Hopeful RR -> RE: Гиниколози - препораки (16.1.2016 2:36:17)
|
Драга nena_lonley, изненадена сум како комуницира твојата матична, воопшто не е човечки, а ни професионално да се каже такво нешто на таков начин, посебно пак само врз основа на ехо. Бидејќи сакаш да ја смениш, ти ја препорачувам мојата матична - др Снежана Миленкова, работи во ординацијата на др Васо Коруновски, познато како бивша МВР амбуланта (кај Дос, во центар е). Ако имаш време можеш да читнеш наназад во темава, имаме доста пишувано, меѓу другите и јас со моите неубави искуства со претходната матична, која ја сменив со др Миленкова и сум презадоволна. Професионална, стручна, позитивна, реална, коректна, навистина срце од доктор. Инаку во мојот пат до забременувањето ми помогна др Митко Ивановски од Систина, и додека бев бремена заеднички ме водеа.
|
|
|
|