masa -> RE: Бременост и зголемување на тежината (5.4.2013 10:48:14)
|
Мене едноставно бременоста ме поправа.Хормоните а и начинот на исхана многу ми влијаат.Првиот пат на останав бремена со 55кг,а две недели пред пораѓај бев 73кг,на пораѓај не ме измерија,ама јас си ставам +2 значи вкупно +20 од кои +10 бев во 4ти месец,а немав ни стомак.Тоа да се чудиш повраќав секој ден,благо неможев да смислам,но неможев ниту овошје и зеленчук и претежно јадев тестенини,компир и ориз сирење и по малку јогурт.Претходно скоро и да не јадев леб,тестенини ретко и неможеше да помине ден без овошје и зеленчук.Мислам дека исхраната и тоа што многу лежев (од што ми беше лошо)ме поправија.Сега сум крај на 9та недела и од авион се познава дека сум бремена.После нова година се поправив 2-3кг а за овие 4 недели +4кг сум.[sm=smiley19.gif]Благо исто нејадам имам каснато,ама ептен малку,сега јадам и овошје и зеленчук,но не многу количински.Од готвено можам да јадам скоро се,но неможам да готвам [sm=smiley19.gif] и пак сум повеќе на суво,но барем за ручек јадам салата,обавезно кисела краставица или марула со многу оцет!Но насабајле неможам ако не каснам кифла обично нешто празно или со сирење и со јогурт,ако не каснам прво тоа неможам да јадам овошје.Овошјето ми е за ужина и тоа едно јаболко,потрокал или банана и грицкам ореви,бадеми,лешници,нешто суво овошје,а на работа обавезно јадам по едно пакетче bake rolls.Скоро и да не вечерам зошто навечер особено ми се гади.Еве вчера изедов едно овошно јогуртче што и го отворив на ќерка ми а не го сакаше и една рака пуканки и пак се поправам[sm=zmeden.gif] морам да признаам дека не се движам доволно.Се така ми се погодува,а е убаво времето јас сум[sm=smiley26.gif] еве денес сакам да прошетам,па ако не заврне ќе си одиме пешки дома после да се рамрдам.Веќе имам и целулит на нозете како ќе ме биде летово незнам неможам да се гледам во огледало,а тек ќе почнам да растам [sm=smiley19.gif]
|
|
|
|