RE: Дали тато го чува детето? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Татин форум



Порака


anedespo -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 11:23:46)

Da go vidite kako samo sekoe sabalje gi stanuva , gi sprema i gi nosi vo gradinka. Se nauci , porano ic ne gi cuvase, panika go fakase koga trebase do prodavnica da odam , a sega od merak da gi gledas.




Nadezna -> RE: Дали тато го чува детето? (14.1.2011 22:28:01)

Damjan zaspiva so tato, koga mu ja pee AH KADE E MOJTO LIBE [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Дали тато го чува детето? (15.1.2011 15:50:56)

Епа јас мислам тоа е работата, не треба паника да ги фаќа, затоа што децата сеќаваат, кога беше помал Михаил ќе му го оставев на пола саат, да појдам на пример кај докторката да ми пиши рецепта или со резултат, на 2 мин е амбулантата и цело време му плачеше, а други на пример го имаа чувано и не плачеше кај нив, и после му кажав дека треба да се опушти, дека се ќе биде во ред, дека ако е исплашен, тоа ќе го сети и ќе плачи нема да биде мирен и после еден ден ми вика „во право беше, јас стално кога ќе ми го оставаше, си велев леле сега што ќе правам, леле ако се расплачи, а сега вика се опуштив си играв со него и супер ни беше заедно“.
Затоа татковци рилекс кога ќе чувате деца[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Дали тато го чува детето? (16.1.2011 9:08:49)

Денеска се чуваат, да видиме што ќе биде, до сега не ми се јавил ниту еднаш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Felly RR -> RE: Дали тато го чува детето? (17.1.2011 10:33:48)

Да, ја чува. ЗНае да ја преслече, да ја заспие, да си игра со неа, да и стопли млеко, да и направи некоја инстант кашичка. Е сега се случувало и да ме чекаат на врата, да си дојдам од работа „Ајде, те чекаме да не преслечиш“ ама ја чува.

И ситуацијата ни е таква, јас одам на работа а тој е дома, и според мене нормално е да ја чува, ама некогаш си велам, дај БОже да најди работа, и да излегува, ништо нема да му барам да прави, а и на двајцата ќе ни биде полесно.





Mihaela 2010 -> RE: Дали тато го чува детето? (9.8.2011 11:11:13)

ja cuva,sum zadovolna vo toj pogled,si igraat ja setka nadvor ,ja zanimava,za toa vreme jas sreduvam haosot po doma,mijam sadovi.Navecer zaedno ja banjame,a uspivanjeto normalno e moe




Maca25 -> RE: Дали тато го чува детето? (9.8.2011 11:13:52)

Порано повеќе ја чуваше, ја ранеше, ја бањаше и успиваше секој ден. Сега сака мама се да прави.
За викенд обавезно насабајле заедно одат на пазар и ги нема едно 2 саати, а мама за тоа време да ја среди куќата (хаосот).




miana -> RE: Дали тато го чува детето? (9.8.2011 11:24:52)

По потреба..инаку се грижи кога ке види дека сум изморена..Секоја вечер тој станува ја издржува да мочка,понекогаш знае и да ја избања и така 




dostickage -> RE: Дали тато го чува детето? (10.8.2011 10:40:54)

mm go tretira sin mi isto kako mene.nema razlika dali e mama ili tato.isto cuvame dvajcata.
od toj aspekt na sekoja zena i posakuvam da ima takov grizliv tatko za nejzinoto dete.




Sandric -> RE: Дали тато го чува детето? (10.8.2011 10:43:53)

Секое попладне кога ќе се врати од работа го чува додека јас да се вратам во 19 30 , дури во последно време мислам и дека него повеќе го сака[sm=smiley36.gif]




zapce -> RE: Дали тато го чува детето? (10.8.2011 12:38:22)

Апсолутно тој е личноста што после мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] најубаво го чува синчето наше. многупати е останувал со него кога е болен, не го носиме во градинка и ако јас не можам да останам тој останува, и секојдневно од 14.30 до 16.30 додека да си дојдам јас од работа тој го чува и нема промашај.......чиста петка е мажето мое.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




nadica -> RE: Дали тато го чува детето? (8.12.2011 18:01:37)

Да ја чува секогаш кога има потреба од тоа сам без ничија помош и со сигурност знам дека Н е најадена пресоблечена наспана и во последно време ми е жал што јас неможам да се посветам со толкаво внимание на неа
Кога ја чува тој во тоа е прекрасен, но нема никаква друга обврска освен неа.Додека кога сум јас со неа треба да средам се по дома да правам ручек, перење, чистење,... и понекогаш бидејќи го бара моето внимание да и се развикам безпотребно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] 




Тања РР -> RE: Дали тато го чува детето? (8.12.2011 22:14:33)

Ја чува и тоа подолго од мене,  заедно го минуваат секое поладне додека сум јас на работа. Во однос на тоа како ја чува немам ама баш никакви забелешки, дури ми се чини дека и е подобро со него отколку со мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




JovanaJ -> RE: Дали тато го чува детето? (9.12.2011 9:42:04)

Go cuva sekogas koga treba, eve denes samo jas sum na rabota pa ostana so nego. Ama svekrva mi zivee blisku do nas i malku me nervira sto cim ke ostanat sami odma go nosi tamu. Nekako ne mi se dopaga toa, mnogu neseriozno mi izgleda od negova strana.
Inaku vo odnos na cuvanjeto rasturaat nasekade, mu dozvoluva se samo za da ne mu kenka i zamara, on ke si gleda televizija a deteto ke si rastura se sto saka. Koga ke se vratam se kaam sto voopsto sum go ostavila ako na primer sum otisla so nekoja drugarka na kafe. Posle imam rabota za cela vecer....e toa ne mi se dopaga.




Maca25 -> RE: Дали тато го чува детето? (9.12.2011 9:57:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica RR

Да ја чува секогаш кога има потреба од тоа сам без ничија помош и со сигурност знам дека Н е најадена пресоблечена наспана и во последно време ми е жал што јас неможам да се посветам со толкаво внимание на неа
Кога ја чува тој во тоа е прекрасен, но нема никаква друга обврска освен неа.Додека кога сум јас со неа треба да средам се по дома да правам ручек, перење, чистење,... и понекогаш бидејќи го бара моето внимание да и се развикам безпотребно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]  


исто и кај нас. преубаво и е сами со тато дома, ама се им е подмирено, јадење, алишта, не мора за ништо друго да се грижат освен за играње.




AnnaMolly RR -> RE: Дали тато го чува детето? (9.12.2011 11:48:37)

Кога беше многу мало бебе не го чуваше зашто Филип беше плачко на векот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Сега како што расте, се повеќе е со него. Кога го земаме од градинка (обично двајцата одиме) прво кај татко му се фрла!
Мм викаше дека кога ќе пораснел и кога ќе знаел да каже кога му се јаде/пие/спие ќе го чувал нон стоп. И навистина така е, не ме излажал. Филип сега знае да си каже кога му се јаде (а и што му се јаде), што му се пие и кога му се спие. И немам гајле веќе, си се чуваат со тато.




kikicka -> RE: Дали тато го чува детето? (9.12.2011 12:20:32)

И кај нас се чуваат кога треба ако ттреба да јади ке кажам што ке му спремам оти тој ке се изгуби во кујна [sm=smiley36.gif] така да спремно му е се.сега за сега толку си играат се ранат се бањат што ми олеснува а понатаму што сакаат нека прават




Felly RR -> RE: Дали тато го чува детето? (9.12.2011 12:35:08)

Откако почна да оди Матеа во градинка, ретко се случило да треба тато да ја чува. Инаку ако има потреба ќе ја чува без проблем. Само многу тешко и паѓа моето заминување, ако види дека се спремам за некаде одма писнува да плачи. Дури и дома да сум, ако види дека излегувам од собата, одма и таа тргнува по мене. Е сега, после кога ќе види дека ме нема, ќе си седи, ако и е се погодено не прави проблеми.




penelopa -> RE: Дали тато го чува детето? (10.12.2011 18:34:51)

ЕДинствено само на тато можам да му го оставам...се чуваат одлично- спокојна сум....можам на раат да се одморам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/muca.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Дали тато го чува детето? (20.2.2012 16:38:45)

Супер се чуваат со тато, а тато секој ден ме изненадува (позитивно, се разбира).
Вчера бевме на роденден во игротека и на сите деца мајките трчаа по нив, а татковците седнати на куп и јадат и пијат.
Само мм и уште еден друг татко си ги чуваа и си играа со своите деца и навистина тоа многу ме израдува и искрено се гордеев со мм [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Octavia -> RE: Дали тато го чува детето? (20.2.2012 17:31:30)

Маж ми и да сака не може да ја чува, плаче и бега од него дури и кога пробувам да му ја дадам на 1 минута. Кога сум и јас дома ОК се, ама паника ја фаќа ако треба да остане со него, вика на цел глас, урла, залипнува од плачење... Не е диво детето, седи со други, со него не. Мислам дека е затоа што тој не ја ни погледнува кога ќе останат сами, па неа ја фаќа паника. Тој си тера свое, на пр. си игра на компјутер, си збори на телефон или што и да е, и очекува таа сама да се чува и мислам дека затоа ни таа нема доверба во него. Нити ја чува, нити може да ја смири ако плаче, нити може да ја заспие. Мене ова ми е страшно, родител да нема воспоставено врска со детето, ама него мислам не му пречи многу, таман му е што секогаш мора друг да барам да ја чува ако треба да излезам. Мене ова многу ме разочарува кај него [sm=smiley13.gif].




riba79 -> RE: Дали тато го чува детето? (21.2.2012 8:39:17)

ne smeam da se pozalam gi cuva i dvajcata i toa od bebinja zasto dvajcata po kratko vreme bea na AD i nemase problem...golemata ja nosese vo gradinka,a sega vo skolo a so maliov igra i go cuva koga ke se vrati od rabota..gi banja skoro sekoj pat pogotovo bebevo..znaci od A DO S od ranenje menjanje pampers seee sto treba...golemo blagodaram do MM[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Pepelaska * -> RE: Дали тато го чува детето? (21.2.2012 9:06:52)

Можеби кога би имал повеќе време би го чувал, за играње го игра кога иде од работа оти одма му се фрла /Мартин му вика Кај мене ( земи ме) тато, а за пресоблакање, заспивање, ранење и сл тоа е само мое.Вчера баш му реков на мм да му дава млеко пред спиење и јас си легнав зад него , абе дете очите ококорени и ме виде случајно мене , ми дојде , мама пејме пиј меко.( Мама да пее тој да пиел млеко ) и со мене заспа.




Luci -> RE: Дали тато го чува детето? (21.2.2012 9:19:44)

Го чува и те како[sm=smiley1.gif]Јас почнав на работа откако направи М. 3 месеци и тој си се чуваше дома со тато. Помош од секој аспект имав и имам од мм. Пресоблекување, бањање, јадење, пиење, спремање, заспивање ама баш све[sm=smiley27.gif]




Џесика -> RE: Дали тато го чува детето? (21.2.2012 11:31:23)

И ние како Октавиа бевме, не сакаше да го види, мм ќе дојде од работа и ќе му се приближи, а овој писка на цел глас, ако се разбуди и го видеше мм до него одма пискаше, ме полудуваше... кривицата ја најдов во мм што одбиваше некои обврски со син ми, (на пр. да го нахрани или пресоблече) и детето се навикна се со мене. Среќа последниве месеци приметувам расте наклоноста кон мм и многу сум среќна заради тоа, оти многу ми значи да заспие со него, додека јас работам друго нешто. А кога не сум дома ич не ме бара, све со ред си прават заедно, ама ете кога сум дома, не може никој освен мама...




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>