Viktori -> RE: Справување со (не)јадењето (5.5.2010 11:57:33)
|
Вака се справувам со јадење/нејадење :) појадок во 8 ручек во 2 вечера во 8 со ужинка помеѓу ако не го изедат појадокот, нема ужинка, а ако нема ужинка го јадат цел ручек итн. Инаку не ги терам да јадат, никогаш не сум ги терала. Мислам дека децата знаат колку им е доста, а сум приметила и мајки што ги дујат децата со сокови и грицки или што и да е, па се жалат после дека децата не јадат. Исто беше и кога беа мали, имаше ред и по тој ред се функционираше. И нема прескокнување, секој ден исто, а не само кога сум јас расположена. Се знаеше, дома за доручек, ручек и вечера, а ужинката можеше и надвор.
|
|
|
|