Gwendolin -> RE: Гиниколози - препораки (27.6.2012 13:32:14)
|
Воопшто не сакам да критикувам некој, зашто секој однос пациент-доктор си е индивидуален. Но сепак, пред година и пол, матична ми беше Лолита Грковска (тогаш работеше во Неуромедика) кај која првиот пат кога отидов, само ПАП ми направи, после отидов уште еднаш зашто ПАП-от не бил успешен , па ајде и ехо едно, кај што ми рече имаш полицистични јајници (знам и го кажав само што влегов). Кога ја прашав дали е тоа причината што ми доцни 2 месеци, да не сум бремена, таа само ме погледна и ми вика е како да не [sm=zmeden.gif]. Толку беше од разговорот, ја прашував зошто имам ужасни менструални болки ми викаше само не знам, уствари не ми ни одговараше, само си ги креваше рамениците..не се сеќавам за што друго. После неколку недели добив смс со содржина -имате ЦИН 1, контрола по 6 месеци . ААААА збеснав, не сум доктор, не знам терапија сама, ја барав 2 дена на тел и одкако конечно ми дигна, ја прашав што да правам со информацијата, длаи треба пак да ме види, дали треба терапија, таа ми одговори (буквално вака)па витамини ќе земаш, како што? И толку, ми исклучи, после неколку пати ѕвонење успеав да ја прашам, а нели колпоскопија мора да ми направи, па како инаку таа ми го видела грлото на матката, ми рече нема потреба и пак ми исклучи. Уф, се изнапишав, ама пак се нервирам кога ќе се сетам на тоа. Не знам каква била према другите пациенти, нормално не отидов воопшто веќе кај неа. Не знам, да не грешам душа што се вика, можеби сега е подобра, можеби знае и колпоскопија да прави, па ваљда покрај искусни лекари се истренирала веќе. Не знам, можеби е сега ок, но јас никогаш не би отишла кај неа. Ова нели е само едно индивидуално искуство (макар да знам и други незадоволни од кај неа), ама сепак се чувствував должна да го напишам во смисла, ако мислите дека не ве прегледува доволно стручно, ако чувствувате дека не ја бива, одберете друга.
|
|
|
|