|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 14:11:38   
Bethany
Е па добро , сега некоја количина над ете што кажа Сандриана 200-250 би била превише.
Ако би барал и повеќе од тоа, јас не би му дадела бидејќи е тоа некоја и повеќе од доволна количина за 7 месеци бебе? (7-месеци ли беше?) Ако бара и повеќе од тоа, алал да му е user posted image
Бебиња имаат периоди, можеби му е некој скок во развојот сега, па повеќе и јаде, затоа не го ограничувај (до некои разумни граници), нека си крка детето колку што сака и уживај во овој период додека јаде и сака да јаде user posted image


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 14:17:03   
Melanija RR
Во право си Bethany RR баш уживам што вака лесно и волку си јаде , да 7 и пол месеци и некако одеднаш ми дојде но камо среќа вака и да си тера без проблем за јадење user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Колку е доволно?
4.5.2014 16:35:28   
emaaaa
kolku e dovolno kasiska da vnese bebe dnevno (od denes pocnuvame 5 mecec.)do sega bevme samo na doenje .

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Колку е доволно?
4.5.2014 17:13:07   
Martins mom
Moeto bebe ima 5 i pol meseci i bas pred nekoj den pocnavme so cvrsta hrana. Prviot den,na dva pati po 10 lazicki nepolni,vtoriot ja dupliravme dozata, a ete denes sum vo plan. 3 pati da i dadam.Sabajle i na rucek izede pi pola jabolko,za vecera ke i iznlendiram uste pola.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот emaaaa)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Колку е доволно?
8.5.2014 7:34:31   
Milly

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Moeto bebe ima 5 i pol meseci i bas pred nekoj den pocnavme so cvrsta hrana. Prviot den,na dva pati po 10 lazicki nepolni,vtoriot ja dupliravme dozata, a ete denes sum vo plan. 3 pati da i dadam.Sabajle i na rucek izede pi pola jabolko,za vecera ke i iznlendiram uste pola.


Мамичке не се брзај за 3пати на ден да јаде цврста храна. Прво само по еден оброк на ден додека не ги пробате сите вкусови. 3 дена нова намирница, па пауза еден ден, па 3 дена нова и така додека не пробате неколку работи, па потоа мешаш 2 вида пр. банана-јаболка, јаболка-праска, ориз-морков, компир-морков, брокула-компир итн.. Втор оброк од 7ипол, 3ти од 9ипол месеци. Барем јас за двете отприлика така правев. Прво воведов ручек, па доручек, па вечера. Сепак на бебе до годинка главна храна треба да му е млеко, без разлика дали мајчино или АД.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Колку е доволно?
8.5.2014 10:34:01   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: emaaaa

kolku e dovolno kasiska da vnese bebe dnevno (od denes pocnuvame 5 mecec.)do sega bevme samo na doenje .

За почеток се сосем доволни неколку лажички, да почне да ги навикнува вкусовите.
Откако ќе запознаете повеќе чисти вкусови, преминувате на комбинации на истите, па и зголемување на количината:50-60 gr до 100 gr.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот emaaaa)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Колку е доволно?
11.5.2014 20:55:37   
frosina1
Здраво на сите мамички јас сум нова овде моето уште 10 дена ќе прај 8 месеци на доење сме на сабајле прво го дојам по 2 саати му давам зеленчукова каша околу 150 гр мислам после цел ден сме на доење и навечер кај 8 овошна каша.Кашите му ги давам дома подготвени. Дали е тоа довлно оти многу ми е кенкавuser posted image и ноќе често се буди за цицање.Во последно почнав да му ја давам овошната каша покасно оти тој покасно си легнува и приметив не се буди толку многу.Дали мислите дека од глад треба ли да воведам уште 1 оброк на пример житна каша.Некогаш се случува одма после кашичката да побара цицање 2минутно или 5 ве молам за совет споделете го со мене вашето искуство поздравuser posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил frosina1 -- 11.5.2014 21:01:56 >

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Колку е доволно?
11.5.2014 22:07:40   
Melanija RR
frosina1 моето не е на доење па неможам да дадм искуство.Но мислам дека на 8 месеци може па и треба да се 3 оброка.Од 7 моето е на три, Сега на скоро 9 месеци сабајле овошна,ручек зеленчукова,вечер пак овошна.Меѓу пред спиење АД и на легнување.Ноќе со 1-2 пиења млеко.
Пробај и со зголемена количина, одприлика моето јаде нешто повеќе од 200гр на оброк,
Ќе ти пише друга рингерајка во однос на доење што и како влијае.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот frosina1)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Колку е доволно?
11.5.2014 23:09:19   
Felly RR
И јас мислам дека треба да вовоедете уште еден оброк секако, но исто и распоредот може да се смени, овошната кашичка подобро би било да е наутро, а навечер добро е да има житна кашичка бидејќи ќе му држи повеќе ситост отколку овошјето.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Колку е доволно?
11.5.2014 23:24:40   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: frosina1

Здраво на сите мамички јас сум нова овде моето уште 10 дена ќе прај 8 месеци на доење сме на сабајле прво го дојам по 2 саати му давам зеленчукова каша околу 150 гр мислам после цел ден сме на доење и навечер кај 8 овошна каша.Кашите му ги давам дома подготвени. Дали е тоа довлно оти многу ми е кенкавuser posted image и ноќе често се буди за цицање.Во последно почнав да му ја давам овошната каша покасно оти тој покасно си легнува и приметив не се буди толку многу.Дали мислите дека од глад треба ли да воведам уште 1 оброк на пример житна каша.Некогаш се случува одма после кашичката да побара цицање 2минутно или 5 ве молам за совет споделете го со мене вашето искуство поздравuser posted image user posted image user posted image



Фросина,најдобро е навечер да му даваш житна кашичка за да му држи ситост.Овошните се даваат како ужинка,бидејќи не држат долго ситост. Вие сте веќе големки,покрај цицањето пробај да му направиш кашичка(доколку му имаш воведено глутен) со плазма во комбинација со пасирана банана,или гриз со плазма.Овие кашички ми се испитаниuser posted image Јас моето не го доев,но после 6ти месец за вечера си ручкавме кашички како што ти ги набројав.Исто така може да пробате јогурт со дробено лебче,и тоа е одлично за вечера и за слатко сончеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот frosina1)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Колку е доволно?
11.5.2014 23:50:08   
frosina1
фала многу на советот deluxe RR му ги прам овошните со бисквити cici бебе од eti по со банана со круша со се му ги мешам,во зеленчуковите му клавам месо пилешко др немам пробано ке пробам со телешко ,а како можам житни дома да прам со гриз со шо друго нејќам купечки да му давам прашањето ми е дали треба 3 оброци да му давам или 2 му се доволни како досега поздрав



< Поракaта ја уредил frosina1 -- 11.5.2014 23:54:21 >

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Колку е доволно?
12.5.2014 0:49:24   
Felly RR
Фосина1, прочитај ги и другите постови погоре, веќе имаме одговороено на твоето прашање во врска со оброците и нивниот редослед.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот frosina1)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Колку е доволно?
12.5.2014 13:05:39   
frosina1
последниот пат кога бевме во советувалиште кога го мерија само 230гр имаше клаено за месец и пол бевме само на доење и на скоче по некое лајче тогаш имаше 6 мец и 1 нед педијатарот рече малку е таа грамажа за месец и пол ке му воведите каши само не кажа колку оброци дали два дали 3 а иначе дотогаш многу убо си напредуваше само од доење по 1 кг во месецот клавашеuser posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Колку е доволно?
12.5.2014 13:48:56   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: frosina1

последниот пат кога бевме во советувалиште кога го мерија само 230гр имаше клаено за месец и пол бевме само на доење и на скоче по некое лајче тогаш имаше 6 мец и 1 нед педијатарот рече малку е таа грамажа за месец и пол ке му воведите каши само не кажа колку оброци дали два дали 3 а иначе дотогаш многу убо си напредуваше само од доење по 1 кг во месецот клавашеuser posted image



Фросина,секое бебенце во првите месеци напредува,односно крева на килажа месечно по 1кг или повеќе.Но до кај 6ти месец тоа темпо се намалува.Значи не очекувај дека тоа сега ќе качува на килажа како до сега.Сега тоа ќе почне да крева во висина.Затоа не се грижи,слободно воведи му 3 не млечни оброци.Веќе сте големки,свари му домашна пилешка супа,почни да му го збогатуваш менито.Овошните кашички нека му бидат ужинка,никако главен оброк.Зеленчуковите во комбинација со месни може да ви заменат главен оброк.Сега тоа е веќе големко бебенце,доењето не ги задоволува потребите,затоа слободно дохранувај го,не се плаши.Најголем показател дали си на прав пат,е расположението на бебето,доколку е смирено,среќно,си спие,доволно му е,нахрането е.Но доколку е кемкаво,кратко спие,плачи и сл.може се работи за глад или жед.user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот frosina1)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Колку е доволно?
13.5.2014 11:46:41   
frosina1
фала многу на советите user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Колку е доволно?
21.5.2014 11:43:51   
babybee
Девојки моето бебе уште малце ќе наполни 10 месеци и еве како јаде

Нестле кашичка еден полн тањир (томи типи) за доручек со 5 мерици ад млеко - доручек
250мл ад млеко пред прво спиење во денот
ручек полно тањирче од тоа ние што го јадеме со леб
ужинка овошна кашичка
житна кашичка вечера
заспива со 250мл ад млеко
и сабајле во 6 пие уште 250мл млеко се буди за ова млеко

Јас мислам дека за негова возраст ова е премногу, детето не е дебело нормално изгледа, но се плашам да не се прејадува. Што мислите вие?

(Одговор на членот frosina1)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Колку е доволно?
21.5.2014 12:00:25   
Melanija RR
babybee викаат ако бебе/дете отвара уста продолжува да јаде значи сака.Е сега дали зошто пример му е благо или е гладно којзнае user posted image
Моето е 9 месеци и 8кг и во 24 часа пие максимум 470мл млеко,и тоа пред спиење по макс 60мл.Јаде 3 полни оброци,сабајле овошје околу 200гр. ручек што викаш полна чинија , а вечер житарки со 150мл млеко.
Незнам овошната ужинка и житната колку даваш количински.

Тежината не е мерило, по мене треба некоја мерка да има колку треба да изеде па некогаш праваш нешто плус ако мислам дека според саат е погладно.Последнава недела пак почна да шлапка со уста баш приквечер како да е гладно па и јас мислам да не ова му е малку user posted image

Поискусните мамички ќе ни пишат user posted image


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот babybee)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Колку е доволно?
21.5.2014 14:32:05   
Felly RR
babybee, јас мислам дека не треба да се грижиш, ако се прејадува сигурно на некој начин ќе ти покаже дека му е тешко на мешето, ќе му биде мачно, ќе кемка и сл. Штом си јаде значи тамам му е јадењето. Верувај поголема грижа е да го молиш да отвори уста. 3 оброци кашички, 3 оброци млеко и една ужинка се сосема во ред. Уживајте додека си јаде без проблем.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Колку е доволно?
21.5.2014 17:21:57   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: babybee

Девојки моето бебе уште малце ќе наполни 10 месеци и еве како јаде

Нестле кашичка еден полн тањир (томи типи) за доручек со 5 мерици ад млеко - доручек
250мл ад млеко пред прво спиење во денот
ручек полно тањирче од тоа ние што го јадеме со леб
ужинка овошна кашичка
житна кашичка вечера
заспива со 250мл ад млеко
и сабајле во 6 пие уште 250мл млеко се буди за ова млеко

Јас мислам дека за негова возраст ова е премногу, детето не е дебело нормално изгледа, но се плашам да не се прејадува. Што мислите вие?


Детето само си кажува кога му е доста.Значи ако тоа си јаде и си бара мислам дека нема зошто да му намалуваш на храна.Сосема си е ок да си јаде по три главни оброци и ужина двапати и плус трипати ад млеко.А и штом со киажата си е во ред нема зошто да се грижиш.Ете ние си бевме полнички доста на таа возраст и јас не сум му намалувала на синко никогаш со храна.После кога потпорасна си ослабе.А се согласувам целосно со Фели не е страшно кога детето си јаде и си ги зема на време сите оброци.Загрижувачки е кога одбива да јаде и мораш да трчиш постојано по него со тањирот во рака.Така да нека си ручка бебушот и нека си расте.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот babybee)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Колку е доволно?
26.5.2014 13:46:03   
babybee
Ви благодарам што ми ја разрешивте дилемата user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Колку е доволно?
1.8.2014 20:21:05   
Рингишпил
Има 7 месеци мојот бебуш. Овошна јаде од 90-110 грама, зеленчук 140-160 грама ижитна на хип 120мл вода со 4 мерелици кашичка. Според вас ова е доволно, малку, многу?

(Одговор на членот babybee)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Колку е доволно?
1.8.2014 21:51:59   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: jasmina81

ми треба совет од вас околу хранењето на синко
имаме 6 месеци и 10 дена со дохрана започнавме пред еден месец и распоредот ни изгледа вака кој незнам дали е добар или не
околу 10 часот на сабајле му давам овошна кашичка која обично дома му ја приготвувам и јаде повејке од 125 грама кога ке се ориентирам спрема купечките а ако му дадам купечка ја јадер целата и ако му придадам сеуште ке јаде,потоа околу 15 часот му давам зеленчукова и до синојка беше тоа дневно мени и плѕус доење кога сака и колку сака
е сега синојка прв пат му дадов околу 20 часот млечна каша со ориз на хип не му ја дадов целата што ја приготвив а сигурна сум дека ке ја јадеше целата
е сега ми е муабетот дали добро ми се распоредени оброците дали се многу малце незнам ум немам
до сега јадеме праска,кајсија,банана,јаболко,круша денес пробавме.ориз компир. блитва ,морков,тиквичка ,сега сакам да му воведам на сабајле овесни снегулки со овошјето дали може и што можам уште да давам


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Здраво јасмина, супер си со оброците, наутро одат овошните, можеш да почнеш да даваш и житарици со овошјето на ручек зеленчукот и местото кога ќе го воведете, и навечер мешана житна каша.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

а за количината нема правило, но ако има апетитт, сега и нема развиено некој рефлекс за да знае кога му е доста, давај умерено за да не предизвикаш контраефект па да го прејадеш. Ако напредува вака и не бара повеќе млеко од оброк, тогаш продолжи вака, постепено ќе зголемуваш како расте и како ќе бара, тоа само тој ќе ти покаже user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: jasmina81

fala ti na odgovorot
ova mi e prvo dete i celata sum vo prasalnici so,kako,kolkui sekoj sovet mi e dobredojden




_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Колку е доволно?
1.8.2014 22:12:24   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Рингишпил

Има 7 месеци мојот бебуш. Овошна јаде од 90-110 грама, зеленчук 140-160 грама ижитна на хип 120мл вода со 4 мерелици кашичка. Според вас ова е доволно, малку, многу?

Ако меѓу овие оброци имате и млечен оброк/ужина (1-2 пати), тогаш е сосем во ред.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Колку е доволно?
2.8.2014 0:14:36   
Рингишпил

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Рингишпил

Има 7 месеци мојот бебуш. Овошна јаде од 90-110 грама, зеленчук 140-160 грама ижитна на хип 120мл вода со 4 мерелици кашичка. Според вас ова е доволно, малку, многу?

Ако меѓу овие оброци имате и млечен оброк/ужина (1-2 пати), тогаш е сосем во ред.


Моја грешка што не бев детална. Имаме три пати АД по 180. Наутро, измеѓу овошниот и зеленчуковиот оброк и пред спиење. Доволно е? Да не паничам дека е гладно. :)

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Колку е доволно?
2.8.2014 21:20:44   
sandriana RR
Според наведеново, сосем доволно е Рингишпил user posted image .
Ако нешто му недостасува, ќе покаже само user posted image , а сигурно го следиш и на килажа, така да немаш место за грижи.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?