Џесика -> RE: Со или без свекрва дома? (8.7.2011 8:20:08)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana сите сме приказна сами за себе, сите си имаме жолти минути и моменти кога самите себе не се поднесуваме не па некој друг, така да најубаво одвоено баш поради тие моменти. ако треба и цел живот ќе исплаќам кредит и ќе преживувам отколку поради тоа што ми дале кров над глава и ми чувале деца на глава цел живот да ми се качуваат. Моја кучица моја слободица. Не вредат парите ако здравјето ти страда поради нервозите Со овој дел не се сложувам. Јас не би се нафатила на ваков живот, само заради тоа да „не ми се качува свекрва на глава“. За се си постои разговор, отвореност и разбирање. Нормално дека има моменти кога едноставно сакаш да избегаш од се, ама не по секоја цена. Колку што има солење памет, препирање, нервирање, има и помош, дали материјална или физичка... мене свекрва ми за ништо не ми помага по дома, не ни очекувам, напротив, јас и помагам, она може да ми го причува детето кога имам потреба, да напраи ручек и да плати дел од сметките...и на тоа сум и благодарна... Мајка ми кога ме испрати од дома ми рече да бидам „послушна“ таму кај што ќе отидам, зошто ќе се соочам со неколку различни карактери на кои пред се јас ќе треба да се прилагодам, пошто јас се приклучувам на тоа семејство... ама затоа и кај што отидов јасно се изјасни дека нејзината ќерка не е најдена на улица, има свое семејство, и дека, како родител, нема да дозволи нејзиното дете да биде малтретирано и понижувано...
|
|
|
|