Убави мисли (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Julie1 -> Убави мисли (12.3.2009 21:07:02)

Многу често кога сум разочарана од некои работи една прочитана добра мисла може да ме крене. Да споделиме некои убави мисли кои сте ги прочитале во некоја книга, на интернет или сте ги слушнале.




Julie1 -> RE: Убави мисли (12.3.2009 21:09:48)

Никогаш не било и никогаш нема да биде лесно! Но патот изграден во надеж е попријатен за патникот отколку патот изграден во очај, дури и кога двата пата водат до иста дестинација.




vesna_kr -> RE: Убави мисли (13.3.2009 11:32:52)

"Вербата во успехот е половина успех"
                                  - Вељко Пешровиќ




vesna_kr -> RE: Убави мисли (13.3.2009 11:33:35)

Треба добро да запомниш дека ништо не може да ти донесе успех освен ти самиот“

 "Секогаш е поевтино работата добро да се заврши првиот пат"  

„Не сакајќи ништо, имаме се“   "Ако не се предаваш, секогаш имаш надеж за победа"   "Вистината постои,се измислува само лагата"   "Биди промената која сакаш да ја видиш"  

"Никогаш не можат да се кажат толку мудрости колку што можат да се преќутат глупости"   „Патот кон куќата на пријателот никогаш не е долг“   "Ако го нема во компјутерот, тогаш не постои"   




vesna_kr -> RE: Убави мисли (13.3.2009 11:34:36)

Светот е поделен на луѓе кои ги извршуваат работите и луѓе кои ги прибираат заслугите. Пробај ако можеш да припаѓаш на првата класа. Таму има доста помалку конкуренција.

-Dwight Morrow




vesna_kr -> RE: Убави мисли (13.3.2009 11:35:39)

  1.  Работи како да не ти требаат пари.
  2.  Љуби како никогаш да не си бил повреден.
  3.  Танцувај како никој да не гледа.




Julie1 -> RE: Убави мисли (13.3.2009 16:38:39)

Копнеам по тоа да извршам голема и благородна задача, но моја главна должност е да ги извршам малите задачи исто како да се големи и благородни. (Хелен Келер)




kati -> RE: Убави мисли (18.3.2009 11:07:06)

јас можам
јас умеам
јас знам
(автор самата јас) кога ми е тешко си ги запишувам на лист неколку пати и автосугестивноста веднаш ми проработува




Julie1 -> RE: Убави мисли (18.3.2009 11:10:26)

Роден сум кога други сакале, ќе умрам кога нема да сакам, затоа ќе живеам како што јас сакам!
(убава мисла која често ме прати во животот,  ја имам прочитано, многу одамна, го имам заборавено авторот)




vesna_kr -> RE: Убави мисли (18.3.2009 13:02:16)

„Не биди роб на својата плата! Ако планираш на направиш нешто во светот, мора да започнеш пред да наполниш четириесет, пред периодот на иницијатива да заврши. Направи го сега!“ -Robert Cochrane





vesna_kr -> RE: Убави мисли (18.3.2009 13:03:21)

Не можам да ти ја дадам формулата за успех, но можам да ти ја дадам формулата за неуспех - која е: Пробај да задоволиш секого.

-Herbert Bayard Swope




Еца -> RE: Убави мисли (21.3.2009 11:43:20)

И најнесреќниот човек  има свои мигови исполнети и облеани со сонце, и под песокот и камењата има свои мали цвеќиња на среќа. - Херман Хесе




Еца -> RE: Убави мисли (21.3.2009 11:48:50)

Не постои грев туку недостиг од љубов.Имајте храброст,бидете способни да сакате,па дури и ако љубовта изгледа предавничка и ужасна работа.Бидете среќни во љубовта.Радувајте и се на победата.Следете ги заповедите на своето срце.- Пауло Коелјо




Еца -> RE: Убави мисли (21.3.2009 11:53:50)

Еден ден и вам ќе ви се насмевне среќата.Не заборавајте дека ќе дојде и вашиот среќен миг.Не бидете нетрпеливи и не лутете му се на животот.Чекајте без завист кон другиот.Ако научите сакајќи да го живеете животот,ќе знаете што треба да сторите за да бидете среќни. - Орхан Памук




Еца -> RE: Убави мисли (21.3.2009 11:55:28)

     Бегај од она што бега од тебе,
    не барај ништо и среќата ќе те пронајде!  - Флоренс Сковел Шин





nina -> RE: Убави мисли (9.4.2009 19:58:16)

Не е страшно ако си без  работа
страшно е ако си без идеа!!!!




Еца -> RE: Убави мисли (27.4.2009 7:09:41)

Умните луге им дозволуваат на своите деца понекогаш и да погрешат!!! Ганди




Еца -> RE: Убави мисли (27.4.2009 7:12:57)

''Знам дека човек треба да простува,мегутоа постојат работи кои тешко можат да се замислат,а уште помалку простат и заборават.Сепак јас на никој не му ја држам судбината во раце.Ке му оставам на Господ да ја заврши својата работа и да ги казни грешниците како што заслужиле.Од мене им е простено!''




Anushka -> RE: Убави мисли (27.4.2009 16:36:20)

"Malite deca ti sedat vo skut, golemite na glava"
"Kerkata edinica e igla vo srceto na majkata"




agnes77 -> RE: Убави мисли (27.4.2009 23:30:10)

ova misao je na slovenskom jeziku

Biti moramo pripravljeni, da se odpovemo življenju, ki smo ga načrtovali, da bi zaživeli življenje, ki čaka na nas.

To znači nešto kao: Biti moramo spremni, da se odpovemo životu, kojeg smo planirali, da bi mogli zaživjeti život koji čeka na nas.





biljanaM -> RE: Убави мисли (7.5.2009 14:44:50)


Кога си решил да заминеш, не свртувај се назад, секогаш ќе видиш нешто што ќе те спречи




Julie1 -> RE: Убави мисли (10.5.2009 0:48:13)

Не можам да се сетам на ден во мојот живот кога не му се радував на утрото. Имаше денови за кои знаев дека ќе бидат тешки, но секогаш сакав да се соочам со денот. (Глорија Гејтер)




Nikolina -> RE: Убави мисли (10.5.2009 1:15:40)

NE E GREV DA NAPRAVIS GRESKA,GREV E DA JA POVTORIS ISTATA!




Еца -> RE: Убави мисли (10.5.2009 19:27:47)

Доброто кое денес ќе го направите,обично луѓето утре ќе го заборават. Сепак,правете добри дела (Мајка Тереза)




biljanaM -> RE: Убави мисли (10.5.2009 23:41:49)

golemite tajni gi nosime tivko skrisum vo nas, a sitnicite ne razbesnuvaat

ova epten e tocno




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>