arh_diz -> RE: Бременост и зголемување на тежината (20.12.2009 13:00:32)
|
Бременоста е деликатна фаза од животот на секоја жена. Телото трпи промени, умот трпи промени, логично е и исхраната да трпи промени. Мит е дека треба да јадете како за двајца, но факт е дека менито мора да изобилува со здрава храна. За да не мора да лутате и да се прашувате што смеете, а што не смеете да ставите во уста, направивме водич за вашата 9 месечна исхрана. Храна што треба да ја консумирате! Во текот на бременоста, одредени хранливи состојки се трошат премногу брзо. Едноставно се исцрпуваат за градење на новото суштество. Тука мислиме на: Фолната киселина се препишува на самиот почеток на бременоста. На природен начин можете да ја земете преку темните зеленчуци, а по вештачки пат преку готовите таблети кои ги има во секоја аптека. Зеленчукот и месото се извор на железо кое не смее да варира во бременоста. Месото е поголем извор за разлика од зеленчукот, но недостатокот е многу подобро да се надомести преку готов суплемент, отколку да изедете дупла доза месо. Сепак мора да се внимава и на мастите, а особено на холестеролот. Калциумот и витаминот Д се неопходни и за мајката и за детето. Детето за да се развие, ќе ги црпи сите резерви од мајката. Но, ако мајката остане без калциум може да има проблеми со забите и да заболи од остеопороза. Затоа освен млеко, добро е да пиете и калциум преку таблети. Преку овошјето и зеленчукот ќе ги задоволите потребите од останатите витамини и минерали, како витаминот А и Ц. Значи не постои зеленчук и овошје од кој треба да се откажете. Храна што треба да ја избегнувате! Нормално дека на прво место е алкохолот. И минималните количества алкохол може да предизвикаат предвремено породување или деформации на плодот. Ограничете го количеството на кофеин. Дневната доза не смее да биде повеќе од 300 милиграми. Истото правило важи и за теинот. Што значи дека не смеете да претерувате и со пиењето чај. Една шолја чај во денот е сосема доволно. Ограничете го холестеролот на 300 милиграми дневно. Од вкупно внесените калории во текот на денот, само 30 % треба да бидат масти. На пример, ако дневното внесување на калориите изнесува 2000, 65 грама треба да бидат масти. Не секоја риба се препорачува на трудниците. Ајкулата, сабјарката, и рибите од овој тип содржат висок процент на амалгам кој може да биде штетен. Избегнувајте меки сирења и фета. Тие не се високо пастеризирани и може да предизвикаат инфекција. Тврдото сирење , кашкавалот и јогуртот се добредојдени. Храна што треба да ја консумирате кога не се чувствувате добро! Утринските мачнини, дијареата, тврдата столица се вообичаени симптоми на бременоста. Под дејство на хормоните секоја жена различно реагира. Некои не можат да сопрат со јадење, додека други немаат никаков апетит. За утринските мачнини јадете: солени бисквити, житарици или переци. Во текот на денот консумирајте послаби, но почести оброци. Избегнувајте мрсна и пржена храна. За тврдата столица јадете: поголеми количества зеленчук и овошје. Пијте повеќе вода и јогурт. За дијареа јадете: повеќе производи кои содржат пектин, како банани, ориз, варен компир, овес и двопек. За срцебиењето јадете: чести, но слаби оброци. Пред секој оброк пијте чаша млеко, и исклучете го кофеинот дури и оној кој го има во кока колата. Храна што треба да ја консумирате ако сте вегетаријанец! Вегетаријанскиот начин на исхрана може да продолжи и за време на бременоста. Но, морате двојно да ги зголемите хранливите состојки. Што значи повеќе протеини и калории, дупли дози на овошје и зеленчук. Недостатокот од месо може да се надополни преку витаминот Б12 и фолната киселина. Но, ако сакате детето правилно да се развие не смеете да ја избегнувате секоја храна од животинско потекло. Млекото и јајцата се неопходни во бременоста.
|
|
|
|