blue_blue -> RE: Гинеколози - препораки (7.9.2010 14:46:30)
|
Д-р Станкова мене ми ги правеше сите пренатални скринизи и мислам дека е супер специјалист и дека има искуство и дека е стручна. Ми правеше и амниоцинтеза (бидјеќи беше близначка бременост со два различни плода мораше да се зема два пати полдова вода) и се тоа супер стручно го изведе. Барем кај мене ништо не утнала. При последниот преглед ми кажа дека едното од децата има некои проширувања на цевчињата на бубрезите ама дека тоа не е ништо страшно, дека најчесто само се решава со равивање на плодот, дека детето нормално си мочка, односно дека бубрезите работат како што треба. Е сега, како човек ич не ме бендиса. Беше премногу груба, да не речам неотесана. Во 7 недела имав крварење, еотен слабо, ама се извадив од памет. Беше недела и мојот доктор не беше на работа, она се погоди дежурна. Влегов, и кажувам што се случило (на мојот картон пишува дека е близначка бременост од IVF) и она ми вика - И што сакаш јас сега да ти правам? Едно крварење, големи тикви...Јас и викам дека сакам да ме прегледа и да ми каже дали е се ОК, зошто докторот ми имаше кажано дека не е сигурен дека едниот плод ќе се задржи, да очекувам дека е можно да го изгубам. Она мртва ладна - епа што па ќе видам јас ако те прегледам?!?!?! Кога ми правеше амнио имав закажано во даден термин во кој и она и мојот доктор се слободни за да биде он таму дур се прави тоа - стриктно сакав тој да биде таму иако он нема да ја прави амниоцинтезата. Влегувам внатре, него го нема, она почнува да ми крева паника - па како сега она ќе земала плодова вода, па биле два плода, па како нејзе никој не и кажал, па како она ќе го направела тоа...Јас толку се извадив од памет, почнав да плачам, и викам кај е мојот доктор - она вика - ако сакаш викни си го, мене он не ми треба и ај смири се тука не ми плачи не можам вака да работам..... Не знам дали мене вака ми се потрефило, ама од милион доктори што имам измерено она (и Лазаревски) се едини од кај кои сум си отишла со плачење оти биле толку нетактични и нечувствителни. А и за двајцата мислам дека се стручни ептен. ИЗВОРНА ПОРАКА: katusce Zdravo na site u jas sum nova na forumov, bremena sum 12 nedela i sega ke treba da pravam nekoj test, treba da mi go pravi D-r Katerina Stankova pa bi sakala vase mislenje za nea, Pozdrav do site mamicki
|
|
|
|