Maca25 -> RE: Со или без свекрва дома? (14.7.2009 11:31:25)
|
мојата свекрва ич не се замара со нас. Јас и маж ми уште кога не бевме земени живеевме заедно под кирија, затоа што и двајцата работевме и имавме добри примања. Она и тогаш ниту доаѓаше, ниту пак јас одев кај нејзе. Кога останав трудна пак не се замараше, со го гледаше другиот син. Маж ми долго време си живеел сам и она се одвикнала од тоа дека треба да се грижи и за другиот син. Кога јас бев 3 месец трудна двајцата останавме без работа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]. Имавме нешто заштедено ама тоа ни беше доволно само за кирија и нешто за јадење. Свекрва ми уво не ја болеше. Да не беа моите јас не знам што ќе правевме. Секој ден ни праќаа ручек, за викенди јадевме кај нив, ми купуваа витамини, ми даваа пари за прегледи.... и се грижа за зетот. Мајка му не викна два-три пати на ручек во 9 месеци и толку. Сега поради внуката доаѓа за викенди (баш кога ние сакаме да сме си сами), помага само ако јас ја замолам нешто инаку си дреме само. Кога се породив доаѓаше некое време да ја бања малата, (пошто се породив со царски и не можев сама) ама само затоа што мајка ми ја замоли да доаѓа на неколку саати. Имам среќа што сега може да си дозволиме да си живееме сами и никој да не ни смета. Јас сум за тоаЧ млади на едно место, стари на друго. СВЕКРВА ДОМА НЕ !!
|
|
|
|