Боцко -> RE: Што мислите за новата кампања на владата против абортус - Избери живот (14.1.2011 0:35:38)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump ...Не е убиство, од причини што сеуште не се смета за фетус до 10 недела, за тоа време имаш можност да одлучиш што ќе правиш. ...Зарем со оваа одлука ќе се намалат абортусите? или ќе се зголеми смртноста и осакатувањето на младите девојки и жени со правење абортуси во нелегалните клиники. ...Знам дека многу што подолго време чекаат бебе ќе ме осудат, господ нека им помогне на сите што чекаат, но медалот секогаш има две страни. потпис! иако, преовладува она „мое тело, мој избор“ мислам дека кај бременост, било сакана или не, актери се двајца. би требало и партнерот да може да каже нешто, да не речам да има избор, иако мислам дека ниту еден разумен партнер не би ја изложил партнерката на ризик. понекогаш абортусот е добаризбор и за прекин на несакана врска. немам конкретен став ЗА или ПРОТИВ но избор треба да се има иако абортусот, посебно нестручниот, или црниот, е мнооогу ризичен. можеби е подобро сите тие силни пари што ќе се потрошат на оваа „кампања“ да се вложат во вистинско и сеопфатно сексуално образование на младата популација со посебен осврт на контрацепција.
|
|
|
|