blond -> RE: Гинеколози - препораки (24.10.2014 11:00:26)
|
Бев во Медика кја Сузана (Струмица). Овак ана прв поглед е многу пријатна и весела личност. Ама како доктор некако не ми се покажа нај нај. Со првата бременост ми вели оди си дома, за две недели дојди, рано е уште за срцева акција, може ќе има може ќе нема бебе (wtf, така ли се кажува бе). Ајде поминав преку тоа. Бременоста секако не ја водев кај неа, туку онака ради ред одев. Втора бременост, без проблем ми даде боледување кое ми беше потребно. Една недела по потврдена срцева акција, имав исцедок и отидов и и кажав, она без да ме прегледа ми даде канестен вагиналети. Да ме прегледаше тогаш вагинално и на ехо ќе видеше дека бебето престанало да се развива... Кога по две недели пак отидов на редовна контрола во 12та недела, ми вика немам убава вест, бебето престанало да се развива во 8ма, еве види (и ми заврте мониторот да видам како бебето беспомошно лежи)... Ми даде веднаш упат за гинекологија, нит да ми рече чекај седни малце, соземи се психички...јооок. Трета бременост одам и ми вели има точка, ама за еден месец ќе дојдеш за бебе да видеме дали ќе има. (јас бев тогаш 6та недела). Отидов во ремедика по една недела и потврдија сцрева акција. Кај неа пак заминав за боледување да се договориме, она ненајавено заминала на семинар, а претходно една недела пак не беше на работа. И ова ми беше капак, не можев боледување да си средам, заминав кај нејзината замена и него си го земав за матичен. Сузана никогаш не ми даде мајчина книшка. Нејзината замена т.е сегашниот мој матичен Трајчо Иванов одма ми напиша мајчина книшка, психички ме смири за стравот што го имам, по друг однос има од неа. Јесте да е малце овој ладнокрвен (мажи бе) ама добро си ја работи работата.
|
|
|
|