Рингишпил -> RE: Гинеколози - препораки (24.5.2013 22:43:13)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010 Potpolno te sfakjam Ringispil,jas kaj sto idam kaj mojava,Zaklina Cocorovska,spored mene e dobar ginekolog a se gleda i po prenatrupanosta od pacienti,zenata ednostavno edvaj postignuva,jas licno sum zadovolna,no ete se sluci vo 8 mesec bremenost da i se vidi senka kaj usteto i na los nacin da me izvesti deka bebevo mi ima zajacka usta...mislam deka vo toj moment ke umrev,pa trci vo drzavna pa vo sistina za na kraj da izkoci deka nema veze...nacinot na koj mi go isprezentira toa za mene bese sok,ama ete so godini idam kaj nea i mi e mnogu ok... Знам Михаела, јас пола од животот сум по болници, ако земам за сите болести и доктори да пишувам, мислам дека брзо ќе ме исклучите од форумот. :))) Само, не сум многу млада, прва бременост долго посакувана, отидов само да ми ја потврди бременоста, добив шокатна вест и ужасен однос. Еве да не излезе дека само нафрлам работи, ќе напишам: Направив тест, на среќата и немаше крај кога ги видов двете црти. Се јавив одма кај нејзе само за да ми ја потврдат бременоста. Јас одам кај Ефремов во Ремедика веќе 3 години, може и повеќе ама тој останувал на одмор и дури на 10 јуни ќе се врател. Па си викав ја фалела докторкава, не ми е далеку, може и она да ми ја води бременоста, зошто да не ... Отидов прописно, пополнив формулар, влегов кај докторката ме праша се. Легнав за вагинално ехо и горе на екранот нели има и јас да гледам. Видов некое кругче и нешто помалечко до него, јас искрено од возбуда не бев ни свесна што гледам, плус не догледувам многу. [sm=smiley36.gif] Ама она молчеше и јас нормално прашав дали сум бремена, што се случува што се тие двете точки. "Па види, или се две бебиња или едно бебе и крварење." Јас ем се радував ем не знаев како да реагирам. "Ама не сум сигурна дали имаме бебе. Види ти си бремена, тоа се гледа ама или е рана бременост, ете околу 6 недели или плодот не се развил. Облечи се и дојди ќе ти кажам." Среќа што бев во фустан, не знам како инаку ќе успеев да се облечам. Седнав и ми вика: ако плодот не се развива добро, јас можам нешто да направам ама ако ти си останала бремена и не се развил плодот, јас не можам да ти го воскреснам!!! И не раскажувај на цело Скопје дека си бремена, зошто не знаеме дали постои бебе!!!! Јас само седев и знам дека тотално се изгубив, од веста и односот. Имаш начин ако сакаш две опции: преку крв во два дена да испитуваме дали бебето се развива или да дојдеш за 10 дена и да видеме дали постои нешто или ..... И реков дека ќе си одам, па ќе дојдам пак другата недела. За толку имав сила. Другата работа, покрај сите останати болести имам и хипотироидеа, пијам Еутирокс и тоа и го кажав уште кога влегов, што се од терапија примам. Пред да си заминам, ми рече да си пијам апчиња за трудници и ми даде примерок со 10 гратис апчиња, после тие да сум ги купувала. Во апчињата има 150 мг. јод! Тоа можеше експресно фатално да биде за бебето кое сепак постои! Зошто се јавив одма во Ремедика, не можев да најдам начин да се смирам и да чекам. Го викнаа Ефремов и дојде. Ме прегледа и рече дека има бебе кое е супер за во 6-та недела, се е нормално. Како само за неколку саати јас имав бебе, а претходно имаше плод кој не се развил. Мислам дека животот ми се скрати за многу години и сега од стресот ќе си ги трпам доправа последиците. Се извинувам на подолгата порака, ова е само мое искуство, не е никаква потврда дека она е лош доктор. Ама утна многу, плус односот и беше бетер од некој што работи на тезга.
|
|
|
|