|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 10 11 [12]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Деца со церебрална парализа
28.11.2011 21:29:44   
temjana
Освен едно гооолемо Браво за Ана и за мама нема што друго да се зборува. Ви посакувам многу успех, и да не израдувате за брзо време со уште подобри резултати. Бакнежи и гушки до Анаuser posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил temjana -- 28.11.2011 21:31:04 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Деца со церебрална парализа
29.11.2011 21:32:31   
temjana
“Синоличка„ - Здружение за помош на лица со Даунов синдром има чест да ве покани на прославата по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Мотото на оваа манифестација е: (Не)ограничени можности=(Не)ограничени способности... да ги
избришеме заградите!
Повелете на 3-ти декември (сабота), во 12ч. во Детскиот Креативен Центар (МКЦ) на заеничко “бришење на заградите„ преку пеење, цртање, фотографирање, работа на компјутер и секако, дружење и забавување.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Деца со церебрална парализа
25.12.2011 20:18:54   
Inna
Прием и консултации пациенти во приватна клиника на градот Будва. Телефон: +382679150420

(Одговор на членот Inna)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Деца со церебрална парализа
16.2.2012 8:54:07   
beki RR
на 18, 19, 20 и 21 се следнитер АБР проценки. Пријавувањето е во тек. Повеќе за АБР има тука КЛИК ,искуства со АБР има тука КЛИК , од ваша десна страна, во нашите  АБР деца , е неколку искуства од Македонија.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Деца со церебрална парализа
13.6.2012 8:23:21   
beki RR
Колку е оправдано истегнувањето на спастичните мускули кај деца со церебрална парализа? Во последните неколку години објавени се две независни студии кои докажуваат дека истегнувањето , долгорочно , доведува до зголемување на спастицитетот. Тука КЛИК можете да прочитате повеќе .

< Поракaта ја уредил beki RR -- 13.6.2012 8:24:41 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Деца со церебрална парализа
26.6.2012 23:28:55   
beki RR
Ova ne smeete nikako da go propushtite,prekrsani rezultati od ABR kaj dete so hemipareza KLIK
SE izvinuvam za latinicnoto pismo. komjuterot neshto mi se poremeti i nemam kirilicna podrshka.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Деца со церебрална парализа
14.8.2012 21:03:46   
beki RR
Известување до сиоте родители на деца со посебни потреби, Следниот курс за АБР е 2,3, 4 и 5 Октомври. Пријавувањето е во тек. Бројот е ограничен. Повеќе информации за АБР на македонски и резултатите на некои деца од македонската група има на КЛИК

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Деца со церебрална парализа
15.11.2012 9:15:20   
beki RR
Октомврискиот курс за АБР помина.
Имаме прекрасно резултаите од ецата со кои се работи.
Ова се дел од резултатите на Марија
КЛИК

Поздрав !

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Деца со церебрална парализа
15.1.2013 2:07:17   
Bratot Bobo
Zdravo na site jas sum nov clen na forumov i mislam deka kje imame odlicna sorabotka. Inaku jas imam sestra so cerebralna paraliza koja ima 27 godini ,majkami ne e mnogu vesta so kompjuteri pa za toa jas kje pisuvam vo nejzino ime. So sestrami nema nesto so sto ne se obidovme za da se podobri nejzinoto zdravje i pred 6 -7 godini celosno prestanavme da se angazirame okolu nea nekako moite roditeli bea premoreni od se , a jas zafaten so fakultet . Eve sega nekako custvuvame deka zdravjeto na sestrami ni bega od kontrola , stana mrzliva nesaka da vezba ni se trui da napravi nesto i toa sto moze da go napravi nesaka ,kako i taa da se pomiri so zivotot. No na moja inicijativa sega jas pocnuvam so vezbi i kazni za neposlusnost user posted image (se salam) . Gi procitav site postovi i gledam pozitivni rezultati so ABR trapiite pa sega koga kje ima termini za priem i dali e starosnata granica precka za ponatamosno lekuvanje.Ve molam da mi kazete koga kje bidat narednite pregledi ili prezentacii za ABR sakame sto pobrgu da pocneme

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Деца со церебрална парализа
20.1.2013 11:22:54   
beki RR
Здраво бато Бобо, следните проценки за АБР почнуваат на 15 Април, со однапред договорени термини. Еден термин е 2 и пол саати. За време на проценката се анализира структурата на телото, каде се отстапките од нормала, и како тоа влијае на функциите. Се објаснува кои се приоритети за работа во првата година и какви подобрувања ќе се добијат. За АБР нема возрасна граница. Во групите имаме деца на различна возраст. Имаме 17 години, 25 години и 37 години. Сите имаат промени.Во АБР родителите работаат со децата. Детето пасивно лежи , а родителот работи. На децата со посебни потреби им се лепат многу етикети, мрзливи, тврдоглави, ја искористувале слабоста на родителите и чекале да бидат третирани како прионцеви и принцези... Вистината е всушност токму обратното. Нашите деца имаат толку многу проблеми со сопственото тело, што едноставно НЕ МОЖАТ, не дека не сакаат или не знаат- НЕ МОЖАТ. Како што им се подобрува структурата, почнуваат да се чувствуваат послободни во сопственото тело , и гледаме една друга слика. Имам многу примери на етикетирани мрзливи деца пред АБР , кои после една година или помалку, кога веќе се во подобра состојба, почнуваат сами да извршуваат активности и да одбиваат помош. Да, одбиваат помош, сакаат сами , затоа што чувствуваат дека можат , и многу се среќни и се горди кога нешто ќе направат сами. Повеќе информации за АБР имате на http://abrmakedonija.blogspot.com/2012/05/blog-post.html
Би било убаво да поразговараме за да ви објаснам повеќе за проблемите на вашата сестра и што точно значи АБР. Поздрав.

(Одговор на членот Bratot Bobo)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Деца со церебрална парализа
23.1.2013 2:40:02   
Bratot Bobo
Mozeme da se slusneme Pa da porazgovarame malku podetalno ,e sega da vi se javam jas ako ne vikendov koga bi bile slobodni. Broevite se nadevam deka se istite onie koi se na blogot http://abrmakedonija.blogspot.com/2012/05/blog-post.html

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Деца со церебрална парализа
23.1.2013 10:39:03   
miana
Оваа тема некако многу ме боли..
Израснав со две личности покрај мене,болни од церебрална парализа .ЕДната личност ја изгубив пред 3 години а другата е сеуште тука..
Незнам зошто но мене ова многу ме боли... Најмногу ми е жал за овие лица.Незнам,ама кога и да видам лице со церебрална паразлиза ( освен она што го гледам скоро секој ден ) - јас плачам,многу плачам. Сакам да им дадам подршка на сите родители кои имаат вакви дечиња и да им кажам дека се вистински херои-јунаци. Ви посакувам се најдобо!!! Ви посакувам колку што е можно повеке да си ги излечите Вашите најсакани.Бог да Ви дари насмевка на лицата.

(Одговор на членот Bratot Bobo)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Деца со церебрална парализа
23.1.2013 21:55:40   
beki RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bratot Bobo

Mozeme da se slusneme Pa da porazgovarame malku podetalno ,e sega da vi se javam jas ako ne vikendov koga bi bile slobodni. Broevite se nadevam deka se istite onie koi se na blogot http://abrmakedonija.blogspot.com/2012/05/blog-post.html

Da , bratot Bobo, tie se broevite. Mozesh da me dobiesh na bilo koj od mobilnite. Se slushame.

(Одговор на членот Bratot Bobo)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Деца со церебрална парализа
3.9.2013 12:26:15   
beki RR
За сите заинтересирани за АБР, следните проценки се на 1,2,3, 4 и 5 октомври. Пријавувањето е во тек. Поздрав.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Деца со церебрална парализа
30.8.2014 10:13:40   
beki RR
Повелете мојот нов пост, за проблемите на децата со церебрална парализа од еден поинаков агол. Еволуцијата на човекот до исправено одење на две нозе е проселдена со промени во структурата на телото. Неопходно е структурата на телото на децата со церебрална паралзаи да се подложи на анализа за да се види дали таа структура подржува одење или не. Постот можете да го прочитате тука Исправено одење на две нозе- како структурата ја одредува функцијата

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Деца со церебрална парализа
6.9.2014 14:33:52   
beki RR
На 14 Септември во Недела, во Скопје , ќе се одржи информативно предавање за АБР методата . За местото и времето ќе ве известам накнадно. Целта на предавањето е подетално запознавање со АБР, како АБР гледа на проблемите , анализа на проблемите кои ги имаат децата со церебрална парализа и други психо-моторни проблеми и што нуди АБР како решение .
Добродојдени се сите заинтересирани родители. Влезот е слободен. Би било добро, ако сте во можност, претходно да се најавите на телефон 017 294 551.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Деца со церебрална парализа
9.9.2014 10:28:31   
beki RR
Инфомативното предавање за АБР ќе се оджи во Даре Џамбаз со почеток од 13 часот. Влезот е слободен. Контролата на телото и движењата се дел од природниот процес на раст на телото. За жал никој не го анализира растот, сите го анализираат само развојот. Во главно се бара од детето да има способности кои ги налага календарсакат возарст. Но , вистината е дека кај овие деца е нарушен природниот процес на раст и формирање на телото.На презентацијата токму за тоа ќе стане збор , преку споредбена анализа меѓу растот и развојот на здраво дете и дете со церебрална парализа , ќе се потрудам да ви помогнам да ги погледнте проблемите на вашето дете од еден друг агол, и како АБР помага во решавањето на тие проблеми. Ве молам доколку сте во можност да го најавите вашето присуство на телфон 071 294 551 или во порака . Имајте пријатен ден!

< Поракaта ја уредил beki RR -- 9.9.2014 10:31:18 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 292
Страница:   <<   < Претходна страница  8 9 10 11 [12]
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 10 11 [12]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?