Octavia -> RE: Колку сте задоволни од вашиот кум? (7.9.2011 12:22:13)
|
Мене искрено малку ми се смешни некои ставови што се смета за добар кум [sm=zmeden.gif] (да не набројувам, да не се најде некој навреден) ама за мене кумовите се многу повеќе од поклони и пари. Јас лично бев трогната на пример кога кумот ги држеше моите деца во црква, кога ги крштеваше. И не зјаев по поклоните, туку слушав што кажува попот, што е кумот за детето... И тоа ми е важното. Маж ми се знае со кумот од млади години, се почитуваат, се дружат, и затоа го побаравме за кум, не затоа што има пари. Син ми едноставно го обожава, кога ќе дојде кумот, празник ни е дома [sm=smiley36.gif] (и тоа затоа што човекот многу си игра со него). Со кумата имаме одличен однос, иако ретко се гледаме. За се можеме да правиме муабет. Инаку, и јас сум кума кај другарка, и најважно ни е тоа што се дружиме, после е се друго. Кога одев првпат да ги видам децата по раѓањето, носев на пример злато (ама нешто ситно), пари и поклони... Не затоа што мора, туку затоа што сакам. За прв роденден обавезно злато (ланче на пр.), торта и поклони. На крштевка исто. Значи, до сега децата од мене добиле златно ланче, алка и нешто поситно. И искрено, од тогаш, злато не сум однела. Дали тоа ме прави лоша кума? Не би рекла... Децата толку ни се дружат и се сакаат што другаркава вели дека би била пресреќна син ми еден ден да му биде кум на синот нејзин, не заради да помине редот, туку затоа што одлично се согласуваат. Јас не им се мешав за имињата, ни пак мене мојот кум ми се мешаше како да се викаат децата. Па надминати се тие работи, според мене. Се слушаме, се гледаме, се сакаме и се почитуваме. Не ме викаат „кумо“ [sm=smiley36.gif] затоа што мене тоа ми е смешно, иако постарите знаеја да и речат „Леле не ја викај по име, да не се налути“ [sm=smiley36.gif] А бе ајде... Ни пак јас кумовите ги викам „куме“ и „кумо“, ама убедена сум дека многу повеќе ги сакам и си ги почитувам од некои што само лице прават.
|
|
|
|