mamicki -> RE: Што мислите за новата кампања на владата против абортус - Избери живот (26.1.2011 23:13:22)
|
Против абортус сум, но уште повеќе сум против ограничувањето на правото на избор! А кампањата како таква, искрено, е лошо сработена, ми се смачува кога ги гледам тоа рекламите. Многу погрешно потрошени пари! Подобро да ги вложеле во подигање на свеста за употребата на контрацепција при планирање на семејството, отколку на тие грди, бесмислени и иритирачки реклами. Секој избира живот, кога има избор! Но... Наместо на ова, подобро владата нека поработи на тема како да ни понуди подобар избор, не абортуси, невработеност, бегање во странство и депрофесионализација во сите сегменти на општествово кое веќе е до апсурд поларизирано и политизирано.
|
|
|
|