blond -> RE: Дали постите? (11.3.2013 15:45:49)
|
Планирам да пробам да постам до Велигден. Постите почнуваат од Недела. Баш правев муабет преска со таткото на свекрва ми. Стар човек е, но постојано е со Библијата во рацете. Го прашував во врска со постите. И ми рече:тоа е сето од народот измислено. Ние православните и католиците сме многу избегани од содржината на светото писмо, додека саботјаните се оние што најмногу се придржуваат до него.Конкретно за постот го прашав, нели демек оваа недела не се јадело само месо, а друго можело да се јаде што е од животинско потекло, па дека два дена во неделата само на вода се живее и сл. Само добив одговор ако сакам да си се причестам, да си ја т.н исчистам душата, да не се замарам многу со тие работи, да уживам во постот во кој јас како го замислувам така да го правам (дали со секс или без било мое право). Како и да е, да не скршнувам многу од темата, од недела си почнувам да си постам, а постот ќе го терам така што нема да внесувам производи што имаат животинско потекло, но во кревет нема да постам. Има уште некоја расположена да ме дружи?
|
|
|
|