Snowhite RR -> RE: РР Cтаница (20.2.2011 21:00:24)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори Ништо. Ако нема бактерија и да знаеш точно која за што да пие антибиотик? Или ако има само црвено грло ама без температура или некоја до 38 со 5, ништо. Само ибупрофен, намалува температура и не дозволува да се развива воспалителен процес...Вака само се намалува имунитетот на децата ...... Мислам извини ако нешто те изиритира пишувањето мое, ти давај му што сакаш или што ти кажуваат. Ако се сомневате на бактерија, пошто викаш од летото имал многу цервено грло направете брис и видете дали има и која бактерија. Ама после на Бобо лекарката сфатив дека ни антибиотик се дава за секое одење на лекар, ни се дава за црвено грло, ни од око се гледа дали детето има бактерија, а и богами еднаш и за бронхитис не ми даде антибиотик туку само инхалации правевеме. Јес да ги наплаќаше 150 денари ама само со тоа пројдовме. ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика А сируп на база на ибупрофен за што се користи? Имам дома еден сируп Nurofen од Германија ми го донесоа, пишува дека е на база на ибупрофен, и колку што разбрав од германски за треска и болки... може ли да се дава тој ако има покачена Т? Тој сируп е за температура и против болки, омалаксаност. Супер е за грип, вирус. Децата не се омалаксани, не ги болат коски. Не, не се налутив, само ме интересираше, еве за да знам што да правам, а брис имаме правено на грло два пати и негативен е
|
|
|
|