Инфекција на очиња кај бебе (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Mamickaa -> Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:16:57)

Пред три дена на моето бебче(кое има скоро 2 месеца)на едното окце му се појавија гурилчиња...го измив со превриена водичка и газичка и така го отвори...другиот ден повторно ама помалку имаше и по совет од мајка ми и турив 2,3 капки од моето млекце(на цицање сме само) и ја измив со камилица чајче...дента беше добро се до синоќа касно кога се разбуди и дури двете окциња и беа затворени и полни со гурилки...а како што сум голема паничарка сакав и на дежурен да ја носам касно синоќа...ама ме убеди мм за денес...и денес ја однесов во Ј.Сандански ја побарав др.Митка(бидејќи со поголемата ќерка се лечиме кај неа)ама за жал беше втора смена...нема везе др. ни препиша тобрекс капки и пливит ц таблети од 50мг,а воедно и хлорамфеникол маст која верувале или не пола град го свртев неможев да најдам...ако некој знае каде има низ градов слободно нека ми пише ќе и бидам мн благодарна и би ве замолила ако некој имал слично искуство со ваков проблем со вашите најмили нека пише да размениме искуства...

п.с. а и да напоменам дека др. ми рече ова било само некој вирус,ништо страшно,иако барав брисеви да земеме,рече немало потреба...

Извинете на долгиот текст,се заборавив....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:19:31)

Мислам на право место ја поставив темата,ако не сум простете и слободно можете да ја преместите...




mami -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:21:32)

Мамичкаа и Лука го фати истиот вирус лани. Прво поминуваше со камилица само, но после веке не, ни даде капки за очињата (да ме утепаш не ми текнува сега како се викаа, вечер од дома ке ти ги пишам) и маст за да го мачкаме на капаците, со маста успеав само еднаш да го намачкам, не ми даваше и со капките помина за неколку дена.ако маста која ја имам дома е таа што ја бараш ке ти ја дадам, ние ја купивме од зегин инаку..ајде вечер кога ке дојдам дома ти пишувам обавезно




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:24:34)

Фала мами на одговорот,ама ако знаеш,ако ти текнува во кој зегин ја земавте во која населба,пошто нигде ја нема...мм после работа ќе провери уште некои аптеки па ќе ви пишам што сум направила..




profesorica -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:26:53)

И дамјан го имаше проблемот со зелепено оче до 4 месеци секој ден со превриена вода му го чистев и + капки тобрекс му ставав.




mami -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:28:47)

бидејки купуваме само од две зегин најчесто или е онаа на КИм, знаеш дежурната на аголот или е онаа во Бутел кај пазарчето. Бидејќи матичната ни е во амбулантата во Бутел доста веројатно е дека од таму сме ја земале. Исто значи спроти таа аптека во Бутел има уште една приватна па може и таму да провери




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:35:14)

profesorica до 4 месеци?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]а од кога му се појавија,мислам колку време отприлика траеа?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Аха ок мами,ќе му се јавам да провери и во тие аптеки,фала уште еднаш...




profesorica -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:44:49)

Па долго време со тој проблем се занимававме мислам дека 2 месеци најмалку.Тобрексот не му помогна одма, него некое време го користевме .Ваљда време требаше.Ама немора да значи дека и кај вас толку ќе трае.Ништо не е страшно уживај.




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:54:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Па долго време со тој проблем се занимававме мислам дека 2 месеци најмалку.Тобрексот не му помогна одма, него некое време го користевме .Ваљда време требаше.Ама немора да значи дека и кај вас толку ќе трае.Ништо не е страшно уживај.



Офф леле дај боже да не трае толку и кај нас,затоа сакам и маста да ја земеме за побрзо да и оздрават очињата..душичка,срце ми плаче колку се мачи да ги отвори очињата...и ставив од капките кога се вративме оддвај некако и сега ја будев да ја ранам,а и повеќе ми беше да видам дали и се залепени(јас пак одма сакам да и поминат,нормално како и секоја мајка) ама имаше по малку само...оптимист сум и мислам дека за брзо ќе и поминат...дај боже[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mami -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 15:58:42)

и покрај капките  и маста, редовно измивај и ги со чајче од камилица и памукче, за да полесно и се одлепат




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 16:10:58)

Заборавив да ви напоменам дека чајче од камилица и мајчино млеко ниеден педијатар не препорачуваат...докторката моја и кажав и ништо не ми рече,јас на своја рака ги земав тие,ама јас повторно ќе и ги измивам со чајчето и газичка,морам па потоа од капките да ставам...дали и вие имате слушнато за тоа,дека не се прпорачуваат за очиња кај бебиња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]дека ако има некоја бактерија во окото ,млекото од што е благо имало бактерии што се хранат со тоа и уште толку сме ја воспалувале бактеријата и се хранела со тоа...




mami -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 20:36:46)

јас млеко никогаш не сум му капнала во око на бебето и нема ни да капам, некако ми е без врска, а со камилица редовно му ги мијам очињата кога ке видам дека почнале први знаци на инфекција. Мамичкаа ја имам маста дома, се надевам ке прочиташ вечерва па утре некако да се најдеме да ти ја дадам




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (27.8.2009 23:36:41)

Извини,дури сега прочитав,ти пратив приватна порака[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mother 29 -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (29.8.2009 13:18:58)

nemoj da se plasis mamickaa,ke ti go kazam moeto iskustvo no nemoj da panicis moze nee isto.
jas so marko so ovoj prblem se iznamaciv.imeno postoi cipa koj samo od sebe se prbiva do 9 mesec niz koja pominuva tecnosta od okoto vniz noseto..i gurlavi ocinja ima posebno koga vremeto e vetrovito..naprvo so kamilica mu se smiruvase ,pa tobrex ,pa chlorofenikol(vnimavaj ako e otvorena rokot e 1 mesec)pa sto uste ne sme stavale...sum bilkaj site ocni vo sk.i ima edna dobra vo st.-spec.neznam sega ne mi teknuva kako se vikase.site mi kazaa edno deka do kolku ne se probie samo od sebe ,go probusuvaat so igla na ocno vo sk kaj dr.Zlatan?!koga ke go rasiris okoto sto ima na krajot do nosot edno malo dupce.e tamo busele.decata se derele.se rasprasav mnogu deca imale vakov problem.megutoa....   nie ne stignavme do tamo.vednas stom napolni 9 mesec preku nok mu prestana ...znaci mu se probi cipata(membrana).takva imaat site deca, koja kaj nekoi vednas se probiva a kaj nekoi do 9 mesec.

ete jas so Marko do krajot se macevme




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (29.8.2009 13:46:52)

Офф  леле душичко,сте се изнамачиле[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]баш ми е жал...фала богу кај нас било само обична настинка-промаја а и претпоставував дека е тоа,пошто имавме гости на повојница и мн деца вратата отвори затвори и толку му треба на мало бебче...инаку подобри сме сега со капкиве тобрекс му ставам и одма се забележува подобрување,скоро више нема гурилчиња,за некој ден ќе оздравиме скроз...поздрав mother 29[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Еца -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (29.8.2009 13:49:26)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]супер, супер, супер!Ајде утре веќе да ни пишеш дека поминало.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Mamickaa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (29.8.2009 13:53:42)

Дај боже Еленче,пак ке кажам оптимист сум ЗНАМ дека ќе помине[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (1.10.2009 9:00:42)

мамичкаа, како сте сега со очињата? се надевам нема никаков проблем повеке




penelopa -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (24.3.2011 10:35:21)

На син ми му се појави инфекција на левото око пред околу 4 дена. Докторката му препиша капки Тобрекс а пред секое ставање на капките чистење на окото со физиолошка. Читам тука дека сте употребувале чај од камилица- мене ми рекоа никако уште повеќе ќе се влоши состојбата. Подобро му е само што му солзи помалку[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




anedespo -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (24.3.2011 10:39:38)

Jas sum stavala samo kapki sto gi preporacal doktor i pominuvalo za 2 dena




Maca25 -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (24.3.2011 12:59:04)

И јас знам дека чај од камилица не треба да се става. А Тобрексот се закон! 




baby_bump -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (24.3.2011 13:51:44)

Го имавме истиот проблем, дури некогаш очињата и беа залепени кога стануваше сабајле од спиење.
Само ако не е некој конјуктивит, кај мојата ќерка помина од растворена инекција кристал, како што ни препиша докторката уште кога бевме во болница со неполни 2 месеци.
Исто така докторката ми објасни дека тоа се јавува кај многу деца до 6 месеци, бидејќи солзните канали сеуште се многу тесни, па често можело да се запушат, особено кога малку и носето е затнато. Забележав дека скоро секогаш запушено носе, доведува и до гурлички на очите.
Инаку инекцијата ми ја правеа во болницата, растворена со физиолошки раствор и навистина се повлекуваат гурлите и солзењето за само еден ден.




Viktori -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (24.3.2011 14:00:56)

чај од камилица не е лек и нормално дека може да се влоши инфекцијата.
Инаку мене ми помагаше а и на децата чај од камилица на пролет или лето кога ми солзеа очите од полен, солена вода на море....




Snowhite RR -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (24.3.2011 18:01:50)

Ако солзат само мислам дека може со чај од камилица, ама ако има гурелчина никако, мене докторката ми рече да земам капки Оку флеш, на приватно се тие и мислам дека се природни, имаше ефект само со едно капнување му поминуваа гурелките. Се разбира ако има инфекција или бактерија треба да прима и други капки кои ќе ви ги препишат, тобрекс или било што ќе ви кажат. Овие оку флеш се наместо да ги чистите со камилица




sandravlae -> RE: Инфекција на очиња кај бебе (25.3.2011 15:27:49)

Na Marko isto mu se pojavija gurelcinja crveno okoto i solzi i bevme na ocen lekar kaza deka e infekcija ni dade citeral kapki i mast za vo oko chlorafenikol provereno pomaga[sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>