Дали тато го чува детето? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Татин форум



Порака


Snowhite RR -> Дали тато го чува детето? (10.1.2011 20:13:21)

Еве мм на пример стално ми велеше дека кога ќе почнам да одам на работа тој не може да го чува детето, но како поминува времето си легна на брашното, се уште се буни и вели дека не може, не знае, ама кога ќе му го оставам како така го преслекува, го храни, го игра, го успива. И стално вика дека кога ќе биди поголем ќе било полесно, ќе одел, ќе играл, ќе разбирал, полесно ќе било за чување.
Како е кај вас?




mama26 -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 20:59:16)

da go cuvase celi dva meseca.[jas rabotev].potoa ne mi se rabotese pa napustiv i od od togas jas go cuvam.




mama26 -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 21:01:30)

i poubava slika vo mojot zivot nemav videno.jas se vrakav od rabota a tie i dvajcata veke zaspani[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] normalno menuvase peleni go ranese bese 5- 6 meseca bebence




AnnaMolly RR -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 22:06:27)

До сега немало потреба да го чува на подолго од половина час. Дали еднаш или два пати му има сменето пелена. Не дека не знае или не сака, едноставно не дошло до тоа. Останува сам со него додека да зачистам јас или на пример да одам во продавница.
Ама знае да смени пелена, да му даде да јаде. Тоа е најважно.
Во недела обавезно тој го бања и Филип тогаш најмногу ужива.

Исто како тебе, Snowhite, и мене ми вика дека кога ќе потпораснел ќе било полесно. Вика: Само да порасне, ти нема да имаш никаква обврска со него, се со мене ќе биде. А јас му викам дека кога ќе порасне и нема да ми треба толку помош. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




*miki mami* -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 22:19:08)

кога ќе порасне и нема да ми треба толку помош. user posted image



POTPIS




*miki mami* -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 22:24:08)

Му нема сменето пелени уште не е ни заинтересиран да проба не свака дека кога ке останат сами ке се изгуби и ке незнае што да прави и тогаш ке дојде на моето,го храни за време на ручек јадат заедно го причувува кога имам нешто работа според мене повеке ми одмага него што помага му дозволува да прави што сака и после кога не е нешто ко што треба таа што го кара сум јас него го нема[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Isabella -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 22:32:30)

Sve sto znam i pravam jas, znae i pravi i toj . Od koga se rodi Isabella dvajcata ja banjame, toj koga e doma samoinicijativno trca da i smeni pelena, vo raboten den i dava  vecera, a za vikendite 100% e negova obvrska (igranje, menuvanje peleni, hranenje...). Samo sto ne napravil nikogas do sega e da i zgotvi jadenje, toa go pravam samo jas. On bi i daval samo hrana od teglicka da se prasuva toj, ili koga ke potporasne bi ja odnel vo McDonalds [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]. A jas po taa tema sum [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




betpet -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 22:49:42)

Дали го чува ДА ДА ДА.
И кога беше помала, редовно ја држеше во раце, на него заспиваше, и даваше млекце, само не ја соблекуваше.Но сега веќе и тоа го прави, веќе еден месец тој е на одмор и заедно поминуваат по цел ден додека јас дојдам од работа. Играат, читаат редат коцки, се пресоблекуваат и навечер и тој помага во бањањето. А морам да признаам дека кога се обидуваме да ја заспиеме, тој е по упорен и со него најбрзо заспива, само што ќе се гушнат и веќе може да се каже дека она веќе е готова. Тој е супер татичко, и таа многу го сака.




Тања РР -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 22:51:26)

Oд кога почнав да одам на работа татко и ја чува секое попладне. Тоа подразбира дека ја облекува, пресоблекува, менува пелени, готви каши, ја храни и ја успива. Многу сум задоволна како го прави тоа, ми се чини дека е подобар и од мене. Тој успева да ја залаже да изеде количински многу повеќо отколку јас. Со него секогаш е насмеана и среќна затоа што секој ден и наоѓа нешто ново за играње, нему повеќе му се радува и погласно му се смее.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Maca25 -> RE: Дали тато го чува детето? (10.1.2011 22:57:59)

Да, ја чува и тоа многу убаво. Они двајца кога се сами никаква мака немаат, нина тогаш најмногу јаде, најмногу пие, не плаче, вришти и сл. и искрено до пред некое време се чудев како му успева. Но, сватив дека детето е по цел ден веќе 2 години со мене и дека му треба промена и затоа со тато прават се нај нај и најубаво се чуваат.
Немам забелешка како ја чува, што треба да и даде да јаде ќе јаде (само да му кажам јас што треба да се јаде), само трчаат навака натака, се гушкаат, пресоблекуваат, мака немаат. Тато и ги исполнува сите желби на Нина.
Додека сме сите 3 дома нина за се живо трча по мене, а кога се чуваат они двајца мама воопшто не се спомнува. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Дали тато го чува детето? (11.1.2011 9:41:33)

никако мм многу не се замара Тарик кога е со него нонстоп вика се дере просто незнаеш кој е детето а кој таткото [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] се инати со него како мало дете е дури мислам дека понекогаш е полош од Тарик[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Martins mom -> RE: Дали тато го чува детето? (11.1.2011 11:59:04)

Тато и Мартин само се забавуваат заедно, а се’ што е обврска околу него е моја должност. Тие само си играат...многу им е убаво...ги разбирам...две мали дечиња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Тато го слуша повеќе. Јас стопати ќе му речам НЕ, не оди таму, не фаќај и ич не ме ферма, а татко му само еднаш ќе му рече НЕ и тој веднаш се трга. Го слуша ептен...авторитет бе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Дали тато го чува детето? (11.1.2011 16:45:43)

Леле блазеси ви на тие што ви ги чуваат, мм го чува значи, ама додека го чува стопати ми се јавува и само ме прашува кога ќе си дојдеш, ајде иди си, не можам повеќе, сега не јади, што да му облечам итн, го успива во количката, цел саат го вози низ соба додека да заспие, досега кога сум на работа го вардат бабите, а кога мм е слободен ако сум јас на работа го чува тој, дури и тогаш ми вели да го однесиме кај некоја од бабиве, ама нема смисла тој дома да седи, а мајка му на пример да му го чува детето. Ај чекам да видиме кога ќе потпорасне малку дали ќе го чува како што вели, додуша со поголеми деца знае, си игра, ги занимава, го гледам со внуциве што прави, многу му е интересно и него и нив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Дали тато го чува детето? (11.1.2011 16:58:04)

Нема време да го чува инаку знам дека би го чувал најдобро подобро од секој друг баби и дедовци, знае да му смени пелена, да му направи млеко да го облече иако не го прави тоа кога сум јас тука, ама кога би му го оставила нему а не на некој друг би била најсреќна




arh_diz -> RE: Дали тато го чува детето? (11.1.2011 17:40:57)

Go imam ostaveno nekolku pati na mm toj ne mii se javil ama jas mu se javuvav mnogu cesto i mi vika pa sto go ostavas i odis nekade koga ne si opustena, ama majcina ljubov e najgolema.Mislam deka site mazi go kazuvaat toa deka decata koga ke porasnat se pointesni i poveke vreme ke pominuvaat so niv




mama26 -> RE: Дали тато го чува детето? (12.1.2011 12:50:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

.Mislam deka site mazi go kazuvaat toa deka decata koga ke porasnat se pointesni i poveke vreme ke pominuvaat so niv
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] potpis..po moznost da imaat navrseno 18 godini[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




strelec 8 -> RE: Дали тато го чува детето? (12.1.2011 15:03:45)

i dvete sum mu gi ostavila.i koga ke se vratam sto da vidam.bebeto e zaspano a drugoto e na zemjata i si igrae a toj na kompjuterot si uziva.e kako moze taka.izgleda treba pocesto da gi ostavam.mu se pogodil denot 




Боцко -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 0:39:04)

ние си се чуваме, од најмали нозе. уживам во секој миг кога можам да го чувам стефан. плус, од лани жм работи на смени па поладне сме јас и тој секој ден. уживанција! како најдобро другарче ми е
[sm=smiley1.gif]




Maca25 -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 0:43:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Тато и Мартин само се забавуваат заедно, а се’ што е обврска околу него е моја должност. Тие само си играат...многу им е убаво...ги разбирам...две мали дечиња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Тато го слуша повеќе. Јас стопати ќе му речам НЕ, не оди таму, не фаќај и ич не ме ферма, а татко му само еднаш ќе му рече НЕ и тој веднаш се трга. Го слуша ептен...авторитет бе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]



исто е сега кај нас. Јас на пр. спремам јадење, алишта, сокчиња правам и др. за нина,  за да можат они да си играат. И кај нас нина повеќе го слуша мм. тој е лошиот по дома, тој знае да и викне и затоа го слуша. Јас сум ептен мекуш со неа и затоа на глава ми се качува.




Боцко -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 0:50:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
И кај нас нина повеќе го слуша мм. ... Јас сум ептен мекуш со неа и затоа на глава ми се качува.


хахаха колку е исто. жм е онаа на која стефан и се качува на глава...со мене е друга песна, а за чудо кајнас жм вика многу повеќе ама цабе.
[sm=smiley36.gif]




Maca25 -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 0:53:13)

абе кога целото внимание ќе му биде посветено на детето, без да размислуваш на тоа што ќе се јаде, дали има нешто во фриж., дали имало пелени, дали се е испрано или собрано, исчистено..тогаш е многу лесно со детето. нема стресни ситуации, нема нервози, си играте и уживате. е и јас така сакам. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Viktori -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 1:03:54)

Кај мене мм никогаш не се бунел кога требало да ги причува или да ги чува саглам. Долго време јас работев на смени а мм само прва смена, па трчал да ги земе од градинка, дома им давал да јадат, а полно пати и заспивал од умор а они дома со него. Никогаш не сум се грижела за нив кога биле со него, знам дека ништо нема да им фали. Кога бев со син ми во болница Ј немаше ни една годинка... дома и она болна со бронхитис, па докторката во болница ми кажа, ако се грижиш за бебето, донеси го тука ќе ви ставиме уште еден кревет во соба. И викам ааа извини јас и маж имам, знаеше што прави [sm=smiley36.gif]
Инаку и пред да имаме деца бевме договорени: За децата се грижиме ние! Ако некоја баба сака бебе, нека си роди![sm=smiley36.gif]




Beatris -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 9:28:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Инаку и пред да имаме деца бевме договорени: За децата се грижиме ние! Ако некоја баба сака бебе, нека си роди![sm=smiley36.gif]



[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Потпис!




penelopa -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 10:28:39)

Маж ми порано кога ќе си дојдеше од работа веднаш одеше во кревет а сега е друга песна. Најпрвин си го зима син му, се држат си играат некогаш и го храни. Во гладно он е задолжен за заспивање и кога е кенкав му збори триста чуда и син ми одма заспива. 




Pepelaska * -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 10:38:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

абе кога целото внимание ќе му биде посветено на детето, без да размислуваш на тоа што ќе се јаде, дали има нешто во фриж., дали имало пелени, дали се е испрано или собрано, исчистено..тогаш е многу лесно со детето. нема стресни ситуации, нема нервози, си играте и уживате. е и јас така сакам. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]



еден гоолеем Потпис ептен е лесно без овие други работи




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>