Арогантни продавачи (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Арогантни продавачи (20.8.2009 13:51:56)

Дали некогаш ви се случило да влезете во продавница или во бутик и продавачката да ви се испонаша онака арогантно.
Некогаш имам чувство дека клиентите им пречат на овие луге, кога некој ке влезе во дукан ко да им го расипуваа раатот додека си читаат весник или зборат по телефон.Друг случај кога ке влезеш во бутик пример пробуваш нешто и не ти се допага како ти стои и кажуваш фала и си излегуваш а таа те гледа онака попреку, ко демек еве го проба се изнамачив да ти го дадам и на крајот не го купи ???

Ужасно ме нервираат вакви луге ,дали сте имале вакви случаи до сега?




srnicka -> RE: Арогантни продавачи (20.8.2009 13:54:51)

na zalost vakvi prodavaci se poveke i poveke gi ima i skoro sekojdnevno se soocuvam so takvi. I mene mnogu me revoltira takviot odnos i obicno nisto ne kupuvam samo radi uslugata. Jas velam ako ne im se raboti taa rabota na takvite luge neka si baraat care na drugo mesto ima mnogu sto sedat na ulica i sto ke sakaat da ja rabotat nivnata rabota so zadovolstvo.




mis. -> RE: Арогантни продавачи (20.8.2009 13:55:23)

Професорица случајот што го опиша е како јас кога си купив прслуче од лиска од гтц а продавачките беа ужас не услужливи.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Во истата ситуација беше и една моја другарка од истата продавачка.Луѓе без работа а они држат такви ...ај да не кажам да не згрешам.




penelopa -> RE: Арогантни продавачи (20.8.2009 14:00:02)

Ma ne samo vo prodavnica ili butik( tamu toa e voobičaeno) tuku i vo banka...toa ti e makedonski mentalitet[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]. Jas živeam vo SLO tuka možeš slobodno da im se kačiš na glava na prodavačkite a oni moraat da te uslužat i da bidat nasmeani....možeš da probuvaš kolku sakaš i da ne kupiš ništo nema da ti rečat...toa e nepišano pravilo.
Mene mnogu me nervira koga vleguvam vo prodavnica i ne te pozdravuvaat...toa epten mi e čudno...tuka najprvin prodavačkata te pozdravuva, pa kako ste denes...mislam kultura na nivo.




mami -> RE: Арогантни продавачи (20.8.2009 14:01:06)

мм во тие случаеви си излегува од продавница и веќе не влегува, апочнав и јас веке така..Па јас влегувам за неа да и направам промет, а не таа мене. Кога баравме кошула за него за свадбата во рамстор во една од продавниците, пробуваше кошула, која му ја отпакува нели нормално и ја проба, не му се  допадна и викаме- фала- и таа- А што?? не ја земате? ама со тон како- па зошто ја отпакував, и си излеговме, мм рече- и да ми се допаднеше немаше да ја земам.
Или во празен ресторан чекавме 15 мин да дојде некој да не услужи за на крај кога мм рече- епа крајно време беше, да добиеме одговор- Епа тоа ти е, не ни нарачавме си станавме и веке не не видоа таму




Iva -> RE: Арогантни продавачи (20.8.2009 21:12:35)

Ги читам коментарите и си викам морам и јас да напишам нешто. Пред да бидам унапредена работев во продавница, инаку работам во Germanos и многу добро знам што се случува низ продавниците па и во дел од нашите.Значи сум била продавач и за тоа сум била посебно обучувана. Најмногу ме нервирало и јавно пред колегите сум се прсправала кога ќе сум видела некој од моите колеги така да се испонаша. Тоа прво е доказ за домашната култура и воедно за нас како личности. А најголеми виновници за тоа се самите работодавачи. Нека има санкции за таквото однесување па ке видиме дали така повторно би се однесувале. Инаку морам и да се пофалам, додека работев во продавницата во Рамстор во Октомври 2007 се одржуваше месец на трговијата и нашата продавница го освои второто место на ниво на град Скопје.




penelopa -> RE: Арогантни продавачи (21.8.2009 9:57:16)

Ubavo kažano Iva...se nadevam deka situacijata ke se podobri i samite rabotodavci poveke ke vnimavaat kogo vrabotuvaat ulu kako što vikaš tu i obuka e dobrodojdena. Čestitki za osvoenata nagrada[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




arh_diz -> RE: Арогантни продавачи (21.8.2009 10:02:54)

Prvo nesto sto se slucuva kaj nas koga ke vlezes vo nekoja prodavnica e da te izmeri prodavackata od glava do petici , i spored toa kako si oblecena i kako izgledas  taa pocnuva taka da se odnesuva so tebe. Jas go imam toa primeteno nekolku pati i strasno me nervira , poradi toa i mnogu retko kupuvam vo takvi prodavnici




mami -> RE: Арогантни продавачи (21.8.2009 10:06:55)

Знаете што ме нервира најмногу- кога ке влезам во Евроазија и продавачката ме демне на секој чекор..е тоа неможам да го трпам и си излегувам веднаш




profesorica -> RE: Арогантни продавачи (21.8.2009 10:09:15)

леле стварно иде по тебе бе леле катастрофа.замара.ама па тие па немаат што да прават и цел ден се на нозе и одвај чекаат да продадат нешто бидејќи газдите ги набљудуваат.нив ги сваќам зошто јас 2 пати бев на пробна работа во бутик и не издржав месец дена колку што е (НЕПЛАТЕНОТО)пробно.




mami -> RE: Арогантни продавачи (21.8.2009 10:11:56)

абе да ама па не сфакаат дека така си ги бркаат муштериите? некогаш дури и ми доаѓало да побарам да зборам со некој претпоставен и да му кажам што мислам за нивниот начин на работа




Еца -> RE: Арогантни продавачи (22.8.2009 1:15:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: srnicka

na zalost vakvi prodavaci se poveke i poveke gi ima i skoro sekojdnevno se soocuvam so takvi. I mene mnogu me revoltira takviot odnos i obicno nisto ne kupuvam samo radi uslugata. Jas velam ako ne im se raboti taa rabota na takvite luge neka si baraat care na drugo mesto ima mnogu sto sedat na ulica i sto ke sakaat da ja rabotat nivnata rabota so zadovolstvo.

Потпишувам , дури еднаш на една продавачка на излегување и кажав:-Да бевте пољубезни убаво ќе си испазарев, вака продолжи да се мрштиш (не сакате да знаете кава фаца направи)[image]http://www.33smiley.com/smiley/humor/20.gif[/image]




Викторија -> RE: Арогантни продавачи (22.8.2009 1:28:58)

tolku ime kulturata. ajas denes kupuvav so karticka i prodavackata mi veli kazetemigo pin kodot.ja gledam zenava i nemozam dase iznacudam sto mi veli.daigo kazam kodot budala rabota[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]




nadica -> RE: Арогантни продавачи (22.8.2009 1:31:16)

леле колку неучтиви продавачки има тоа едно чудо јас редовно се враќам изнервирана од некоа ...
во мк треба пишано правило можеби тогаш ќе бидат повеќе услужливи




nadica -> RE: Арогантни продавачи (22.8.2009 1:33:41)

ааааааааааааа па за плаќање со картичка врска немаат а ни услови за внесување пин




Викторија -> RE: Арогантни продавачи (22.8.2009 1:40:01)

veruvajmi nadica nemozev dase nacudam cel den.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Арогантни продавачи (12.11.2009 16:23:32)

луѓе мне се криви продавачките, верувајте..и јас така мислев порано ама откако поминав 1 година во продавница сосема го сменив мислењето. Прво не знаете за кои мизерни пари работат таму во никакви услови..јас на пример несмеев да одам во WC..А работат таму не од што сакаат туку немаат подобра работа. А тоа дишење у врат што го споменувате, тоа е затоа што се што фали на крајот од денот сами си плаќаат, значи од и онака мизерната плата треба да одвојат за се што фалело дента, газдите се скржави за да вложат во безбедносен систем и вака им е полесно, продавачките ќе си платат, жалосно. И кој не работел во трговија не може и да си замисли колку се краде по продавнициве, јас имам фатено еден куп луѓе што се обиделе да украдат, а исто и еден кушп немам фатено, односно сум си платила што фалело..ужас е, јас сочувствувам со продавачките........




denicka -> RE: Арогантни продавачи (12.11.2009 17:34:08)

vezilka vo red e seto toa. ama tie namrstenite sto rabotat vo pomali butici, bas naprotiv treba da se trudat da prodadat sto poveke pa i za niv ke ima poveke. valjda[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] jas toa taka go svakam, ako ima za gazda ke ima i za vraboteniot. osven ako ne e epten necovek




Bogdancanka -> RE: Арогантни продавачи (12.11.2009 20:48:39)

Ауу и јас сум имала доста случаи со такви неуслужливи и намрштени продавачки и на крај се вракам дома изнервирена од нив пффффф.




profesorica -> RE: Арогантни продавачи (13.11.2009 7:39:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

ааааааааааааа па за плаќање со картичка врска немаат а ни услови за внесување пин


хаха сега се потсетив пред некој месец кога купував во БЕЛА и продавачката на крај да ми наплати а јас со картичка нели.НЕ ЗНАЕШЕ ДА МИ НАПЛАТИ,
нејзината изјава:апаратот не го прифаќал пинот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] а она таму позади штрака ли штрака-изгледа цел број го внесувала наместо првите 5 цифри од картичката[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] 5 апарати до неа за сите банки а она ги проверуваше сите(а мојата е виза) [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

на крај и платив во кеш.




Mammy -> RE: Арогантни продавачи (13.11.2009 9:46:59)

Тоа што мами напиша за Евроазија, хаха..баш е така, те демнат, како сенка ти се.
Имав прилика да шетам многу по продавници во Хрватска.
Толку се љубезни и услужливи, што да ти е мерак да купуваш.
Јас работам во Банка, во дирекција. Во експозитурите имаме вработено многу млад кадар од кој се очекува љубезност. Сме организирале и предавања и обуки, ама на крај со оние мамини мази пак е исто. Пак ќе кажам, се е и од домашното воспитување.

ММ многу се нервира кога во продавница ќе му речат ПОВЕЛИ ДЕЧКО, и тој секогаш им вели ФАЛА НА КОМПЛИМЕНТОТ. Па тој има 42 години,хахаааха..




bojanas -> RE: Арогантни продавачи (13.11.2009 10:07:48)

Се сложувам со тоа дека голем број продавачки работат за мизерни пари и во мизерни услови, сепак ТОА ИМ Е РАБОТА! Ако сте ја прифатиле таа работа работете ја најдобро што можете- така самите себеси се наградувате. Сите работиме некоја работа која вклучува контакти со луѓе и тука нема место за ароганција.
А арогантни и безобразни продавачи еден куп особено во продавници за бебиња. Дали некогаш сте добиле комплетен одговор за карактеристиките за седиште за во кола за бебе???? КАТАСТРОФА!!!Ниту една од продавачките не сепотрудиле да ги прочитаат проспектите за тоа што го продаваат во продавница и не знаат која е разликата меѓу едно и друго седиште, ама веднаш ќе ви ја понудат најскапата варијанта. А за дубак- тоа е посебна приказна- сем дека има различни бои и различни играчки за дубакот ништо друго не ми кажаа- важно ми дадоа каталог да видам какви се работи имаат СТРАШНО! Ако е така сите да си нарачуваме работи преку каталог нема потреба од продавнци и продавачки!




vezilka RR -> RE: Арогантни продавачи (16.11.2009 15:42:50)

значи можам комотно да отворам нова тема за бисерите на газдата (зборам за оној каде јас работв), јас имав ИНСТРУКЦИЈА од него ако можам да му тутнам на муштеријата поскапо ЦД без разлика што тој барал, луѓе не сум јас крива што тој е глуп...а иначе јас викам вака колку се културни муштериите, толку се културни и продавачките, па луѓе од иста планета сме сите..дајте да бидеме реални..иначе каква култура е тоа кога ти му викаш добар ден на муштерија а тој нема абер да ти одговоти (тоа се однесува на 95% од муштериите што влегле во дуќанот каде јас работев за период од година ипол), кога влегува во дуќан во 21 часот и ти му викаш работно време ни е до 21, а тој ќе седиш тука до кога јас сакам, крадците веќе ги спомнави сл... и за тоа можам посебна тема да отворам..




ananikol -> RE: Арогантни продавачи (16.11.2009 19:14:56)

Kolku umno Vezilka rece; Kolku se kulturni musteriite tolku se kulturni i prodavacite.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]
Kolku od nas ovde koga ke vlezat vo prodavnica  pozdravuvaat[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley25.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley25.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley25.gif[/image]
Kolku od nas na ljubeznoto 'povelete' odgovaraat sto im treba
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley25.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley25.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley25.gif[/image] 
Mislam deka ima poveke arogantni kupuvaci odkolku arogantni prodavaci.




Bethany -> RE: Арогантни продавачи (13.6.2013 22:33:30)

Пред некое време имам влезено во една продавница со џиџи-миџи работи и детски играчки. И прашувам за нешто, а продавачката тоооолку беше дрска, едвај и се збореше. Значи да напоменам дека најкултурно ја прашав за нешто што ме интересираше и таа така ми се испонаша.
Ме изнервира, ама најсмирено што можев констатирав: тебе очигледно те ни се работи, нели?
Во една секунда девојката се смени за 360 степени.
Ама во последно време каде и да одиме, не ретко се среќаваме со дрски, арогантни услужители... Кога ти дојде до маса и само буквално фрли тоа приборот за јело, ти преседне се, најрадо би да се окренеш и одеш.
Разбирам дека е општо незадоволство меѓу луѓето, ама па така не се решаваат работи на подобро, туку на полошо..




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>