RE: Убави мисли (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


lukas -> RE: Убави мисли (29.9.2010 23:27:32)

nikogas ne pravi planovi navecer,sekogas izgledaat lesni no koga ke se razbudis utroto ke si recis lele kako ke napravam sega ova...zatoa legni i prespi utroto e pomudro od nokta...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mama26 -> RE: Убави мисли (29.9.2010 23:27:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

Вашите деца не се Ваши деца

Тие се синови и ќерки на животот кој копнее по себе си.
Тие доаѓаат низ Вас, но не од Вас,
И иако тие се со Вас, Вам не Ви припаѓаат.

Можете да им ја дадете Вашата љубов, но не и Вашите мисли,
Тие имаат свои мисли.
Можете да ги вдомите нивните тела но не и нивните души,
Зашто нивните души живеат во куќата на иднината,
која Вие не можете да ја посетите, ниту во соништата.

Можете да тежнеете да бидете како нив, но не обидувајте се да ги направите како Вас.
Зашто животот ниту оди наназад, ниту доцни со минатото.

Калил Гибран
           zakon [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




lukas -> RE: Убави мисли (29.9.2010 23:28:59)

no nekako mi e tazno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mama26 -> RE: Убави мисли (29.9.2010 23:32:35)

tazno e lukas...da....ama realno




elle -> RE: Убави мисли (30.9.2010 18:00:03)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

No eye has seen, no ear has heard, no mind has conceived what God has prepared for those who love him....

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Anushka -> RE: Убави мисли (1.10.2010 11:44:45)

еве нешто за бракот:
Бракот е како шпагетите: најдобро да се консумира топол.
Лош брак не е заради недостаток на љубов, туку заради недостаток на пријателство.




nadica -> RE: Убави мисли (22.11.2010 11:20:57)

Каде што има омраза, биди ЉУБОВ...
Каде што има навреда, биди ПРОШКА...
Каде што има сомнеж, биди ВЕРБА...
Каде што има очај, биди НАДЕЖ...
... Каде што има тага, биди РАДОСТ...
Каде што има мрак, биди СВЕТЛИНА...
Секогаш живеј со ДОБЛЕСТИТЕ,
само така си вистински ЧОВЕК..




agnes77 -> RE: Убави мисли (22.11.2010 11:38:28)

Надица, навистина многу убаво напишано[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




maripoza -> RE: Убави мисли (22.11.2010 14:53:05)

Љуби го оној кој е добар,а не оној кој е убав,бидејќи оној кој е добар ствара,а убавината бара!




nadica -> RE: Убави мисли (24.11.2010 12:36:56)

Кога успееш, не фали се...кога паднеш не жали се.
Животот е круг, час си горе, час си долу...
Но секогаш имај храброст!




Natuska85 -> RE: Убави мисли (24.11.2010 13:51:01)

Еве една прекрасна приказна, полна со многу длабока вистина:

Си беше едно дете кое требаше да дојде на свет. Детето беше многу загрижено заради непознатиот свет во кој требаше да се роди. Еден ден реши да го запраша Бога:

-Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму?

-Бог му одговори на детето: Немој да се грижиш, определив еден ангел кој ќе се грижи за тебе. Тој ќе те пречека, ќе те чува и ќе те научи на се што е потребно. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што постојано ќе ја чувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен.

-Добро, а како ќе разберам кога нешто ќе ми кажат луѓето, кога јас не го знам нивниот јазик? запраша детето.

-Твојот ангел ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови што можат да се слушнат на земјата и тој нежно и со многу љубов ќе те научи да зборуваш на нивниот јазик.

-Детето загрижено продолжи со прашањата: Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе и опасности, кој ќе ме штити од нив?

-Бог се насмевна и рече: Ангелот ќе те заштитува од секакво зло, па макар и по цена на својот живот.


-Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам.

На тоа Бог му одговори: Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене.

Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до детето. Тоа сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: Господе нешто морам да знам, кажи ми како се вика мојот ангел?

Господ му одговори со голема насмевка: Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




maripoza -> RE: Убави мисли (24.11.2010 14:53:54)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]навистина прекрасна приказна.




emily -> RE: Убави мисли (25.11.2010 1:08:25)

prebavo kazano... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Убави мисли (25.11.2010 1:30:48)

Сакате ли да се пробудите? Сакате ли среќа? Сакате ли слобода? Еве ви ја - ослободете се од своите лажни идеи. Не дозволувајте другите да ве лажат. Ако не се лажете самите нема да ги лажете ни другите луѓе. Тогаш ќе ги засакате.




zapce -> RE: Убави мисли (25.11.2010 13:02:55)

Некои луѓе брзо доаѓаат во нашиот зивот, и брзо си одат од него...

Некои луѓе ни стануваат пријатели и долго се присутни во нашиот зивот...

Оставаат убави траги во нашите срца...

И никогаш повеке не сме такви какви што сме биле, затоа што сме запознале добар
пријател!!!!

Вчера е историја. Утре е неизвесност. Денес е подарок.

Затоа се вика сегашност, животот е нешто посебно, живеј го и уживај во него, во
секој момент!!!!

Земи го малиот ангел и чувај го, тоа е твој ангел чувар, кој те пази!
Тоа е посебен ангел чувар...

И не заборавајте дека сите ние сме гости на овој свет...




Beatris -> RE: Убави мисли (5.12.2010 11:55:46)

ЧАСОВНИК
 
Низ времето
те создавам...
По патиштата на животот
молскавици пресретнувам...
Над ѕвездите издигнат,
во мигот на судбината,
постоиш и не исчезнуваш...

Ако сум солза,
да не се пролеам низ погледи.
Да сум желба,
да не се остварам.
Да бев живот,
а да умирав,
да бев камен
на врвот на планината,
да го пронајдеше,
а без душа е...

Зарем создавањето
е морничаво чувство на празнина
по подемот?
Да сфатиш
дека не можеш
да живееш,
да создаваш?
Зарем смртта
го поразува животот
кога ќе го навјаса?

Но, тоа е само збор,
исто како и животот.
Создаден...

Допираш во раните на времето,
газиш врз неговата душа,
небаре го уништуваш
она што вечно е...

И гревот е твој...
Поразен од времето,
постоиш
за да не можеш
да создаваш...

Извадок од збирката "Загубени луѓе" од Татјана Томовска




Natuska85 -> RE: Убави мисли (5.12.2010 12:25:00)

Беатрис,твоја е збирката????Проверив на фб моминско ти е Томовска.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

[image]http://degiorgi.math.hr/forum/images/smiles/bravo.gif[/image][image]http://degiorgi.math.hr/forum/images/smiles/bravo.gif[/image][image]http://degiorgi.math.hr/forum/images/smiles/bravo.gif[/image]





Beatris -> RE: Убави мисли (5.12.2010 15:09:11)

Moja e [sm=smiley1.gif] Sakav da ja podelam so vas [sm=smiley1.gif]




Olivia -> RE: Убави мисли (5.12.2010 16:03:05)

Auuu  Beatris  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Beatris -> RE: Убави мисли (5.12.2010 19:11:36)

Готово се навлеков на аплаузов [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  Еве уште една:

СИЛУЕТИ
 
Кристално парче ноќ...
Разбранувани сенки
на заталкани силуети...

Мирис на јаве
ги бранува соништата,
кришум краде од времето
на сонливост...

Светлината се бори
со црните војници на ноќта,
полека продира,
тивко ги исполнува
пукнатините на просторот...

Очите се отворени
а свеста го пронаоѓа својот пат...
Кристални огледалца
водат љубов со светлината,
ја пресликуваат
во поразената ноќ...

Извадок од збирката "Загубени луѓе" од Татјана Томовска






Bogdancanka -> RE: Убави мисли (5.12.2010 19:29:26)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]браво Беатрис прекрасно!




Olivia -> RE: Убави мисли (5.12.2010 19:33:21)

Солзите кои ги рониш поради твоите несреќи ќе ти ги отворат очите за да ја разбереш вистината. Сфати дека оној кој се бори со тебе секогаш ги зацврстува твоите нерви и ги изострува твоите вештини. ТВОЈОТ НЕПРИЈАТЕЛ СЕКОГАШ Е ТВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ПОМОШ !




Beatris -> RE: Убави мисли (5.12.2010 19:36:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Olivia

Солзите кои ги рониш поради твоите несреќи ќе ти ги отворат очите за да ја разбереш вистината. Сфати дека оној кој се бори со тебе секогаш ги зацврстува твоите нерви и ги изострува твоите вештини. ТВОЈОТ НЕПРИЈАТЕЛ СЕКОГАШ Е ТВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ПОМОШ !


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Golema vistina, samo treba da go imame toa na pamet vo teskite momenti i da ne dozvolime da ne obzemat negativni cuvstva, zosto kako i da e so pozitivna energija mozeme da izlezeme kako pobednici i pocvrsti licnosti posle sekoj poraz




agnes77 -> RE: Убави мисли (5.12.2010 19:50:35)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris

Moja e [sm=smiley1.gif] Sakav da ja podelam so vas [sm=smiley1.gif]


wow[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: Убави мисли (5.12.2010 19:50:48)

Вистинскиот пријател ја гледа твојата тага,додека сите останати и веруваат на твојата лажна насмевка...




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>