RE: Нешто неверојатно :) (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


zami -> RE: Нешто неверојатно :) (4.3.2010 10:14:23)

Во рамки на проектот „Големи и мали“ на Здружението „Хуманост“ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД АЕРОДРОМ СЕ ДРУЖЕА СО ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување стари и изнемоштени лица „Хуманост“, од јануари почна да со реализација на проектот „Големи и мали“, во кој се вклучени и пензионери од Општина Аеродром. Проектот кој е финансиски поддржан од Холандска амбасада, се реализира во детските градинки, односно е наменет за децата од големите групи и лицата над 65 години. Проектот „Големи и мали“ вклучува креативни и тематски работилници, кои се во согласност со планот и програмата за работа на градинките и ги покрива темите од секојдневниот живот на децата и возрасните. Целта на проектот е негување на традиционалните и моралните вредности и зајакнување на социјалните врски меѓу децата и повозрасните лица.[image]http://www.aerodrom.gov.mk/admin/images/00%202010/2402/1.jpg[/image]

[image]http://www.aerodrom.gov.mk/admin/images/00%202010/2402/2.jpg[/image]
24.2.2010 Општина Аеродром




Боцко -> RE: Нешто неверојатно :) (4.3.2010 10:30:44)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
одлична идеја! ми се допаѓа!




majka 79 -> RE: Нешто неверојатно :) (4.3.2010 10:33:42)

navistina nesto neverojatno ubavo[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Нешто неверојатно :) (4.3.2010 10:39:52)

Колку убава работа..Браво, прекрасно нешто




BEBICA -> RE: Нешто неверојатно :) (5.3.2010 17:55:47)

  By Allan Hall in Berlin
Published: 11:59AM GMT 05 Mar 2010 Previous 1 of 2 Images Next "Palčić", kako su ga doktori nazvali, uspeo je da preživi iako je rođen u 25. nedelji i težio samo 275 grama.
Pošto je rođen 15 nedelja pre vremena., mališan je 24 sata dnevno bio priključen na aparate za hranjenje, disanje, merenje otkucaja srca, kateter. Lekari su ga priključili na čitavu mrežu uređaja, kako bi otkrili svaki znak koji bi mogao ukazati da postoji rizik po njegovo zdravlje.
Mališan, kojem roditelji još nisu dali ime, pušten je kući kada je u decembru napunio devet meseci i postigao težinu od 3,7 kilograma, što je prosečna težina novorođenčadi u Nemačkoj.
"To je najlakši dečak koji je ikad donet na svet i uspeo da preživi", kažu doktori bolnice u nemačkom gradu Getingenu, gde je dečak rođen.
Oni kažu da su posle provere svih dostupnih podataka o prevremeno rođenim bebama, došli do zaključka da ne postoji dečak lakši od "Palčića".
Što se devojčica tiče, rođene su tri koje su bile lakše, među njima i jedna devojčica iz Amerike koja je na rođenju imala samo 244 grama.




BEBICA -> RE: Нешто неверојатно :) (5.3.2010 18:00:00)

[img]http://www4.slikomat.com/10/0305/z43-premBa.jpg[/img]
Eve slika od novorodenceto




mother 29 -> RE: Нешто неверојатно :) (16.4.2010 12:16:28)

Жена се породи на сред село во прилепско Дупјачани. Кети Конеска од селото Небрегово добила силни болки и веднаш со возилото заедно со сопругот тргнале кон болницата во Прилеп. Но по пат веќе Кети започнала да се пораѓа, во паника, не знаејќи што да направат, застанале пред првата амбуланта во Дупјачани каде пак надвор лекарите мирно си пиеле кафе. Повикале за помош, а лекарката  Мариче Ѓоргиевска не можејќи ништо повеќе да направи ја породила Кети на задното седиште во возилото. „Самата атмосфера беше малку стресна, малку возбудлива, ова беше мое прво искуство да породувам жена и беше необично, затоа што да се спаси не еден, туку два животи за мене беше предизвик“, кажува Д-р Мариче Ѓорѓиеска, општ лекар.Сопругот пресреќен што добил син видно возбуден раскажува за необичниот настан кој ќе го памети цел живот. „Веднаш се паркиравме пред амбулантата, веќе детето беше на пат, тука и била ете среќата на сопругата, лекарите брзо реагираа, детето излезе здраво и живо и потоа веднап пристигна брзата помош од Прилеп која беше на пат“, со радост раскажува Рубинчо Конески, татко на детето.„Доколку не бевме ние тука сместени со амбуланта можеше целиот настан да заврши трагично бидејќи папочната врвца на детето му беше замотана околу вратот“, вели Д-р Ѓорѓиеска.Детето со мајката сега се сметестени во прилепската болница и се очекува за неколку денови да бидат пуштени дома.

ете сега гледав  на А1 ,се очекува да пристигне министерот Османи ,да и предаде лично ,признание на докторката Мариче Ѓорѓиеска[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Rossana -> RE: Нешто неверојатно :) (19.5.2010 21:58:19)

7-месечно бебе со неверојатни 20 килограми
Бебето Мершад Камиз, родено во Техеран, при породувањето беше со нормална тежина, а седмиот месец го прослави со неверојатни-20 килограми. [image]http://www.sitel.com.mk/sites/default/files/imagecache/statija_img/10/03/novosti/11186/fat-baby-2_11186.jpg[/image] Звучи неверојатно, но е вистина. Мершад дојде на свет со 3 килограми, на возраст од 3 месеци веќе тежеше 11, а на седум месеци веќе има-неверојатно 20 килограми. Родителите на бебето, како што пренесува „еРепортер“, во разговорот на иранската телевизија раскажаа дека причина за неверојатната тежина е доењето што трае и по еден час дневно. Ова бебе во првите шест месеци напредуваше со неверојатна брзина. Девојчињата на таа возраст тежат во просек седум, а момчињата 8 килограми. Колку е неверојатна тежината на Мершад, говори и податокот дека девојчињата и момчињата на возраст од пет години тежат меѓу 13,5 и 26,5 килиграми. Светската здравствена организација секојдневно предупредува дека дебелината кај децата станува се поголем проблем. Лошите навики при исхраната што во најголем дел доаѓаат од семејството, се причина за се поголем број такви деца во светот. Експертите предупредуваат дека дебелите деца јадат многу храна со конзерванси, готови сосови, смрзната храна и секако, разновидни слатки. Иако многумина сметаат дека главен виновник за прекумерна тежина се гените, таквото тврдење се покажа за точно само во еден процент од случаите. За останатите 15 насто, најголемиот виновник е немањето физичка активност и лошата исхрана.  Дебелина, генерално, е еден од најголемите проблеми на денешнината, а предизвикува проблеми на срцето и крвните садови, како и дијабетес.





Rossana -> RE: Нешто неверојатно :) (19.5.2010 22:01:47)

Текстови од Куранот мистериозно се појавуваат на телото од бебе На телото на едно бебе од Дагестан се појавиле делови од Куранот. Сурите се јавувале секој понеделник и петок секогаш со нови зборови, пренесува elu24.ee Родителите на деветмесечното бебе не кажувале никому за тоа, се’ додека еден ден не се појaвиле зборовите „Покажете им ги на луѓето моите знаци“.
Детето одбивало храна на Рамазан и јадело само во времето предвидено за ифтар, исламската рамазанска вечера во квечерината по целодневниот пост.
На телото од детето по име Али Јакубов од неговото раѓање се појавувале пораки на арапско писмо. Прво се појавувале само букви, а подоцна се испишувале цели делови од текст, пренесува локалниот медиум Вести кој се повикува на искази на родителите.
„Прво забележавме хематом на неговата брада, но по извесно време се појави зборот Алах“, рекла мајката Медина Јакубова, а медиумот донесува фотографија на која наводно се гледа испишаниот текст „Алах е создателот на сите суштества“.
Кај детето веднаш по раѓањето биле дијагностицирани исхемија и детска парализа, но откако почнале на неговото тело да се јавуваат овие знаци, по извршениот лекарски преглед се’ било во ред.
Локалните медиуми пренесувааат дека откако приказната била објавена, во неговата куќа почнале да доаѓаат голем број дагестански верници, па полицијата морала да ги заштитува родителите и да ја чува деноноќно нивната куќа.





melody -> RE: Нешто неверојатно :) (19.5.2010 22:02:02)

Covece ne mi se veruva ova....sto mleko ke imala negovata majka ,bozeee......[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Maca25 -> RE: Нешто неверојатно :) (20.5.2010 0:46:39)

Бебе во замена за две пива

Маж бил толку очаен за пијалак што сакал да го замени своето бебе за две шишиња пиво.
Сега тој се соочува со обвинение дека се обидувал да направи бизнис зделка со својата три месечна ќерка.

Полицијата во Масачусетс, САД, го обвини 24 годишниот Метју Брејс откако вработениот во една бензинска пумпа го пријавил за бизарната понуда. Откако полицијата дошла на местото на настанот го пронашла Брејс како се крие со својата ќерка зад еден контејнер.

Девојчето сега е ставено под заштита на полицијата, а Метју кој е пуштен на слобода треба да излезе пред суд за своето дело.

Извор: МИА
................................

Каков кретен!!! Би го убила




Maca25 -> RE: Нешто неверојатно :) (20.5.2010 0:50:12)

 Сакала во пензија, а родила близначки

Една 62-годишна Бугарка поднела барање за пензија, а потоа заминала на трудничко боледување бидејќи родила две близначки.

Докторката Красимира Димитрова од градот Русе, психијатар по професија, родила девојчиња, Мери и Жаклин, тешки 500 и 900 грама во болница во градот Плевен.

Претседателката на бугарската Асоцијација за репродуктивно здравје Павлета Табакова изјави дека мајката забременила при вториот обид со „ин витро“, благодарејќи на подарени јајце клетки.

Според неа, оваа метода нема старосно ограничување за разлика од класичното вештачко оплодување, кое во Бугарија е со закон забрането за жени постари од 43 години.

Интересно е што Димитрова на почетокот на бременоста носела три ембриони, но во болницата тие се намалени на два.

Ретка појава во светот е жена со помош на „ин витро“ или вештачко оплодување да се породи во толку одминати години.

Извор: МИА




Rossana -> RE: Нешто неверојатно :) (31.5.2010 15:40:17)

Секоја мајка ќе потврди дека секојдневното хранење, преоблекување и задоволување дури и на едно бебе е тешка „борба“.Затоа одвојте минута да помислите на Џени Меш, која има шест бебиња истовремено. Нејзиниот дневен распоред вклучува 38 шишенца со млеко, 18 преоблекувања, вклучување и средување на две машини за перење алишта и менување 50 пелени.Џени пред два месеца со помош на царски рез родила три девојчиња и три момчиња. За време на породувањето таа претрпела престанок на работата на срцето, но сега мајката и бебињата забрзано напредуваат.Сестрите Бејли, Моли и Савана и браќата Блејк, Кол и Грант се само деветта документирана шесторка која преживеала по раѓањето.На прашањето дали планираат уште деца, сопрузите Меш благо пребледуваат и во еден глас одговараат: „Не“.Брајан Меш има закажана вазектомија за следниот месец.
[image]http://media.a1.com.mk/media/golemi/zanimlivosti/sest-deca.jpg[/image]




Bitolcanka -> RE: Нешто неверојатно :) (31.5.2010 19:13:10)

Wow срцки [sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif] А повеќето "кукаат" од 1 [sm=duda.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] Порано нашите баби, прабаби по 6-7 деца (и повеќе) одгледуваа, па оф не велеа, сега сме нежнички, плашливи [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif]




delfinka -> RE: Нешто неверојатно :) (31.5.2010 20:46:10)

leleeee sto se slatki no tesko na majkata kako ke se snajde,mora da ima ogromna pomos!




pinokio2010 -> RE: Нешто неверојатно :) (5.6.2010 23:20:25)

Lele sto se slatkiiiiiii!! No sto pravi kutrata ako edno pocne da place i drugite mu se pridruzat [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




majka 79 -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 12:44:01)

Дали знаете зошто вереничкиот прстен се носи на четвртиот прст (до малото прсте)? Кинеската легенда тоа го објаснува мошне едноставно и уверливо.

Нема да ви се верува крајот.
  • Палците ги претставуваат родителите.
  • Показалците се браќата и сестрите.
  • Средниот прст си ти.
  • Четвртиот прст е твојот пар (партнер).
  • Малиот прст се децата.

Сега склопи ги дланките и средните прсти постави ги како што  е прикажано на сликата.

1. Обиди се да ги раздвоиш палците (родителите), се раздвојуваат затоа што не треба да живеат со тебе вечно. Повторно спои ги.
2. Обиди се да ги раздвоиш показалците  (браќата, сестрите и пријателите), се отвораат затоа што сите имаат свои животни патишта и заминуваат.
3. Обиди се да ги раздвоиш малите прсти (твоите деца) – се отвораат затоа што децата растат и си заминуваат. Повторно спои ги.
4. Конечно, обиди се да ги раздвоиш прстите наменети за вереничкиот прстен и ќе се изненадиш. Тоа е невозможно. Судбински сте поврзани и затоа венчалниот прстен е носи токму на овој прст.




merema -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 12:54:04)

wow mama79 nesto neverojatno a voedno i interesno




majka 79 -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 13:11:28)

http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/4607
ne mozev slikata da ja iskopiram zatoa vi go pustam linkot za da ja vidite postavenosta na prstite




Џесика -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 13:17:13)

е вака е веќе нешто друго, вака навистина не можат да се одвојат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




ben10 -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 13:26:46)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
BRAVO




baby mama -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 22:07:42)

Пред некој месец и мене ми се случи нешто неверојатно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. На Фејсбук си ја најдов другарката што се допишувавме во шесто, седмо и осмо одделение. Порано така стигнуваа писма во училиштето и беа адресирани до непознато другарче, а беа  означени со бројот во дневникот. На пр. јас бев бр.19 и таа беше бр.19. Сеуште ги чувам писмата и си ги читам некогаш. Никогаш не се запознавме лично, туку си праќавме слики. Девојчето беше од Кавадарци, а сега е сопруга и мајка на две дечиња и живее во Шведска. За мене беше неверојатно што ја најдов на Фејс после 15 години. Се надевам и дека ќе се видиме, кога ќе дојде во МКД. Веќе не сме деца.




mama26 -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 22:27:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/4607
ne mozev slikata da ja iskopiram zatoa vi go pustam linkot za da ja vidite postavenosta na prstite

  majka 79 navistina nemozam da gi odvojam prstite kadesto stoi verenickiot prsten...se koncentrirav gi odvoiv ama milimetar samo...nema vrska so drugite prsti koi poveke se otvorija[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] interesno




mama26 -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 22:28:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/4607
ne mozev slikata da ja iskopiram zatoa vi go pustam linkot za da ja vidite postavenosta na prstite





agnes77 -> RE: Нешто неверојатно :) (27.10.2010 22:49:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby mama

Пред некој месец и мене ми се случи нешто неверојатно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] . На Фејсбук си ја најдов другарката што се допишувавме во шесто, седмо и осмо одделение. Порано така стигнуваа писма во училиштето и беа адресирани до непознато другарче, а беа  означени со бројот во дневникот. На пр. јас бев бр.19 и таа беше бр.19. Сеуште ги чувам писмата и си ги читам некогаш. Никогаш не се запознавме лично, туку си праќавме слики. Девојчето беше од Кавадарци, а сега е сопруга и мајка на две дечиња и живее во Шведска. За мене беше неверојатно што ја најдов на Фејс после 15 години. Се надевам и дека ќе се видиме, кога ќе дојде во МКД. Веќе не сме деца.



многу убаво, се надевам дека се лично запознате еден ден




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>