|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Деца со церебрална парализа
20.1.2010 20:57:54   
beki RR
Мила и Еца многу ви благодарам, секогаш ме охрабрувате, како и цела рр.

Јас се вратив, научив што можев, интерсот ми стана поголем и желбата за повеќе зснаење уште поголема.Така кога чоек е ученик во душаuser posted image

Должам нешто на цела рр ,информации околу подобрувањата на нашите деца.
Сите родители сме во контакт , и сите што работаат имаат некакви подобрувања.За сите важи едно исто, сите деца се посвесни, повеќе реагираат, испуштаат повеќе гласови, поконцентрирани се...Кај некои веќе има видливи промени во структурата.Важно е дека сите родители се задоволни и среќни.

Спремам  блог каде што ќе поставам многу информации околу методите за рехабилитација на деца со церебрална парализа,еден мал поклон од мене до мајките кои навистина сакаат да го подобрат животот на нивното дете.
Треба да им се даде шанса на овие деца,тие навистина се поинакви, но на крајот на краиштата секој од нас е поинаков од другите на посебен начин.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Деца со церебрална парализа
20.1.2010 21:15:32   
Еца
Беки за било што тука сме. Знаеш дека во рр имаш вистински пријател и слободно барај се што треба од нас.  

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Деца со церебрална парализа
21.1.2010 12:00:12   
mami
Навистина прекрасни вести се ова Беки, само напред, па следниот пат да ни пишеш дека има уште поголеми подобрувања кај сите дечиња...и како што ти рече Еца- за било што да треба кажувај, барај помош, што можеме ке помогнеме

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Деца со церебрална парализа
28.1.2010 14:59:19   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Должам нешто на цела рр ,информации околу подобрувањата на нашите деца.
Сите родители сме во контакт , и сите што работаат имаат некакви подобрувања.За сите важи едно исто, сите деца се посвесни, повеќе реагираат, испуштаат повеќе гласови, поконцентрирани се...Кај некои веќе има видливи промени во структурата.Важно е дека сите родители се задоволни и среќни.



Прочитав се од почеток до крај,се изнаплакав,почуствував енергија на родители кои се борат за своите деца...А за беки...Само едно големо БРАВО!!! Некој рекол-Кога си најслаб,тогаш си всушност најсилен...Изгледа дека ова важи за сите родители кои имаат деца со церебрална парализа...Ех,кога би можела да го сменам светот,не би имало болни деца...Само насмевки рој...Напред,мили наши дечиња...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Деца со церебрална парализа
1.2.2010 11:02:53   
beki RR
Драга Пацувче, колкаво е тоа срце што го носиш во себе ,тоа јас го почувствував кога ја прочитав твојата порака.Толку добро ме разбра.Многу луѓе искоментирале од каде ја наоѓам цела таа сила за борба.Од мојата немоќ и слабост,тоа е вистинскиот одговор,баш кога се чувствувам најслаба, се исправам и тргнувам напред.И дали сум јас всушност храбра?!Не , јас сум само една мајка, која многу се плаши за иднината на своето дете.
АБР ми даде огромна надеж и за прв пат реални одговори што и како можам да очекувам. Тоа што ми дава мир е дека нема границ во рахабилитацијата,дека Ана ќе има можност за нови достигнувања и после таа возрасна граница која е поставена со другите методи.
Среќна сум што интересот за АБР е се поголем во Македонија, а за тоа секако огромна , ако не и најголема , заслуга има рр.
Ние веќе гледаме подобрувања кај Ана и тоа не прави многу среќни.
Можеби се тоа мали подобрувања , но кога се работи за церебрална парализа
секое подобрување има неизмерна вредност.Секое ново подобрување отвара пат кон цел еден нов свет,свет кој овие дечиња треба да го запознаваат.




(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 13:21:29   
beki RR
"Нема пари за децата со Церебрална Парализа" е насловот на прилогот снимен во Битола на 29.12.2009

КЛИК


< Поракaта ја уредил Еца -- 2.2.2010 14:51:04 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 13:24:08   
mami
Беки убаво што си тука..има во Белгија една двојка наши, чие бебенце се родило предвреме, сега има 5 години и голем проблем со моториката, значи воопшто не оди. Оделе на некаква терапија и им спомнав за АБР програмата. Можеш ли да ми дадеш некој контакт, маил, телефон нешто како да ги најдат таму и да видат дали тоа би му помогнало на девојчетоuser posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 13:37:01   
mother 29
KЛИКНИ

user posted image user posted image user posted image за Марта!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 14:45:49   
beki RR
Мами, ти пратив пп со број и маил од Криста.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 14:53:09   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

"Нема пари за децата со Церебрална Парализа" е насловот на прилогот снимен во Битола на 29.12.2009

КЛИК



Срамота, user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

А вчера на вести јавија дека на 10 000 пензионери им е овозможено да одат бесплатно на бања. Сега сум лута, изреволтирана, беснаааааааааuser posted image user posted image user posted image

Како можеме да помогнеме, како можеме да ги промениме работите во оваа наша поuser posted image државаuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 14:59:42   
caci20
E Eca ama penzionerite glasaat, decata ne. Zatoa tie ke se banjaat a decinjata ke stradaat.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 15:00:09   
mami
Фала ти беки се надевам ке им помогне терапијата..

А за другово немам што да кажам, одамна сум згрозена од државава

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Деца со церебрална парализа
2.2.2010 15:23:51   
beki RR
Добро е и пензионерите да одат на бања, малку од малку можеби ќе си го подобрат здравјето.Јас немам ништо против.Би сакала само децата да имаат повеќе можности од овие што ги имаат сега,би сакала да не ги третираат како отпишани случаи.

Еве јас се трудам колку што можам направам некаква промена, но јас сум само еден човек .
Знам дека рр стои на располагање и дека ќе помага, но треба да се ангажираат родителите.Треба малку да ги поттурнеме работите, да се избориме за некакви промени.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Деца со церебрална парализа
6.2.2010 18:47:51   
makina
user posted image user posted image user posted image user posted image zdravo ja sum nova na forumot,golemo bravo za beki i daj boze da postignat golemi uspesi so ana so metodot od belgija,i jas imam dete so cp i nije od bebe pravime vezbi..........

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Деца со церебрална парализа
7.2.2010 22:40:10   
bato
Поздрав до сите а на пораката "нема пари за децата со церебрална парализа"би коментирал ако битно да има пари за -Скопје 2014-ке градиме скулптури и камења и баснословни суми државни пари ке трошиме на лечење на некој мизерни политички комплекси а луѓета нека страдаат и нека чекаат да се отворат фабриките,да се подобри здравството или школството или ред други...........ама ако барем згради во барокен стил ке имаме во нашето мило ни Скопје.
Поздрав и не губете верба во самите вас и во вашата сила боретесе и понатаму заедно сме посилни

(Одговор на членот makina)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Деца со церебрална парализа
8.2.2010 9:27:26   
elena_gvg
zdravo Beki jas sum od gevgelija i imam kerkicka na koja i e dijagnosticirana spasticna (cerebralna paraliza) kvadripareza.inaku luna mi e bliznacka i posle  poragaj e zdobiena so teska asfikcija na mozoceto t.s gubenje na kislorod.citav za ABR metodot sto go objavi i gledav od klipovite i stvarno sum iznenadena.iskreno placev koa gledav mnogu e tesko da se spravuvas so takov problem.jas i mazmi sme zainteresireni za metodot  i se ke napravime da bide ok so nasata najmala luna.pozdrav pa se slusame go zapisav vasiot mob.bi sakale i da se videme ako moze.  

< Поракaта ја уредил Еца -- 8.2.2010 9:43:33 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Деца со церебрална парализа
8.2.2010 9:46:10   
Еца
Елена добре ни дојде мила. Бројот го избришав од твојот пост и на Беки и го пуштив по приватна порака. Јас искрено верувам дека со Беки ќе почнете да го користите новиот метод и многу брзо ќе ни јавиш на РР дека има видливи резултатиuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот elena_gvg)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Деца со церебрална парализа
8.2.2010 21:35:49   
makina
pa vo nasata drzava se trosaat pari za gluposti,ne samo sto ne davaat pari i sto je najtragicno nemame nikakva specijalna ustanova za sproveduvanje fizikalna,ja imame samo kostozglobna vo koja vezbite se katastrofa,se kaam za sekoj pominat mig vo bolnicata,za izgubenoto dragoceno vreme

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Деца со церебрална парализа
12.2.2010 14:09:17   
antonija
zdrvao za site... i prvo blagodarnost do rr... mi prosledi kontakt od beki, ja posetuvavme obukata za ABR i... jas sum edna od majkite koja e zadovolna od rezultatite.... za samo dva meseci se promeni drzenjeto na teloto na mojata kjerkicka rodena so downov sindrom(8 mes), se podigna vratot, se smali naduenoto stomace, se popravija preteranite dvizenja...

se nadevam za site deka rabotite kje odat samo na podobro i pobrzo...

sakav samo da vi kazam kolku e bitno covek da ja dobie informacijat navreme... slucajno ja najdov grupava i vo moment na emotivna kriza prativ poraka, za samo po nekolku nedeli na mail da dobijam info deka nesto kje se slucuva, deka na forumot rr e spomnat daunov sindrom... i taka pocna moeto patesestvie so beki i ABR...

taka da dragi moi, pisuvajte, pro9sleduvajte, kazuvajte, informirajte.... najgolem broj od nas nemaat (i ne smeat da imaat vreme za cekanje)... morame da im pomogneme na nasite deca...

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Деца со церебрална парализа
12.2.2010 14:14:17   
Anushka
добредојде Антонија!!!user posted image
Многу ми е драго што ќеркичката е подобро! Браво! Само упорно и храбро!
Тука сем сите ние од РР за поддршка. Со тебе сме!

(Одговор на членот antonija)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Деца со церебрална парализа
18.2.2010 13:36:55   
EMI
Zdravo .jas sum nova na forumot, od Kumanovo sum.Imam cerka Aleksandra 6.5 god so cerbr,paraliza duadripareza i epilepsija.I jas slusnav za ABR metodot i gi gledav klipovite samo ne stignav da odam na prezentacijata vo dekemvri 
bidejci ni bese zakazana operacija vo Cuprija RSrbija,kade sto operiraat ruski lekari .Dva pati godisno odime vo banja
Gornja Trepca, Cacak(ATOMSKA BANJA) i sme zadovolni mnogu od postignatiot efekt napadite se razredija i govorot i e mnogu mnogu podobar .Ako saka nekoj mozam i broj da vi dadam .Sega za sega tolku i golem pozdrav do site majki.user posted image

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Деца со церебрална парализа
18.2.2010 13:38:02   
ripce
Добредојде EMIuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот EMI)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Деца со церебрална парализа
18.2.2010 13:42:45   
mami
user posted image user posted image user posted image Добредојде Еми, ти посакувам пријатна дружба...Ако те интересира нешто за АБР програмата можеш да и пишеш на Беки таа ке те упати најубаво за се...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Деца со церебрална парализа
18.2.2010 21:27:58   
makina
Dobredojde emi user posted image user posted image user posted image i jas su m od kumanovo,i jas imam kerka so cerebralna paraliza,nije bevme 2 meseci vo belgrad vo specijalna bolnica za cerebralna paraliza i razvoj na neurologiju,i veruvajte za 2 meseci postignavme odlicni rezultati,pocna sama da lazi vojnicki,sama da stanuva od legnata vo sedecka polozba,pocna da zboruva poveke,so racete mnogu podobro faka,sega pocnuva i sama da jade pomalku,za razlika pred da otideme tamu nisto od ovije raboti ne gi pravese sama......user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image a sto se odnesuva za taa operacija sto ja pravat rusite,tamu imase mnogu majki sto se zadovolni i postignuvaat odlicni rezultati.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Деца со церебрална парализа
19.2.2010 12:14:27   
beki RR
Многу ми е мило што на темава почнаа да пишуваат и други родители на деца со ЦП.
Еве тука http://abr-denmark.com/home/abr-therapy/why-abr/compressional-weakness/

имате слики кои објаснуваат што е компресивна слабост.Има и еден возрасен пациент со ЦП.
кај возрасниот пациент се видливи структурални промени на телото.дали овај човек се здебелил?!Не, само му се поправила врска меѓу слоевите на телото и добил масно ткиво.Масното ткиво имаку е нормална работа и го имаме сите ние.Лицата со ЦП многу често го немаат.


< Поракaта ја уредил beki -- 19.2.2010 12:17:18 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?