RE: Со или без свекрва дома? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


Bethany -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:25:21)

без, без




Mihaela 2010 -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:26:34)

Bez




hopeless -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:27:19)

Без е подобро




penelopa -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:27:40)

без




Malecka23 -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:28:19)

свеки што е можно подалеку значи без[sm=smiley36.gif]




bilbilce -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:28:33)

bez bez bez [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif]




emidz -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:29:15)

normalno deka bez :D




Gwendolin -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:32:22)

Не сум мазохист. Без !




dostickage -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:33:28)

bez




marijanamir -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:34:41)

Kategoricno SO, bez nea e taka dosadno:)




sandriana RR -> RE: Со или без свекрва дома? (15.3.2013 12:50:10)

Ја би БЕЗ, ама нема [sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: Со или без свекрва дома? (17.5.2013 19:06:47)

леле mirjanamir не да е досадно [sm=smiley36.gif] ,ние си живеевме со мм во хармонија 10 год и сега откако си ја имаме ќеркичката,свеќи доаѓа мнооооооооооооогу почесто,повеќе и почесто никогаш се немаме искарано [sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Со или без свекрва дома? (17.5.2013 19:47:55)

Ние живееме во ист двор, во две куќи. Може да се каже дека сме заедно, а одвоено :)
Моментално би рекла СО свекрва, зашто рака на срце, жената многу ни помага од секој аспект. Млада е, кога и да треба да го чува Филип го чува без коментар, секој ден сум ослободена од правење ручек, што е огромно олеснување.
Тука е кога ми треба друштво за кафе, а кога сакам да сум сама си одам дома и крај.




Snowhite RR -> RE: Со или без свекрва дома? (18.5.2013 18:16:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Ние живееме во ист двор, во две куќи. Може да се каже дека сме заедно, а одвоено :)
Моментално би рекла СО свекрва, зашто рака на срце, жената многу ни помага од секој аспект. Млада е, кога и да треба да го чува Филип го чува без коментар, секој ден сум ослободена од правење ручек, што е огромно олеснување.
Тука е кога ми треба друштво за кафе, а кога сакам да сум сама си одам дома и крај.

И кај нас е нешто слично, со таа разлика што таа живее на горниот спрат со девер ми, па јас си готвам сама, а за друго ми помага, секогаш кога ќе дојде ако има за миење ќе измие, ако има алишта за спружирање или за пеглање ќе ги среди, ќе суреди, насабајле ако сме двајацата прва смена таа ќе ми го намести в спална креветот, кога треба децава ги варди. Кога ни треба е тука, а пак имаме слобода кога сакаме сме сами, гости кога ќе ни дојдат малку поседува и си се качува горе




Defne90 RR -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 2:56:24)

Ete i jas da kazam zbor dva na ovaa tema.Znaci da zivees sam e mnogu zdodevno posebno ako ne odis na rabota i moras po cel den da sedis doma i da gi cuvas decata.A dokolku imas svekrva sekogas ke ima koj da te odmeni i sekogas ke ima na kogo da gi ostavis decata a ti da pretrcis na frizer ili da pojdes na kafe so drugarkite so koi ne si se videla od sredno.Jas ne ziveam so svekrva mi ziveam so majkata na svekrva mi tie se na prviot sprat a nie sme na vtoriot.Mozam da kazam deka ne znam sto bi pravela koga bi bila sama.Mozebi zatoa sto taka sum naviknata.Inaku da kazam so svekrva mi se uste se nemame skarano otkako sum se omazila fina e prijatna muabetot sekogas ni odi od raka i kazuvam znaci se ja vikam mamo se konsultiram so nea za mnogu znacajni odluki vo mojot zivot.Ne ziveeme zaedno kako sto rekov no oddalecena e samo 10 minuti od nas.Redovno se slusame po telefon koga ne sme vo moznost da se vidime.Znaci nesto kako vtora majka se razbira majka mi ne moze nikoj da ja zameni no navistina super se soglasuvame.Znaci so svekrva definitivno.




Goddess* -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 5:32:15)

Ma chovek kolku i da e pamuk vo dusha,sam si e sam.Milina[sm=smiley1.gif],sam svoj gazda.Ne baram nitu pak mi potrebalo bilo kakva pomosh dal od svekrva dal od majka,ako sum si prifatila so shiroko srce i dusha da navlezam vo brachnite vodi,toa znachi sme si bile spremni so soprugot,da si gi zavrsuvame site dolznosti vo tekot na zednichkiot zivot.Ne ke sega maltretiram svekrva,za jas da shetam,relaksiram,ili zdivnam na malku,za toa ima dadilki,i zeni za chistenje i zeni za odrzuvanje na celiot dom,ete ako vo sluchaj ne mozam jas da go postignam toa.




vezilka RR -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 9:04:21)

Абе за пиење кафе и за на фризер не ми треба свекрва дома, си имам маж. Па ете и на свекрвата да треба да и ги оставам, ќе и ги оставам кај неа дома. Ако е таа фина жена и разбрана ќе ти ги причува, ама ако е од оние другите, хе, хе и дома да ти е пиењето кафе ќе ти биде непознато..ќе имаш кометари од типот, па како на кафе без маж ти, па ти сега си мажена жена и ја претставуваш нашата фамилија, или ти ќе шеташ ја ќе ти чувам деца и сл. Битно е колку е некој човек, и колку свекрвата успеала да излезе од патријахалната матрица, и колку е снаата фина [sm=smiley36.gif]. А јас цврсто стојам на ставот дека и се да е супер погодено, и свекрвата современа, фина и мила, и снаата, разбрана и со усул, ако треба да живеат под ист покрив, и под исти правила, да делат домашни обврски, и буџет, не може да функционира без шкрипење. Да се разбереме, тоа го мислам и за живеење и со моите родители, сега кога јас имам сопствена фамилија, ама друго е да се скарам со мајка ми, друго е со свекрва ми..




mommy_angels RR -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 9:13:52)

АУуууууууууу сте ги закачиле свекрвите од рани зори [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Се согласувам со Годес ,може неможам да платам жена за чистење,ама ќе си исчистам кога стигнам,за шетање не ми е мака,30 години шетав сама,доста ми беше [sm=jezicek.gif] , сега сакам да трчам по некого кога ќе излезам,за кафичи ,кафани незнам кога последен пат ми се појави желба,сега ми е поинтересно во ЗОО,игротеки и игралишта.Навистина понекогаш може ми притребува некој да ја причува на кратко,ама се организираме со мм.
Јас би сакала да живеат старите во ист град ,ама на другиот крај [sm=smiley36.gif],кога ќе си притребаме едни на други ,да си се најдеме.Сакам и дете да си гледа баба и дедо почесто,ама не сме во можност и тоа.
А свекрва заедно со нас или на 10-15 минути од мене,НЕ ФАЛА.Не гледам потреба притисокот да ми варира од 100 до 200 десет пати во денот [sm=smiley24.gif]




niki -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 10:18:15)

Au I vo spalna gi pustate svekrvite
No, no to kaj mene, zamisli da sme imale luda nok so mazle pa vo postelina da se smotal nekoj besen dolen ves ili poln kondom sto ne sme go nasle vo utrinskoto brzanje
Jas ne mozam vo takva situacija da mislam u sto fino sveki ke mi go namesti krevetot I ke sobere po nas no, no
Nejkam svekrva doma za nisto, samo najavena so odredeno vremetraenje na posetata
Za cistenje kolku mozam tolku, I za odmor od gotvenje postojat nedelni ruceci pa neka me vikne
Kafe I onaka prestanav da pijam
A bre ic ne ja sakam sveki u moja kuka, a ni majka mi da se razbereme
Mozam I dvete da gi istrpam samo za praznici I proslavi sekojdnevno mi se visok




Martins mom -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 12:14:53)

Без свекрва дома !!! Јас ја имам најлошата варијанта. Еден спрат под мене и секогаш е тука за мене кога не треба. Кога сум ги легнала двете деца и сум решича и јас да се спружам, или кога разговарам на скајп, или кога мм е тука и правиме муабет во кој не трерба да присуствува трет итн. А кога се збрлавувам од обврски низ дома и со децата, кога имам потреба од причувување, кога правам генералки и сл- со полиција да ја бараш ја нема. А за морална подршка или било какво друго разбирање да не правиме муабет, само за маани наоѓање и прекорување е тука. Ме убедуваа да го отпишам М од градинка, дека таа е тука, не била умрена, ќе помагале за чување со свекорот кога ќе се родело [sm=duda.gif] и триста други лаги. Ете, сега сум нон стоп сама и фала богу никогаш го немаат побарано Мартин да го прошетаат малце, сирото мое дете окука дома со мене.
Затоа големо НЕ за свекрвите, најмалку 30 км подалеку од нашиот дом.




LoveableMe RR -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 12:21:54)

Јас сум да има пристојна дистанца со свекрвата, е сега проблем е на Балканот што сверквите се многу приврзани со синчињата, па штом дојде снаа, не знае да и го гледа синот, па мора таа да се умеша да каже дека она знае се да прави подобро. Тоа секако влијае на снаата и не сфаќаат дека на тој начин прават проблем меѓу младите.

Ретки се тие што сфаќаат дека треба младите да ги остават на мира и да не се мешаат за се и сешто, затоа и се појавуваат искри на релација снаа-свекрва. А ако пак многу се согласувате со сверквата, дури и повеќе од што треба, тоа обично значи дека нешто не ви чини со сопругот, тоа праксата барем мене ми го покажала.

Свекрвата е родител на сопругот, нормално треба да се почитува, но треба да сфати колку е по на дистанца и знае кога треба да се повлече, толку подобар и пофер однос ќе има со снаата [sm=smiley1.gif]..... е за тоа малце потешко во МК....




rina13 -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 12:37:04)

Најдобра можност за секој тазе брачен пар е сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во сопствен дом, сами да си ги помируваат сметките, а подоцна и сами да се снаоѓаат околу обврските со децата.
Секако не секој има станбени услови па многу често се принудени да живеат под еден покрив. Бидејќи секоја снаа знае во каква куќа се мажи кои се условите, според мене мора да направи напор да се прилагоди. Сепак не можете да очекувате дека некој апсолутно треба да се погази само за да угоди на новиот член. Секој човек по природата на нештата тежнее да си себе угоди, кога ќе тргнете од таа појдовна точка значи дека треба да се ставите малку во туѓа кожа да ја проанализирате состојбата на терен и соодветно да пристапите. Доколку вашиот поглед е не ме интресира ништо ќе биде по мое, маж ми ќе игра како јас ќе свирам проблемот ќе никне.
Некои од вас имаат синови, знаат колку е тешко да се израсне дете, се мачите се жртвувате, го сакате неизмерно го воспитувате и на крај кога ќе се ожени значи ли дека треба да почне да ве мрази и да клима на сите замерки на сопругата.
Сите се од крв и месо добрата атмосфера дома дава енергија за било која друга обврска. Кога ќе ви притреба сигурно би ви помогнала свекрвата за со детето.
Друг аспект е што забележувам многу жени секојдневно кои ја оцрнуваат свекрвата пред детето а ја величаат својата мајка, како таа баба се прави а другава го учи детето само на лоши нешта. Не би се согласила дека е така затоа што ниту една баба не сака да му напакости на внучето, се што прави верувам дека прави од љубов.
И последно што би го споменала е дека бракот носи сериозни животни промени, апсолутно секој треба да се познава 100% себе што сака од животот и што е спремен да жртвува, се да стави на вака и да премери. Секој има различен праг на толеранција, афектот и реакцијата на него е различна. Затоа и секоја млада жена која добро се познава себе и своите особини треба да ја одбере онаа опција која е најмалку болна за сите.
Живеење по кирија секогаш е некоја опција.
Јас лично сум во многу добри односи со родителите на мм, имале разбирање за се, јас максимално ги почитувам и од мене секогаш можат да сметаат за било што. Помош не одбивам и се трудам детето да ми расте во хармонија. Не живееме заедно и секој си го почитува својот личен простор.




AneLav RR -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 12:48:52)

БЕЗ, дефинитивно... Мојата е од типот све што не можам јас, другите не го прават како што треба... Госпоѓа за све има изговор. Јас ни на депилација ни на кафе, ни на пазар, едвај одам понекогаш со мм на гости и тоа и ги заспиваме децата па после тоа одиме. Ќе ги причува да , ама после слушам цела недела жалење и кукање и ми се повраќа.




sandriana RR -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 12:57:58)

Еднаш кажав, и пак ќе потврдам - БЕЗ.
Секого почитувам, се ставам со сечија положба, па очекувам и таков однос.
Се уште живеам во заедница, благодарение на трпеливоста и еластиноста на сите членови во истата, но веќе еластичноста почнува да попушта - и тоа баш меѓу нас жените. Не намерно, не со предумисла, но едноставно, од премногу устручување и трудење некој некому да не се наметне. А тоа е тешка задача, особено ако некој по карактер или од навика е подоминантен лик.
Од тие причини, полека ќе се убрзува процесот за одделување на семејствата (моето и на свеки) од фамилијата (заедницата),на најбезболен начин, онолку колку што дозволува во моментов просторот, финансиите и сите други околности.




vezilka RR -> RE: Со или без свекрва дома? (12.12.2013 13:03:19)

. Бидејќи секоја снаа знае во каква куќа се мажи кои се условите, според мене мора да направи напор да се прилагоди.


Јас не се согласувам со ова. Би се согласила ако стои дека сите треба да се потрудат да се прилагодат кон новите услови. НА пример, свекрвата, пред да дојде снаата имала обичај да влегува во ниедно време во собата на синот, без да тропне. И сега снаата дошла, и како таа да се прилагоди кон оваа ситуација. Да апстинира? И ова не е карикирање, туку реална ситуација на проблем.




Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>