|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 27 [28] 29   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Затнато носе
14.3.2016 13:08:14   
Hopeful RR
Беа, слободно влечи, мора да се направи како мал вакуум пошто инаку ништо не излегува. Како што ни кажаа во Систина - прво прсни убаво, стисни го носето да се нафати убаво од спрејот, и почекај некоја минута. Потоа пикни го тоа, сега не којзнае колку, сепак одма му почнува широкиот дел, и влечи колку можеш посилно. Мене дури глава ме болело, ама излегува, ништо страшно. Понекогаш дури и јас немав доволно сила па мм влечеше user posted image
Нема потреба да одите на лекар за вакво нешто, не го малтретирај бебето, поголеми зарази има на лекар.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 676
   RE: Затнато носе
14.3.2016 13:48:19   
Bea
Au Hopeful, toa mnogu silno, da ne mu nastetam na noseto, sepak e mnogu mal, samo 1 mesec. Preeska izvlekov 2 beli mrslucinja, se olesni dete i si zaspa. Ima uste sekret, se slusa, ama posle pak ke cistime.
A kakov sprej koristis? Nie imame fizioloski vo kapki, ama mislam deka sprej ke bide podobro.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 677
   RE: Затнато носе
14.3.2016 14:18:14   
Hopeful RR
А бе силно е релативна работа, сега нормално не до толку за да се оштети нешто user posted image сакав да кажам, не се плаши и посилно да повлечеш пошто тие се лепат и тешко излегуваат. А секако спреј е подобар од капки, подобра пенетрација има, капките - кај ќе отиде, кај не... Ние користиме Isomar спреј, исто како и аспираторот.
Не е страшно ако има, се додека не му пречи во цицање, а во тој случај скокнете до лекар, да не треба нешто посилно.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 678
   RE: Затнато носе
14.3.2016 14:27:18   
lolla RR
Bea, нашиов педијатар смета па дека многу тешко може со аспираторот да се оштети слузницата, така да влечи не се плаши. Ние користиме физиолошки со шприц му прскам или ако дозволува може и мајчино млеко.

Исто помага да му ставиш некоја подлога под душекот кај што му е главчето, ако случајно има некој секрет, да може лесно да се слие.

Времево е лудо, сите се со секрет.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 679
   RE: Затнато носе
14.3.2016 14:36:13   
Bea
Fala vi decki, ke vi pisam kako sme.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 680
   RE: Затнато носе
14.3.2016 14:36:25   
Kvisko
Bea и мојов крчи од време на време така и педијатарот еднаш го слушна кога беецме на мерење рече ношто страшно тоа му е од што бљуцка па му се создава секрет. Таквите бели се баш од млеко вратено назад. Јас па немам ни аспиратор туку само мало рачно и со тоа што извлечам извлечам шт ќе кивне кивне и толку. Не му пречи на цицање и на спиење па не мислев дека е страшно за да се влече со аспиратор.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 681
   RE: Затнато носе
14.3.2016 14:48:06   
lolla RR
user posted image

Еве го нашиот. И секогаш е голема борба за користење, евентуално ке се излажи некогаш ако му е интересно посебно цревото.

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 14.3.2016 14:52:50 >

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 682
   RE: Затнато носе
14.3.2016 14:54:46   
Bea
Истиот го имаме и ние. Само некој мора да го држи, додека вришти :)
Квиско и нас исто ни рекоа, ама денес не можеше да заспие. Kaј кого одите?

< Поракaта ја уредил Bea -- 14.3.2016 14:56:20 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 683
   RE: Затнато носе
14.3.2016 15:06:47   
Felly RR
Веа исто и ние. Еден го држи друг влечи. Ние користиме спрејче септоаква, а може и синомарин да земеш, има едни како ампула, траат три дена. Поконцентрирани се и полесно ќе му излезе секретот. А пробај и со кромид.
Квиско, штом не му смета не му влечи.
Ние правевме и брис па испадна бактерија и сега му ставаме и капки со антибиотик.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 684
   RE: Затнато носе
14.3.2016 15:11:45   
lolla RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Истиот го имаме и ние. Само некој мора да го држи, додека вришти :)
Квиско и нас исто ни рекоа, ама денес не можеше да заспие. Kaј кого одите?


ТУКА има искуства со педијатри, па може да пишат повеќе мами.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 685
   RE: Затнато носе
14.3.2016 23:08:39   
gina
lolla i jas gi imam istiot ama koga ce me vidi koga ce vlecam koga ce ho grabne mi se raspagja cel eve i nie nekolku dena grckame so noseto prskam fizioloski rastvor Nosal ama vlecam nisto ne izlaga vecerva bev toklku uporna pak i me ostavi da mu vlecam ama nisto ne izleze sega zaspa ama hrcka se mislam dali da mu stavam kapki imam Andrianol T i Nozetal vaka koga mi hrckase mu stavav mi gi kaza pedijatarot

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 686
   RE: Затнато носе
15.3.2016 9:19:28   
Felly RR
Изгледа сите го имаме истиотuser posted image А на колку време го менувате филтерот?
И дали има некој искуство од оние што се ставаат на правосмукалка? Ги фалат дека се мнооооогу поефикасни од овие.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 687
   RE: Затнато носе
15.3.2016 11:27:58   
Hopeful RR
Филтерот го менувам по потреба, ако е ептен мрсулав период, одма менувам, се гледа подзатнат. Моите како многу мали го сакаат, дури и интересно беше, ама од пред неколку месеци секој обид е борба и исто, еден држи друг влече и сите заедно плачеме user posted image

Тие за на правосмукалка влечат, ама па не многу повеќе, а притоа се хорор за дете. Другарка ми има, и џабе, кога ќе почне да бучи, се вади дете од памет, оди чисти после. Ако ептен е затнат носот, може на ОРЛ да се исчисти, имале некоја сонда посебна. Но за ова што ние овде го зборуваме, мислам дека аспираториве се сосема доволни.

И уште една финта од педијатарот од Систина - ако мрсулчето ептен се гледа и е на врв на нос, може да се извади со стапче за уво, се разбира многу внимателно. Мене ми успева, зависи од мрсулот user posted image А ако не смета за цицање и за спиење, јас би ги оставила, сосема е нормално мало бебе да има по некое мрсулче, до вчера било во водена средина.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 688
   RE: Затнато носе
15.3.2016 13:45:17   
Bea
Му ја најдов финтата на аспираторот, еве трет пат вадиме бели мрслучиња и одма на дете му е подобро.
Сабајлево дури и сама успеав, умен беше синко, не трепна, да не веруваш :)
Инаку ја применив финтата со стапче за уши на еден леплив мрсул што неќеше да излезе до крај.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 689
   RE: Затнато носе
15.3.2016 15:25:52   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Ако ептен е затнат носот, може на ОРЛ да се исчисти, имале некоја сонда посебна. Но за ова што ние овде го зборуваме, мислам дека аспираториве се сосема доволни

Да, ние одевме пет дена., му го чистеа ама сето џабе зошто тој си имал бактерија. Е сега со капкиве се надевам ќе се излечи.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 690
   RE: Затнато носе
15.3.2016 19:33:57   
Milicka 30
Беа кај нас ќерка ми на 2 месеци имаше ептен затнато носе, стававме марисол и влечев со Носал аспираторот пред секој подој, и пак беше затната и дека и сметаше при јадење по препорака на педијатар мешавме во соодност 1:1 Оперил П и марисол по 3пати на ден -3 дена и така видовме спас,после се прави пауза и пак 3 дена доколку уште сте затнати.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 691
   RE: Затнато носе
15.3.2016 22:09:22   
Hopeful RR
Супер Беа, браво за дечкото умен user posted image
Колку почесто го чистиш, толку побрзо ќе се навикне и нема да прави проблем, бар првите неколку месеци додека не му е баш јасно што е што user posted image Кај мене, Ј преташе од радост кога ќе го видеше и со ќеиф седеше мирен, ама затоа сега вришти ко којзнае што да ќе му правам... не дека се потресувам, кога има за чистење се чисти, дури и со плачки.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 692
   RE: Затнато носе
16.3.2016 12:31:16   
СветлеБ
И мене малиот ми хрчи веке една недела, му ставам аква марис капкички, ама додека ги ставам отиде пола шишенце надвор. Секое ставање е борба. И по некое време со чепкалки за уши му го цистам носето, ако ми дозволе, ама не можам убаво да го исчистам. А страв ми е да не му се слее секретот накај градите. Оној ден ми искива едно секретче, ама преку устата го извади. Го гледав аспираторот да го земам, ама не знаев дали е добар и ми беше страв дека ке го повредам со влечење. Сега цитајки ги вашите искуства ке земам, да му олесни на детето. А каков спреј користите? сигурно е полесно да му ставиш спреј отколку капки.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 693
   RE: Затнато носе
16.3.2016 16:01:34   
Neurotoxin RR
Многу полесно е со спреј, и поефикасно, на запад капките се веќе отстранети од употреба. Иди во аптека, кажи ја ситуацијата и ќе ти дадат најсоодветно спрејче, и земи си аспиратор. Спас е тоа.

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 694
   RE: Затнато носе
16.3.2016 18:19:56   
lukajana RR
Изгледа сите го имаме истиот аспиратор user posted image .
Јас користам спреј Синомарин ,претходно испробував со неколку ама овој ми е најефикасен сега за сега.
Иначе и кај нас е борба со капките ,невозможно е да се користат треба тројца да држат еден да става капки user posted image ,а со спрејот е полесно во секој случај

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 695
   RE: Затнато носе
16.3.2016 18:46:07   
Neurotoxin RR
Синомаринот е хипертоничен спреј, за толку мали бебиња мислам дека обичен физиолошки раствор во спрејче соодветно направено за малечки би било доволно, за да се влажни и промива слузницата.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 696
   RE: Затнато носе
17.3.2016 10:04:10   
lolla RR
Neurotoxin, како чист физиолошки да го најдам во спрејче? Се продаваат празни? Јас со шприц се мачам (и лигавче).

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 697
   RE: Затнато носе
17.3.2016 10:14:52   
sandriana RR
lolla, Mucoplant спрејот na dr. Theiss, пишува дека е изотоничен раствор. Јас тоа користам.
user posted image
За над 1 година е.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 17.3.2016 10:15:50 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 698
   RE: Затнато носе
17.3.2016 18:47:06   
Bea
Мами, помагајте - мм се врати од аптека со 3 спрејчиња за нос што му ги дале, но не знам дали може на 1 месечно бебе да ги прскам:
1. Isomar baby - изотоничен без конзерванси, но пишува за над 6 месеци
2. SeptoAqua - пишува дека е и за бебиња до 1 година, но покрај морска вода има и некои минерални соли во составот, не знам дали смета тоа
3. Marisol
Ние ставаме физиолошки во капки за сега, ама уште крчи. Можам ли од овие спрејчиња да ставам на волку мало бебе или кажувајте нешто друго.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 699
   RE: Затнато носе
17.3.2016 19:15:03   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla RR

Neurotoxin, како чист физиолошки да го најдам во спрејче? Се продаваат празни? Јас со шприц се мачам (и лигавче).



Немој со шприц, ушите ќе страдаат, земи си во спрејче, несакав да рекламирам никој, ама септоаквата на крка или низита спреј може од 0+ да се користат и спас се за тоа, регулиран притисок на распрснувач. Овие вторите се ептен профи, системот им е таков да имаат рок до трошење, не ги фрлаш одма како другите.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 700
Страница:   <<   < Претходна страница  25 26 27 [28] 29   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 27 [28] 29   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?