Bitolcanka
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka Не е страшно ако наидуваме на препреки во животот (проблеми од лична природа, луѓе-пријатели-непријатели, забрани, падови ...), ако често паѓаме, не успеваме. Жално е кога дозволуваме таквите препреки да не запрат во нашата намера, нашата цел, кога застануваме, се повлекуваме, се откажуваме, стануваме негативни ... Со тоа им ја исполнуваме желбата на останатите-непријателите да не видат поразени, не веруваме во самите себе, стануваме слаби, нерешителни, депресивни, безволни ... Секој неуспех не прави посилни, не зајакнува. Секој пад ни дава мотив за повторен обид, за напредок, желба за успех, победа! Мислата е резултат на мое лично искуство. Mе потсетува на предавањата за "Обука за личен и професинален развој" од една повозрасна жена, Американка која на толку оригинален начин за само 2-3 часа, додека бевме заедно (ние, нејзините слушатели и учесници) успеа во нас да ја разбуди надежта, преку примери, игра со балони, цртање, разговор. Им се восхитувам на таквите личности, од нивната енергија, жар, верба ... и се раководам од нивните постигнувања и искуства. Ова беше за претходниот потпис. Во тој период бев на крајот од една долготрајна напорна битка, па во тоа се состоеше и потписот. Помина битката, која заврши со мој успех, се разбира, па редно беше мојот потпис да го освежам со нешто ново, позитивно Мислата значи дека не треба да се бориме да го допреме успехот (нашата сенка, себеси), туку да се стремиме да ги реализираме нашите цели, визии, соништа ... да одиме по нашиот замислен пат. Тогаш, успехот доаѓа сам по себе, како наша награда за максимално вложениот труд и љубов во се што сме зацртале.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
|