baby_bump -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (24.3.2011 13:51:44)
|
Го имавме истиот проблем, дури некогаш очињата и беа залепени кога стануваше сабајле од спиење. Само ако не е некој конјуктивит, кај мојата ќерка помина од растворена инекција кристал, како што ни препиша докторката уште кога бевме во болница со неполни 2 месеци. Исто така докторката ми објасни дека тоа се јавува кај многу деца до 6 месеци, бидејќи солзните канали сеуште се многу тесни, па често можело да се запушат, особено кога малку и носето е затнато. Забележав дека скоро секогаш запушено носе, доведува и до гурлички на очите. Инаку инекцијата ми ја правеа во болницата, растворена со физиолошки раствор и навистина се повлекуваат гурлите и солзењето за само еден ден.
|
|
|
|