложено.

Neutirox moze li i jas da dobijam brojche od dr Meri vi pp.Taa e privaten pedijatar ?Jas na mojot sim probuvam so aspiratorche da mu vadam mrsulchinja i iskachaat ama pal mi frchi so nosot.Stavam fizioloski rastvor Marisol.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 643
   RE: Затнато носе
5.5.2015 7:26:31   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Меланија, тоа е полесно и од инхалација, има едно многу тенко цевче го става во носето и влече со аспираторот, исто како во домашни услови, само од погоре го вади секретот, и е со поголема сила, мислам дека беше 300 ден. Мојата имаше 10 месеци, а док. ми рече дека и на новороднеи им правеле. Е сега дали ќе седи - нема, секако дека ќе плаче и вришти, ама за тоа док и сестрата си завршуваат работа. Јас сум малце брутална, мене плачот кога се противи за нешто што знам дека е за нејзино добро, не ме допира многу и неможам да разберам кога некој ќе ми рече моето не сака, не ми дава да му шмркам од нос или незнам што... па моето дете што е бре, да не сака моето да му брцкам у нос, па не го родив мазохист, ама боље тоа, отколку да главам во козле. (Ова сега ми беше спремање да не се плашат мајките user posted image )

Ме изнасмеа,по оваа дефиниција и јас сум во оние бруталните,тука стапува на сила онаа-"Подобро дете да плаче,отколку мајка".Ова мислев дека е бесмислица,ама всушност е голема вистина user posted image .Е сега како расте детето тешко се додржува.А јас за затнато носе спас најдов во спрејот од диво оригано.За неполна минута секретот почнува да излегува,го шмркаме носето и си спие мирно.Меланија и ние еве од 1 мај сме на Лоратидин и спреј за носе ,тргнаа алергиите user posted image

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 644
   RE: Затнато носе
5.5.2015 8:58:29   
Neurotoxin RR
Друго е ако се знае веќе дека е алергија. Мојата имаше нецела година од септември како настина, мало дете, не каѓла, не дува, влечев со аспираторче дома, ама цело време грчеше. Ја носев на матичен, ја наслушуваше, кога антибиотик кога не, и ми викаше добра е ништо нема, ама сега сваќам дека тоа „ништо нема“ значело дека нема наод на градите, ама дека може да биде страшно сценарио ако тоа не се санира. Тоа траеше некаде два месеци, крчи дете, сите коментираат, јас им викам док. рече ништо нема. Ама ете во ноември почна да се гуши, опструкции, па козле, па лежење, па инекции, па урбазони, вентолини.... цела зима ја поминавме на испитувања, па стигнавме до тимпанометрии секој месец, за по цела година, да ми речат дека детето ми е здраво и ништо нема, бела е и е почувствителна, можеби затоа толку има секрет.

Готови бевме алерготест да правиме, ама не направивме. И го фатив редот, не оставам секрет да има во нејзе, само тоа е спасот. Инхалатор си набавивме, јас го пробав сега зашто бев затната скроз, и да ви кажам божја работа, ептен од две инхалации можев да функционирам. Кога бисолвон, кога проспан капки, ептен ако застане некогаш и вентолин (ова еднаш се случило со вентолин, кога потпишав лани во февруари дека нема да лежиме во козле) дренирање обавезно. И се запнавме дома со мм, и зимава фала богу раат бевме а цело време оди во градинка, само сипаниците ги фати. Е сега нешто се рашмрка пак, ама еве ја во крајна фаза на оздравување е.

Само сватив, секретот мора надвор, ако веќе отишол подолу и кашла, обавезно нешто за разредување секрет и мн течности, има лек и ако има отежнато дишење ама за тоа друг пат во друга тема.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 645
   RE: Затнато носе
5.5.2015 9:03:08   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Neurotoxin како се прави тоа,сум чука како име за докторката.Може директно со тоа иако незнам баш што е ,да не се мачи или тоа ако е многу секрет.
Зошто лани за секрет оп Цитерал,па нема секој месец тоа .Те молам пиши ми повеќе кога ќе можешuser posted image

Едит:сега видов на нет нешто но на волку мало дали ќе издржи,како се изведува и колку трае?


7. Инхалација и аспирација на секрет од нос и грло - Третманот на синуси се состои во правење на инхалации, аспирација на секрет од нос (таа особено е ефикасна во најмалата детска возраст при затнато носе и кашлица). Аспирацијата го запира спуштањето на секретот од нос во белите дробови.

Меланија ова стои како објаснување на страната на др. Мери, посети ја ќе видиш има и слика како изгледа тоа. Незнам дали ќе доловам јас со зборови. user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 646
   RE: Затнато носе
5.5.2015 14:35:00   
Melanija RR
Дали е алергија не ни може да се установи.Ништо не му е а секрет има ноќе неможе да спие,се превртува.Кога шмука со цуцлата крчи ужасно,па ќе ја плукне за да дише на уста.Но така до кај 3-4 после се превртува,квици.... неможе да диши.
И да дадам летизен секретот е тој.Вчера бевме со слуша се е ок,грло ок.Остана тоа солен раствор но на аспитаор празно.Ја прашав за аспирација вика нема потреба ова не е ништо.Да се спроба со спрејче.Земав од овие
user posted image

И конечно без мака шприцам стоечки само малку ја навалувам главата.За тоа војната заврши.
Немие проблам да го држав, но со секое такво на сила уште тон мрсули е тоа ме нервира.Друго сум слушната и дека тоа влечење од синоси и не е баш пожелно.
Незнам ќе почекам уште 2-3 дена ако вака крчи дефинитивно кај др.Мери

Бидејќи е приватно во секое време ќе закажам.Neurotoxin само цевче во нос ,не и во уста?



_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 647
   RE: Затнато носе
5.5.2015 16:41:45   
Neurotoxin RR
Ако има и на грлото и од грлото вади секрет, ќе го ѕирне она.

Јас мислев на оној големиот спреј синомарин, ама добро ако не е многу може и овој да заврши работа.

Ајде нека ви помине и уживајте во пролетта

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 648
   RE: Затнато носе
15.5.2015 22:10:54   
Melanija RR
Ете така, да небеше Neurotoxin немаше да знам за аспирација на секретuser posted image и ете после постот ми текна дека во зграда до мене е др.Цекичuser posted image
Значи не е потребен преглед бидејќи нема проблем,и ако мислам дека треба и да направиме, пред 1 недела го однесовме на аспирација од нос.
Таа услуга е 200 денари, трае 10 сек а го држи сестрата, Долку збунка како ќе биде,како ќе го држиме излезе супер и извади секрет.Сега е ок ,редовно секој ден спреј синомарин.Се чуствува дека пак се собира бидејќи М се враќа во градинка па плачки и нос одат заедноuser posted image
Ова изгледа како решение за 2 пати месечно ако се собира секрет

Фала ти Neurotoxinuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 649
   RE: Затнато носе
16.5.2015 9:06:50   
Neurotoxin RR
Сум преживеала и среќа излезе тоа за нас, што вреди ако не го споделам, јас и на мајкиве што ми доаѓаат во аптека им препорачувам. Чиста работа.

Ние сега го дуваме па нема потреба се надевам од тоа, ептен ако се насобере ама го имам како опција.

За се што треба тука сум, и драго ми е што сте се решиле и што сте биле подобри, сега ќе го следиш ако мислиш дека пак треба слободно носи го. поздрав

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 650
Страница:   <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?