Bethany
|
анаилисав, мало ти е бебето се уште, Допрва учи да јаде, затоа ти треба трпение многу. Некои деца побргу совладат тоа, некои не. Со син ми ете колку и да имав проблеми со јадењето, барем тоа кога му дадов прв пат кашичка јадеше како да се родил со лажичката, ама знам дека некои бебиња плукаат храна, па тоа трае во недоглед, ама со тек на време ќе научи и ќе ги зголемува оброците ќе видиш. Сега некако се снаоѓајте со млекото, и син ми не сакаше млеко да пие, никакво, па затоа порано почнавме со друга храна, на 10 месеци престана потполно да пие млеко, ама му давав млечни каши. Ќе изгурате, добро е што е свежа, здрава, тоа нека ти е показател дека одите на добро, е сега што треба трпение и живци и време, треба. Ама брзо ќе одрасте и ќе помине се-мора да помине, ништо нема што не поминало А да, уште да додадам, бидејќи бргу и здосадува, може да и дадеш нешто во рака, некоја играчка, некој предмет да го загледа тогаш кога ќе почуствуваш дека губи трпение. Така јас правев со син ми, кога веќе не може да седи и да јаде, му давав капачето од шише во рака, пластично шише, хартии (нели на таа возраст такви работи ги интересираат :))), се така нешто што би го заинтересирало малку повеќе. Кога му здосади давав друго и така. Пробај обиди се со различити финти, сигурно ќе откриеш нешто што ќе упали
< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 3.10.2013 14:51:07 >
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|